Летово имаше проблем со дисциплина дур беа на турата низ Австралија, па Тен Хаг не го играше воопшто. Ако остане прибран, му претстои убава иднина, страшно директен играч. Ке ојача и физички, се гледа дека му снемува снага за да може квалитетно да ги финишира акциите. Наидов на еден добар коментар за Гарначо, а тоа дека Гарначо ке биде се што требаше да биде Санчо за таа позиција.
Рашфорд сезонава игра со некоја желба за докажување, и еден од подобрите. Знае да забушава со трчањето кога ке го стават да игра десно крило, ама не би можело да му се најде замерка околу залагањето. Е сега што знае да сјебе апла зицери...
Ме загрижува работата со Дало малку, таман почна да игра нешто, а договорот му истекува на лето, а моментално сите преговори околу нови договори се замрзнати. Фали кај што немаме десен бек за ротација, и он да си иде на фри.