Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Многу лоша уткамица од Бруно, Ериксен и Мектоминеј. Не можат да контролираат посед ни 30 секунди. Со двајцата бекови на жолти картони во први 10-15 минути, ова е исходот.
Не ми е спорна селекцијата, доста добро функционираа Ериксен со МекТоминеј претходните утакмици, исто и Далот. Очекував дека таа ќе е стартната.
Не ми е јасно кој беше планот за игра денес. Со Ливерпул, Арсенал се гледаше, пресинг, па ќе се повлече во еден момент, па повторно ќе излезеа.
Денес апсолутно ништо, ќе се затрча неколку чекори, ќе застанеа, ќе ги исфрлеа пила екипа со два паса и тоа е тоа. Се враќаат не на почетокот на сезоната, туку во изминатата сезона.
Со никаква екипа сме биле, па не сме имале вакви бламови во дерби утакмици како овие ланската и оваа сезона.
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Погба им фрлил магија друго објаснување нема.. А и добар психијатар им треба..
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Можеби е време Шо да се врати прв тим од следната утакмица... Маласија доста изгубен беше претходните 2, 3 утакмици.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.914
Поени од реакции
10.544
Не ми е спорна селекцијата, доста добро функционираа Ериксен со МекТоминеј претходните утакмици, исто и Далот. Очекував дека таа ќе е стартната.
Не ми е јасно кој беше планот за игра денес. Со Ливерпул, Арсенал се гледаше, пресинг, па ќе се повлече во еден момент, па повторно ќе излезеа.
Денес апсолутно ништо, ќе се затрча неколку чекори, ќе застанеа, ќе ги исфрлеа пила екипа со два паса и тоа е тоа. Се враќаат не на почетокот на сезоната, туку во изминатата сезона.
Со никаква екипа сме биле, па не сме имале вакви бламови во дерби утакмици како овие ланската и оваа сезона.
Работава ко да беа помирени веќе со пораз, ужас…
Вториот гол падна од непостоечки корнер ма да и тоа немаше да смени нешто многу
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Нема си врска со тактиката денеска, ние физички не сме на ниво на Сити, ние сме години позади нив, како шо гледам и страв им фатиле и тоа добар па никој не се ни обиде да направи нешто, Сити да сакаа 10 гола ќе ни дадеа и ич око немаше да им трепне, пораз ко пораз ама треба и да знаеш како да губиш, ние едноставно немаме немаме кичма ни за тоа, за мене флоп е Фернандез за овој меч, и да беше пред мене секогаш кога ќе покажеше со раката некој да му подаде или да трча ќе му кршев по еден прст, каков идиот од играч.
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Слушам оти сме дале три гола во второ и сме биле добри, па добро бе нели видеа дека Сити намерно не играше и допушти Јунајтед да игра, кога и да запнаа даваа голови да сакаа ќе ни ја скриеа топката и 10 ќе ни дадеа ...Тоа најмногу го мразам кога ќе прочитам дека сме играле второ полувреме добро будали ни дозволија да играме..
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Дечки сакав да им честитам на М. Сити за победава, ама не успав да најдам тема за нив во подфорумов.....
....дали овде може да им се честита за победата, во ист град играте впрочем, сигурно може......
....ама не, против вас играа....
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
713
Поени од реакции
937

Sakas na kloca da bidis krenat ili sam ce si zaminis ?
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Сега со поладна глава. Реков уште кога потпиша дека оваа сезона под Тен Хаг не очекувам ништо спектакуларно, јасно е дека ќе служи за стабилизација и градење на тоа што го има замислено. Доколку сакаш да се качуваш кон врвот ќе те грее и сонце, ќе те фати и ситен дожд, па повторно сонце, па некое силно невреме ќе те спушти неколку метри надолу. Тоа е сосема нормално, колку и да се нервираме и тешко да го прифаќаме.

Очекував денес покажување на моќ од Сити, ама не очекував ние толку да сме изгубени после оној добар период. Ама што е, тука е. Има уште доста за играње и уште доста тешки утакмици, нарочито овој месец, и се надевам на адекватна реакција од тимот како претходно.

И да, се надевам дека се е во ред со Варан.

