Ја гледав вчера и што да кажам, подобро да не пуштев.
Клубот е преполн со преплатени и просечни играчи кои или немаат амбиција за нешто поголемо или немаат способност. Ова е главниот проблем на Јунајтед последниве 10 години.
Кога ќе преплатиш ликови како Рашфорд, Марсијал, Санчо, порано Погба, Ди Марија, Санчез, итн автоматски им даваш преголема моќ и тешко е да ги дисциплинираш па се руши кохезија во тимот. Си му дал 5 годишен договор на 300к неделно и не можеш да го продадеш, а да го казниш да не игра ти цица голем дел од буџетот па не можеш да донесеш солидна замена и се крстиш во младинци. И полесно е да го избркаш тренерот кога ќе се побунат овие него ли да се отарасиш од нив.
Од друга страна пак имаш потрошени ѕвезди како Касемиро, Варан, Ибра, Роналдо, Фалкао кои лапаат големи плати но барем се трудат и најчесто се најдобрите играчи на тимот, само што така титули не се земаат.
Играчи што во други клубови би биле на 100-150к плата во Јунајтед се на 300-350к и тука е главниот проблем.
Просечно-добар играч како Рашфорд го оптеретува буџетот на Јунајтед како Халанд на Сити, а резултатски не е ни 30% од него.
И сега бидејќи играчи што треба да се на 100-150к земаат над 300 илјади, играчи што би биле трета резерва во сериозен клуб и на 50к плата земаат по 100-150к и играат прв тим.
Ѕвездите во Јунајтед се просечно-добри, а "просечните" играчи се средно жалосни.
Наместо примадони како Рашфорд и Санчо да лапаат по 750к неделно, подели ги тие средства на 6 играчи по 120к што ќе сакаат да се докажуваат и оди играј фудбал.
Ако не си гејм чејнџер како Халанд, Де Брујне, Мбапе, Кејн, Модрич, Салах, Ван Дајк, Белингем, кој ѓаол си ти да земаш 350-400к неделно?