Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Џабе измени сега, денес сите се изгубени од играчи до стручен штаб, никој не знае кај се наоѓа.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.940
Поени од реакции
23.078
Срамно што се случува со Јунајтед денес, катастрофа сме денес сите до еден..Премногу бавни бегаме од дуели , си мислиш пијани се.

Инаку Њукасл си решете ..
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Ова прв пат го велам, ама овој пораз во голема мера оди на душа на Тен Хаг. Прелошо изменаџирана утакмица, од старт, преку полувреме, па се до крајот.
Ама тоа е, растеме заедно, одиме напред и гледаме на следна утакмица. Оваа сезона ми е идентична на 19/20.
 
C

californication

Гостин
Igracite u otpad
Osven Kazemiro i Garnaco se drugo u otpad
Se dodeka ne se smenat 90% od igracite kako Ragnik sto kaza nema nisto da se smeni u klubot
Ke gledame nekoja super utakmica i ajde wow ima napredok ama kur

I SO KUR E SO NAFRLENITE TOPKI ???

Alo ima nekoj oci od idiotite na klupa ?

Stom neinteligentni netalentirani hemoroidi kako Lindelof uspeaa vo zivotot togas ima nadez za site nas

A samo ako slusnam nekoj da go brani Doni ili Ronaldo ili Rasford stomajki ke mu ebam
 
Член од
23 август 2015
Мислења
249
Поени од реакции
441
Роналдо е рак рана во тимот..Што побргу се ослободиме од него толку подобро.
Рашфорд со повремени блесоци во една од десет утакмници не е калибар на играч со кој ќе се освојуваат титули.
За Дони е се кажано..екипа како Ајакс му е плафон во кариерата.
Дефинитивно ќе требаат уште два три преодни рока да се стабилизира колку толку тимот.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.940
Поени од реакции
23.078
Роналдо е рак рана во тимот..Што побргу се ослободиме од него толку подобро.
Рашфорд со повремени блесоци во една од десет утакмници не е калибар на играч со кој ќе се освојуваат титули.
За Дони е се кажано..екипа како Ајакс му е плафон во кариерата.
Дефинитивно ќе требаат уште два три преодни рока да се стабилизира колку толку тимот.
Дефинитивно Роналдо мора да се продаде или да се даде фрее, Тони по секоја цена мора да се купи, Од тука имаеше некој кој сакаше Бруно да се продаде епа видовме како игра тимот без Бруно тотално 0 .. Велиш уште два три преодни рока но дали имаме пари за такво нешто? Сопствениците ни се мизерни ..
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Верувам дека утакмицата како и онаа против Брентфорд ќе служи како лекција од која Тен Хаг ќе извлечи доста работи.
Дони, додека е тука, не треба да помириса терен повеќе како стартер. Било кој од останатите би го играл пред него, па Фред попрво би го играл 10 наместо него. Освен 10тина минути како замена на решена утакмица не треба ни да се размисли да стартова некоја утакмица. Најслаба карика е од сите достапни опции за средина.

На Роналдо исто време му е да си се врати на клупа.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.765
Поени од реакции
9.552
Ни фали центарфор кој ќе се вклопи во системов на Тен Хаг. Роналдо го гуши Јунајтед. Сите околу него играат за него, а имаат подобри можности. Рашфорд ако стартуваше денес на 9ка, со Гарначо лево и Еланга десно ќе беше далеку подобро според мене. Штета што Марсиал го јадат повреди е неконстантен.

Исто треба да се размисли и за Тилеманс на кого му истекува договорот со Лестер и зимава може да го земиме за џабе. Нека го стават Дони за трампа и сите среќни задоволни. Така Ериксен ќе може и да одмори и да имаме уште еден играч со негови карактеристики на терен.

Денес одбраната скапо не чинеше. Многу грешки и сами им ги наместивме гол шансите. Астон Вила беа премотивирани под Емери, нормално беше да се очекува нивниот агресивен пристап. Се згреши со Дони стартер, можеби требаше Скот или Фред да играат и да се нагази топката повеќе. Но тоа е што е.
Фалеше Бруно и баш ми е криво за премногу глупиот жолт картон што го заработи минатата недела.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.850
Поени од реакции
10.147
Додека не се исчисти тимот од дрва не го обвинувам менаџерот, али денеска направи грешка.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
249
Поени од реакции
441
Велиш уште два три преодни рока но дали имаме пари за такво нешто? Сопствениците ни се мизерни ..
Не е главниот проблем парите друже.
Проблем е што до вчера за трансферите одлучуваше финанаиски менаџер кој пред да дојде во Манчестер не знаеше колку души играат фудбал.
Под добар преоден рок не се подразбира да се потрошат 200-300 милиони евра и тоа најчесто панично трошење.
Проблем е неспособноста на тимот да се ослободи од играчи како Фил Џонс кој во последните шест години нема одиграно натпревар а зема плата и тоа солидна
Проблем е што не можеме да се ослободиме од играчи како Роналдо, Мегваер, Ван Бисака кои зимаат огромни плати, а тимот нема никакво фајде од нив. Еден Митрович играше три сезони во Ченпионшип, а никој од клубот да не примети за каков калибар на играч станува збор. Пред 5 6 месеци имавме достапни играчи како Влахович, Шешко за кои сигурно немаше да платиме 100 милиони евра.
Па Наполи го зеде Кваратскелија буквално бе пари а сега вреди 100 милиони.
Не сум да купиме самобендисани играчи како Мбапе кој уште на втората утакмница ќе ја нарупи атмосферата во соблекувалната.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.431
Поени од реакции
7.136
Реално, од прв до последен беа сите катастрофа, со тоа што 1,2-ца би можеле да се иземат, ама тимски ништо не фунционираше. Вакви работи сите очекувавме, ама најбитно е што е очигледен напредокот, не на утакмицава, ама севкупно земено, да. Свесни сме дека ќе имаме проблем со реализација, ама Тен Хаг, по досега покажаното, брзо ги согледува и корегира грешките. До јануар мора да почекаме, како и да е, па од управата зависи после.
Тоа што ми смета не е поразот ко пораз, се дешава, и пораз и да не ти иде ништо, ама во сите порази сезонава ние јадевме бламажи. Брентфорд, Сити, денес Вила, па и против Брајтон, иако не беше крајниот резултат таков. Тоа мора да се поправи. На овие 4-ри утакмици имаме примено 15 гола, што е недозволиво, колку и да имале лош ден.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.990
Поени од реакции
7.133
Лоша партија во лош момент, кога кикснаа Челзи и Тотенхем. де Бек да не го гледам после Јануари. Шут карта под итно! Клупата ни е на ниво на Чемпионшип екипа. Прееска гледам Тотенхем, влезе Кулушевски после 2 месеци отсуство поради повреда, прв контакт со топка, на тацна му мести гол на Кејн. Навистина Тотенхем изгуби, ама изиграа одлична утакмица и со киксот на Даер сами се закопаа. За разлика од нив, ние губиме од очајната сезонава Вила, ко божем со Реал Мадрид играме и примаме 3 гола како од шала, а камбек нема никаков. Никаква иницијатива и шанси што би не доближиле до барем нерешено.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom