Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Лоша партија во лош момент, кога кикснаа Челзи и Тотенхем. де Бек да не го гледам после Јануари. Шут карта под итно! Клупата ни е на ниво на Чемпионшип екипа. Прееска гледам Тотенхем, влезе Кулушевски после 2 месеци отсуство поради повреда, прв контакт со топка, на тацна му мести гол на Кејн. Навистина Тотенхем изгуби, ама изиграа одлична утакмица и со киксот на Даер сами се закопаа. За разлика од нив, ние губиме од очајната сезонава Вила, ко божем со Реал Мадрид играме и примаме 3 гола како од шала, а камбек нема никаков. Никаква иницијатива и шанси што би не доближиле до барем нерешено.
Какви шанси да има и некни со Сосиедат и денес, кога е Роналдо на терен цела утакмица што прават е безврска центрирање во шеснаесетник од кое нема никаква корист, не ја ни допира топката некој.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.782
Поени од реакции
44.021
Неколку пати е пишано на темава, ама кога веќе правиме муабет за напаѓачи, носење на Кејн е тоа што му фали на тимов.

Таков голгетер не сме имале од ван Перси,. Со Бруно мислам дека може да формираат одлично партнерство, плус со Ериксен имаат играно добри години заедно.

Не знам кои му се целите во кариерата, ама ако не планира да оди во Баерн или Реал, (силен) Јунајтед е сосема разумна опција за него од ПЛ...па можеби и единствена. Треба само да продолжиме да одиме напред сезонава и да покажеме поголеми амбиции од Тотенхем. Мислам дека би ни легнал баш како Халанд на Сити.

Нормално, средина замени и бековсккте позиции исто остануваат проблематични.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.899
Поени од реакции
67.551
Знаев дека ја ебавме утакмицата штом го примивме вториот гол. Ние со судни маки даваме еден гол, а не пак 3 за нерешено/победа. Се гледа дека премногу измени го нарушуваат целиот концепт на игра, но тоа и понатака не го оправдува циркусот што се случи денес во одбрана. Комични 3 гола, по што е многу тешко да се вратиш во игра кога екипа ке ти се брани со 10 играчи позади.

Се надевам дека штом ке си замине Роналдо, дека ке се донесе 9-ка што ке има далеку подобар учинок од него. И во поглед на голови, пресинг, link up play. Ван Де Бек да се продаде уште во Јануари и да се земе играч од навала на негово место. И онака нема да фали во средина, човекот ништо не игра, а напред мака мачиме со голови давање.

Мораше измени денес да направи далеку порано. Роналдо беше зрел да излезе, и мислам дека Тен Хаг не сака да ризикува пак сцени со Роналдо. Штета е што пак си губиме бодови против условно речено послаби екипи.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.765
Поени од реакции
9.552
Го приметив баш ова. Ја вратија топката од таму каде што беше бележано да шутира и живиот зид беше сериозно подалеку од што треба. Овој гол главно ни го поремети текот во продолжението.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
915
Поени од реакции
578
Има ли јунак во тимов што може да даде гол?
Погледнете ја табелата.
На третина од сезоната, сите се со 10-20 голови повеќе од нас.

Одбраната шуплива ко решето.
До кога ќе очекуваме нешто од Далот и Линделоф?
Не можат да задржат играч, бегаат од дуел игра.

За жал, Роналдо не може да е главно решение во нападот.
Споредна виолина - да, но ако и понатаму често му даваат централна улога - ретко ќе гледаме голови од Јунајтед.
 
Член од
28 октомври 2007
Мислења
787
Поени од реакции
300
Ни одморени играчи, ни добиени натпревари со сосиедад и вила + Барса на двомеч во најгустата сезона досега. Честитки
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.846
Поени од реакции
10.145
Ако не се у јануари одлучат да не купуваат, нема да играме лига на шампиони и следната сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom