Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
26 јануари 2020
Мислења
991
Поени од реакции
1.296
Значи горе доле 5-6 тренери сменети, сите тие криви, а овие лејкиве што одвај имаат IQ колку моменталнава температура во Охрид, не е важно, битно тренерите се криви. Дај не дупете, катастрофа е менаџирање и професионализам и на фудбалери и на тие во штабо да им го изнапикам куро во газо. hahah
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.771

Па горе доле криви се и тренерите
Немаат играчи за нивната филозофија ама ги стега инат и идат со иста тактика иако не функционира, прилагодување ни случајно епа затоа го јадат
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.939
Поени од реакции
116.438
Фали писмен спортски директор, да каже, ова е начинот на кој ке играме фудбал. На ваков фудбал би одговарале тренери како, А, Б и Ц. Тогаш таргетираш играчи кои би одговарале на овој систем.
This. Ќе го земам Интер како пример, откако напушти Конте пред 3 години многу фанови беа бесни и нервозни, особено пошо си отидоа и Лукаку и Хакими, а и Ериксен ради срцевиот удар. Марота кој е писмен спортски директор и тоа еден од пописмените, реши да го донесе Инзаги кој до тогаш во Лацио играше со истиот систем како Конте и немаше да треба тимот да се менува скроз, да се менува филозофијата и слично. Варијанти беа и Алегри и уште некои други во тој момент подобри тренери од Инзаги ама Марота се реши на тој потег и сега гледаме дека тоа се исплатеше. Иако со ограничени ресурси и доста турбуленции сепак Интер моментално личи на топ склопена екипа без премногу фрлени пари, само затоа што спортскиот директор си ја знае работата и носи играчи кои одговараат на системот на тренерот. Ете 2 цели сезони поминаа и уште на почетокот на оваа се гледа дека легнаа некои играчи на системот на Инзаги и перфектно се вклопија во истиот, муабетот ми е дека треба трпение и знаење, а не импулсивно носење и бркање тренери и играчи.

Ве гледам пола го бркате Тен Хаг, и што? Не викам дека е Гвардиола, ама веќе кога си го донел остави го и сезонава, дај му шанса да го оствари тоа што го замислил. За титула секако нема шанса се уште, далеку се Сити, Ливерпул и Арсенал моментално од Јунајтед, колку и да звучи тоа тешко да се свари ко фан на Јунајтед. Мене вака лаички ми изгледа дека во Јунајтед не е проблем тренерот туку дека внатре има некој проблем и тој проблем се шири како канцер врз целиот тим.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Моја желба по моментално катастрофалните изданија, избркај ги сите т. н. ѕвезди и играј со младинците. Секако повеќе жар ќе покажат.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.771
This. Ќе го земам Интер како пример, откако напушти Конте пред 3 години многу фанови беа бесни и нервозни, особено пошо си отидоа и Лукаку и Хакими, а и Ериксен ради срцевиот удар. Марота кој е писмен спортски директор и тоа еден од пописмените, реши да го донесе Инзаги кој до тогаш во Лацио играше со истиот систем како Конте и немаше да треба тимот да се менува скроз, да се менува филозофијата и слично. Варијанти беа и Алегри и уште некои други во тој момент подобри тренери од Инзаги ама Марота се реши на тој потег и сега гледаме дека тоа се исплатеше. Иако со ограничени ресурси и доста турбуленции сепак Интер моментално личи на топ склопена екипа без премногу фрлени пари, само затоа што спортскиот директор си ја знае работата и носи играчи кои одговараат на системот на тренерот. Ете 2 цели сезони поминаа и уште на почетокот на оваа се гледа дека легнаа некои играчи на системот на Инзаги и перфектно се вклопија во истиот, муабетот ми е дека треба трпение и знаење, а не импулсивно носење и бркање тренери и играчи.