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.676
Поени од реакции
7.266
Дечки сакав да им честитам на М. Сити за победава, ама не успав да најдам тема за нив во подфорумов.....
....дали овде може да им се честита за победата, во ист град играте впрочем, сигурно може......
....ама не, против вас играа....
Може и пошто сити никад нема да има навивачи. :rolleyes:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Се согласувам со @Besancon90 околу тоа што го чека Тен Хаг сезонава. Објективно, според мене доста лошо влијаеше паузата за клубов и очекував дека нема да сме на иста линија како пред 1 месец баш поради паузата за кралицата и потоа репрезентативната пауза. Не играл овој тим толку долго заедно под идеите на Тен Хаг за да после враќање од репрезентација да се вратат толку брзо. Но, од друга страна не може да се дозволи таква доминација на Сити. Очекував поголем отпор, поголема агресивност...пред се многу повеќе од средината. Мислам дека редно е Касемиро да си го добие местото во првиот тим и доста е со импресиите кон МекТоминеј кој е неконстантен играч. Дефанзивно заедно со Ериксен баш ништо не одиграа, дозволија да се шетаат противниците како од шала. Башка Бруно исто просечен. Рашфорд ме нервираше со неговото џогирање по терен (ако не бил фит, требало да биде на клупа). Мислам дека Марсиал се враќа во вистинско време и овој месец кога имаме уште 8 натпревари е идеален период за освојување поени. Ротација со Роналдо во форот, Рашфорд/Санчо/Ентони по крилата да ротираат.

Оваа сезона не очекував да се надигруваме со Сити...Можеби ни ги кренаа очекувањата победите над Ливерпул и Арсенал, но поените треба да ги бараме од другите 15 тимови во ПЛ. Тука има 90 поени за освојување и тука треба да ја бараме битката за топ 4. Секоја друга победа над тимовите од топ 4 е луксуз во тој момент.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.898
Дечки сакав да им честитам на М. Сити за победава, ама не успав да најдам тема за нив во подфорумов.....
....дали овде може да им се честита за победата, во ист град играте впрочем, сигурно може......
....ама не, против вас играа....
Како нема...еве
И јас ги барав лани да честитаат за лш
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Се согласувам со @Besancon90 околу тоа што го чека Тен Хаг сезонава. Објективно, според мене доста лошо влијаеше паузата за клубов и очекував дека нема да сме на иста линија како пред 1 месец баш поради паузата за кралицата и потоа репрезентативната пауза. Не играл овој тим толку долго заедно под идеите на Тен Хаг за да после враќање од репрезентација да се вратат толку брзо. Но, од друга страна не може да се дозволи таква доминација на Сити. Очекував поголем отпор, поголема агресивност...пред се многу повеќе од средината. Мислам дека редно е Касемиро да си го добие местото во првиот тим и доста е со импресиите кон МекТоминеј кој е неконстантен играч. Дефанзивно заедно со Ериксен баш ништо не одиграа, дозволија да се шетаат противниците како од шала. Башка Бруно исто просечен. Рашфорд ме нервираше со неговото џогирање по терен (ако не бил фит, требало да биде на клупа). Мислам дека Марсиал се враќа во вистинско време и овој месец кога имаме уште 8 натпревари е идеален период за освојување поени. Ротација со Роналдо во форот, Рашфорд/Санчо/Ентони по крилата да ротираат.

Оваа сезона не очекував да се надигруваме со Сити...Можеби ни ги кренаа очекувањата победите над Ливерпул и Арсенал, но поените треба да ги бараме од другите 15 тимови во ПЛ. Тука има 90 поени за освојување и тука треба да ја бараме битката за топ 4. Секоја друга победа над тимовите од топ 4 е луксуз во тој момент.
И уште една работа - последните година дена тимот нема самодоверба и менталитет. Доколку први примат гол, тотално се гасат, нема шанса да се вратат од тоа, исто како пред 3 - 4 сезони со Мурињо, кога беше буквално истото. Потребно е и тоа како да се работи и на тоа.
Ако не се лажам последна утакмица која сме ја вратиле од негатива беше пред точно година дена, против Аталанта или Арсенал на Олд Трафорд.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom