Реално, од прв до последен беа сите катастрофа, со тоа што 1,2-ца би можеле да се иземат, ама тимски ништо не фунционираше. Вакви работи сите очекувавме, ама најбитно е што е очигледен напредокот, не на утакмицава, ама севкупно земено, да. Свесни сме дека ќе имаме проблем со реализација, ама Тен Хаг, по досега покажаното, брзо ги согледува и корегира грешките. До јануар мора да почекаме, како и да е, па од управата зависи после.
Тоа што ми смета не е поразот ко пораз, се дешава, и пораз и да не ти иде ништо, ама во сите порази сезонава ние јадевме бламажи. Брентфорд, Сити, денес Вила, па и против Брајтон, иако не беше крајниот резултат таков. Тоа мора да се поправи. На овие 4-ри утакмици имаме примено 15 гола, што е недозволиво, колку и да имале лош ден.