Ве гледам пола го бркате Тен Хаг, и што? Не викам дека е Гвардиола, ама веќе кога си го донел остави го и сезонава, дај му шанса да го оствари тоа што го замислил. За титула секако нема шанса се уште, далеку се Сити, Ливерпул и Арсенал моментално од Јунајтед, колку и да звучи тоа тешко да се свари ко фан на Јунајтед. Мене вака лаички ми изгледа дека во Јунајтед не е проблем тренерот туку дека внатре има некој проблем и тој проблем се шири како канцер врз целиот тим.
Ке летне ТХ зашто мора врз некој да легне товарот сигурно нема вампирите од управа да кажат до нас е ние ке се тргнеме
 
Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Исто да додадам фитнес тренерите треба да излетаат пред било кој, исто и трењерите за прекини.
Не знам како не ги фаќа срам со прекините, особено со корнерите. Па и жениве што не пратат фудбал научија дека се апсолутно безопасни при корнер.
Комотно пола од противничкиве играчи можат да се освежуваат покрај аут линија и пак цреповиве гол нема да дадат. Тежок резил е тоа и трае со години.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.684
Поени од реакции
88.641
Ве гледам пола го бркате Тен Хаг, и што? Не викам дека е Гвардиола, ама веќе кога си го донел остави го и сезонава, дај му шанса да го оствари тоа што го замислил.
Финтата е што се бара инстант успех од секој што ќе дојде во клубот (општо зборам), посебно ова важи за англиските екипи кај што се фрлаат брдо пари. Затоа денес имаме едни Јунајтед и Челзи кои делуваат непрепознатливо, како изгубени во времето и просторот, без компас. И Гвардиола првата сезона во Сити ја заврши без трофеј, ама арапите беа доволно паметни да му дадат време и да го склопи он тимот по негова мерка за да може да дава резултати.
Добар пример даде со Интер, ќе го спомнам јас и Алегри кој имаше две потпросечни сезони во Јувентус, ама ете не го избркаа и му дадоа шанса да го води клубот и оваа сезона, која ја почна мошне одлично.

Канцер играчи има во секој клуб, ама очигледно е дека Јунајтед не знае да се справи со нив, јавно кукање по социјални мрежи, карање со тренери, и давање интервјуа за Пиерс Моргановци доволно говори дека е ептен отидено се во Јунајтед.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.786
Поени од реакции
5.562
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.958
Поени од реакции
41.213
Фудбалот се смени после 2010-11 година, а Јунајтед и 13 години подоцна одбива да го прифати ова и да фати приклучок кон остатокот од фудбалскиот свет. Затоа и се почесто ќе искачаат вакви приказни како Брајтон, кои знаат кој систем моментално функционира најдобро, и кон кој систем најмногу се склони новите фудбалери, т.е децата што искачаат од школите ширум светот кон што се стремат. Тоа е чист, брз фудбал со многу пасови и комбинации. Никој повеќе не сака да игра италијанско катанаџо, или да земе да крши нозе на средина на терен. Јас сум гледал и сум пораснал со фудбалот од "минатиот" век, со играчи кои никогаш не би глумеле ситни фаули, секогаш влагале во дуели машки, гинеле за секоја топка, ама колку и да не ми се свиѓа овој нов тип на фудбал, сепак натаму иде играта и тоа е тоа. Или приспособи се и ти или не гледај.

Плус на ова додади го американското водење на клубов, нешто што го гледаме сега во Челзи, само што таму е на стероиди, и доаѓаш до ситуација да имаш клуб како Јунајтед со милијарди евра потрошени на играчи кои немаат врска еден со друг, кои се наменети за сосема различни ситеми и стилови на игра, а никаде не е мрднат повеќе од една деценија. Ако во Америка успева тоа носење на звучни имиња кои што се кон крајот на кариерата, во Европа не успева. Доказ се екипи како Брајтон, Лестер, Сити.

Еве сега има тренер што сака да го игра истото што го играат Брајтон и Сити, и пак не е доволно да се има таков тренер, туку целокупната организација во клубот да е насочена натаму, од младински категории, до скаути, тренери, управа и најбитно спортски директор, нешто што Јунајтед го нема, све да цели кон одреден систем. Тогаш и при повреда на одреден играч, или при негово заминување ќе имаш опции од младинци, или од скаут тимот да го замениш со таков сличен профил на играч кој веднаш ќе се вклопи.

Јунајтед нема ништо од ова, освен тренер и пар играчи кои можат да го играат тоа што го замислил Тен Хаг.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.963
Поени од реакции
67.740
Трчање како да водат 4-0. Кој сака нека дојде како тренер, ако првото и основното нешто не го правиш во фудбалот, да трчаш, нема никогаш да победиш.

Исто да додадам фитнес тренерите треба да излетаат пред било кој, исто и трењерите за прекини.
Па се обидел и тоа да го реши Тен Хаг, арно ама. На моменти, жал ме фаќа за човекот. Уште метла да му дадат, да почне да мете по ходниците.

Kajgana Shop

На врв Bottom