Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Глуп Хаг најголем кривец за денеска, никој друг! Натпревар кој не смееше да се кикса, посебно не вака со полна мрежа небаре со Сити играме. После Ливерпул следи отказ, скоро сигурна работа.
Мислите дека ќе стигнеме некаде вака ако менуваме менаџери како чорапи? Кој е следен да го наследи? Шон Дајс? Нил Ворнок?
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.362
Поени од реакции
9.554
Мислите дека ќе стигнеме некаде вака ако менуваме менаџери како чорапи? Кој е следен да го наследи? Шон Дајс? Нил Ворнок?
Рој Хочсон кд е бал нека е маскембал, и онака ќе му е упланови на Џим он сакал даго врати Британското у Манчестер.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
472
Поени од реакции
666
По победа на Челси следува пораз од Борнмут,што да се каже полошо неможе, братот не може да игра со 4 плејмејкери и да не изигра ништо мислам не му требаше Марсијал нека го игра Мектоминеј шпиц и нека стави играч што ќе игра на средината, па ние сме имале светска класа олраундер во ликот и делото на Мектоминеј,како што гледам за одбрана не си го бива,да креира не го бива ама има доста голови дадено, зошто Маино не го игра? Варан,Бисака? Јас Далот не го ценам воопшто не беше лош последните два натпреври толку ама не е долгорочно решение. Немав желба до крај да ја гледам утакмицата, судијата е прича сама за себе, скоро секогаш после победа против јак клуб или недај боже ни дадат пенал се случуваат вакви порази а се случувале и повреди до тој степен тепање дозволувале против нас и црвени картони, вредно е да се праша зошто на Хојлунд жолт,зошто офсајд на Гарначо во една ситуација и зошто на Борнмут офсајд во еден напад кај шо Регулон заспа позади, ние немаме човек да го спомне тоа не па да се направи притисок врз таа судиска федерација.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.881
Поени од реакции
6.942
Мислите дека ќе стигнеме некаде вака ако менуваме менаџери како чорапи? Кој е следен да го наследи? Шон Дајс? Нил Ворнок?
Не можи до недоглед да се тера инает до крај на свет. И да се има двојни аршини околу дисциплината. Ќе правиме пример од Санчо, а Рашфорд и Марсијал буквално се шетаат по терен и никому ништо. Ќе дознаеме ли некогаш што е толку проблемот со Варан?! На клупа ти седи трет- четврт натпревар по ред така искусен стопер, тој упорно го игра Шо централен, па мора поради тоа Регилон да игра бек. А Далот не дај боже да седни на клупа, ко небаре син му е. По кој основ Марсијал беше стартер денеска? Во натпревар каде мораш да постигнеш прв гол и да ја имаш контролата, а го знаеш која флегма е. Е па поради тврдоглавоста на менаџерот, екипата доживеа дебакл денеска каков што не смееше да се дозволи. Несреќно реми на пример, ќе се препишеше на замор, на "чување" за со Баерн, итн.. ама ти да дозволиш 0-3 од Борнмут, нешто дебело треба да заебеш.
Порази од Баерн и Ливерпул мислам дека ќе му пресудат, го сакаме ние тоа или не.
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2023
Мислења
472
Поени од реакции
666
Иначе капитенот, капитенски, ќе биде суспендиран за утакмицата со Ливерпул, поради жут картон на 60 метри од гол у 85 минута. Коњ.
Зошто сме распад система, затоа прави жолт да не игра, за тоа што не верува на соиграчите и не верува во тренерот јас да се прашувам мислењето е дека Фернандез е голем работник но тој не се совпаѓа во светска класа клубови ако можеме да се наречеме такви ама целите гледам јавно ги кажуваат како такви. Бруно нема да освои лига со Јунајтед освен ако не се случат драстични промени од типот на некоја нова енергија психички стабилни нови фудбалери и сл.
Не е тој само туку и Рашфорд или трашФорд , ама они се носители затоа што коштаат и што два тренери решија да им бидат главни играчи, генерално гледано тие тоа не го зслужуваат и двајцата не се краен продукт се мисли на светска класа со сите предиспозиции, и мислам дека и за двајцата е касно нешто да сменат, теле се учи вол не, имено Рашфорд има такви успони и падови што е права среќа што е жив кога падне од толкава висина на оваа мизерија, а Бруно е јак против слаби тимови во дербиња и ЛШ го нема никаде тоа се големи недостатоци за играчи кои треба да се носители, Шо можеби ќе беше подобар капитен као веќе се менуваше.
Што се однесува до отказ мислам дека нема да се случи од проста причина што едно треба 20милиони одштета на Хаг да му дадат пари кои што ги немаат друго никој не би земал клуб во средина на сезона трето е тоа што мислам дека ни еден фан не би сакал Флечер да биде замената на Тен Хаг
Автоматски споено мислење:

Уште едно мислење и застанувам, во моментот сме толку неатрактивен клуб што и Емери да го бараат би не одбил, и што се случува со продажбата на клубот нели Ратклиф ќе земал 25посто што се случува, сакаат да исценкаат уште некое миљонче од Катарците изгледа кусо им доаѓа.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.565
Поени од реакции
66.227
Што кур му беше на Бруно со пасот...
Пасот и не беше до толку ризичен. Проблем е што МекТоминеј не се ни обиде да влезе во дуел, додека Амрабат да му светне дека тој треба да го покрие затрчаниот играч, веќе му отвори простор за пас.

Бруно повеќе грешни од точни подавања. Мегваер повеќе учествува во креирањето на играта него Мектоминеј, не знам како е можно и кај се позиционира братот и зошто е воопшто прва постава. Има штопер и не мораше Шо да игра тоа.
Оваа 3-ка во средина, Скот-Амрабат-Бруно, никогаш нема да профункционира. МекТоминеј не знае обичен дупли пас да проигра. Дечкото е криминален кога треба пас на 5 метри да даде. Имаше едно добри 20-тина минути каде со секој промашен пас, им отвараше контра на Бормут. Не постои DM во светот кој може успешно сам да игра пред одбрана кога ваква контра е во прашање. Кога не придонесува со голови, епилогот е овој. Ќорава шанса не можеш да креираш. Дечкото е зрел за во Ренџерс или Селтик. Се надевам дека Касемиро ке се врати наскоро, па нека проба со него, Амрабат и Бруно.

Бруно пак ич не може да процени кога треба да игра прост пас, а кога да убрза темпо. 30 години начука, и уште не може да се отараси од ситните глупости што ги прави со години наназад.

Тренерот е посебна приказна. Го проба Шо против Њукасл на ЦБ, и мислев дека ја разбрал грешката. Денес, пак истото. Па само луд или инаетлив човек би го правел ова. Очигледно дека левата страна премногу губи со Шо на централен. Играј го Еванс, Варан, Линделоф таму, Шо на лев бек. На Гарначо му треба некој да му прави оверлап, зашто Регилон сам да го пуштиш, не може да даде добар центаршут. Од друга страна, Таверние од Бормут 2 пати го оставија да центрира, еднаш намести гол на Билинг. Овој нашиот едно 7-8 пати проба неуспешно, гледам и @ManUtdChampions го приметил ова.

Премногу патници во тимот. Марсијал, МекТоминеј, Ентони, Рашфорд. Со вакви лимитирани играчи, вакви и резултати ке имаш. Гарначо единствена светла точка.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Пасот и не беше до толку ризичен. Проблем е што МекТоминеј не се ни обиде да влезе во дуел, додека Амрабат да му светне дека тој треба да го покрие затрчаниот играч, веќе му отвори простор за пас.
Не ги бранам овие, ама го имаше Регуилон по линија, а овој имаше цел стадион слободен пред него, ќе имаа многу лесна транзиција и без ризик.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Премногу патници во тимот. Марсијал, МекТоминеј, Ентони, Рашфорд. Со вакви лимитирани играчи, вакви и резултати ке имаш. Гарначо единствена светла точка.
И најјакото е што речиси сите се прво тимци, или биле. Настрана головите од Мектоминеј, можи и повеќе од година братот нема салам утакмица како играч од средина изиграно.

Марсијал е за со Санчо заедно да си седат, луѓе в сала играат со повеќе желба и залагање од него и Рашфорд.

Не би го бркал тренерот сега пошто ќе пркни некој од овие една сезона под друг и пак нов циклус на куроболие.

Од Ван Гал наваму бркаме џубре а после секој тренер се повеќе и повеќе џубре се натрупува. Нека земат некој одговорен за фудбал па после нов тренер ако треба.

Јас немам многу надеж дека ќе се оправат овие во блиска иднина.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.434
Поени од реакции
11.352
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Ја гледав вчера и што да кажам, подобро да не пуштев.

Клубот е преполн со преплатени и просечни играчи кои или немаат амбиција за нешто поголемо или немаат способност. Ова е главниот проблем на Јунајтед последниве 10 години.

Кога ќе преплатиш ликови како Рашфорд, Марсијал, Санчо, порано Погба, Ди Марија, Санчез, итн автоматски им даваш преголема моќ и тешко е да ги дисциплинираш па се руши кохезија во тимот. Си му дал 5 годишен договор на 300к неделно и не можеш да го продадеш, а да го казниш да не игра ти цица голем дел од буџетот па не можеш да донесеш солидна замена и се крстиш во младинци. И полесно е да го избркаш тренерот кога ќе се побунат овие него ли да се отарасиш од нив.

Од друга страна пак имаш потрошени ѕвезди како Касемиро, Варан, Ибра, Роналдо, Фалкао кои лапаат големи плати но барем се трудат и најчесто се најдобрите играчи на тимот, само што така титули не се земаат.

Играчи што во други клубови би биле на 100-150к плата во Јунајтед се на 300-350к и тука е главниот проблем.
Просечно-добар играч како Рашфорд го оптеретува буџетот на Јунајтед како Халанд на Сити, а резултатски не е ни 30% од него.

И сега бидејќи играчи што треба да се на 100-150к земаат над 300 илјади, играчи што би биле трета резерва во сериозен клуб и на 50к плата земаат по 100-150к и играат прв тим.
Ѕвездите во Јунајтед се просечно-добри, а "просечните" играчи се средно жалосни.

Наместо примадони како Рашфорд и Санчо да лапаат по 750к неделно, подели ги тие средства на 6 играчи по 120к што ќе сакаат да се докажуваат и оди играј фудбал.

Ако не си гејм чејнџер како Халанд, Де Брујне, Мбапе, Кејн, Модрич, Салах, Ван Дајк, Белингем, кој ѓаол си ти да земаш 350-400к неделно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom