Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Многу наивни, од прва минута. Дало со тој екстра глуп потег и жолт во прва минута го сетираше темпото за целиот меч. Скоро сите голови паднаа од таа негова страна, зашто веќе не смееше ни да се приближи до играч, а не пак во дуел да влезе, а и онака не е топ десен бек, па да игра цел меч на Етихад со жолт.

Ериксен не е дефанзивен везњак, и од оваа гледна точка, можеби 4-4-2 ке беше подобра опција, со Бруно, Касемиро, Скот и Ериксен во средина, за сметка на Санчо. Скоро 4 гола на душа на Ериксен денес, го пушти Фоден за првиот, не го фаулираше Грилиш за третиот, Де Брујне го помина за четвртиот и доцна го фаулираше. Премногу одалеченост меѓу одбраната и средниот ред.

Целосно потпаднаа под притисокот, и дури и кога имаа топка во нозе, без притисок, пробуваа по секоја цена долг пас, наместо да смират топка, и да пробаат да играат своја игра. Бруно и Ериксен лесно предава посед, и буквално мораше веднаш да се браниме.

Сити е финален производ, и секоја грешка ја казнија денес. Фактот дека Ериксен не е дефанзивен средњак, дека Дало доби жолт картон и буквално му правеа overflow на таа негова страна и дека не смее да направи уште еден прекршок, дека низок играч го чува Халанд на прекини. Секој детаљ разработен до перфекција.

Кај Јунајтед има премногу работа, пред се, ментално да се средат играчите и да не потпаѓаат под притисок како денес. Касемиро мора што побрзо да се интегрира во составот, како и Марсијал, затоа што дава опција плус напред. Она од Рашфорд денес не ми се ни коментира.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.524
Поени од реакции
7.115
Немојте така за Раш знаете дека има играч на месецот земено? :rolleyes:
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
852
Поени од реакции
451
Пауза од 2-3 недели.
Кој играл за репрезентација, кој дремел пред ТВ.

Физички / со кондиција далеку послаби од Сити.

Секој игра за себе, се нема осет за колективна игра.
Средниот ред и крилата на моменти забораваат да помогнат во одбрана.

Со самодовербата - во минус.

Уште многу фурни леб имаме за јадење.

Но, гледајте и на ведрата страна.
Да се играше уште едно полувреме, ќе ги победевме. Евентуално нерешено.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
696
Поени од реакции
914
Само мирно да е во кафанава, клетници ко Сити че ни расипа хемијата и алтернативната димнезија кај шо се замислуваме уште некоја веле сила на чело со англиските балерини. xD
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.265
Поени од реакции
4.665
Шуќур, малку здрав разум, а не рекликвии ко Џонс да седат во клубот по 15 години, со 390 минути кариера.
Џонс ни е еден од најкорисните играчи у тимот, доста непотребно го ругаме

да не беше он дали 5 мемиња ќе имавме, не гибројам клиповите од капитенот
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Пауза од 2-3 недели.
Кој играл за репрезентација, кој дремел пред ТВ.

Физички / со кондиција далеку послаби од Сити.

Секој игра за себе, се нема осет за колективна игра.
Средниот ред и крилата на моменти забораваат да помогнат во одбрана.

Со самодовербата - во минус.

Уште многу фурни леб имаме за јадење.

Но, гледајте и на ведрата страна.
Да се играше уште едно полувреме, ќе ги победевме. Евентуално нерешено.
Сеа гледам што се си изнапишал…
Паузата ако е алиби тогаш и за Сити е и тие имаа репрезатативна пауза и кралица
Ако се играа три полувремиња тогаш две ке не пунеа у третото ке го ладеа значи уште десет полувремиња да се играше исти кур ке беше
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Не треба да се сфати паузата како алиби во никој случај.
Но, Јунајтед под идеите на Тен Хаг е на самиот почеток и таман тој моментум кога тимот навлегува во процесот на разбирање на неговите идеи, почнува да расте хемијата и се создава тимското јадро ни се случува паузата, па нормално е по таква пауза играчите да се надвор од баланс по нивното враќање и со некој чекор назад да продолжат по истиот процес. Голема штета е што баш пред Сити ни се погоди оваа репрезентативна пауза.
Од друга страна, костурот на Сити веќе игра под Пеп веќе подолг период и многу полесно поминува ваква пауза отколку кај нас.

Како и сите, уште од претходно не очекував да приредиме некое чудо на гостувањето на Етихад, но доколку се случеше овој меч веднаш по натпреварот против Арсенал мислам дека ќе имавме посериозен пристап и можеби поголем отпор ќе пружевме.

Како и да е, пишав дека ние поените треба да ги бараме против останатите 15 тимови каде имаме потенцијал од 90 поени за освојување и само тука ја гледам шансата за враќање по старите патеки и освојување на топ 4 место.
 
Член од
3 септември 2022
Мислења
134
Поени од реакции
360
Многу лоши испадна прво прекинот на првенството кога Јунајтед имаше моментум, а уште полошо што првиот натпревар после паузата беше против Сити. Реално, не очекував поволен резултат тука никако, само што многу ме нервира лузерскиот менталитет со кој се влегува во натпреварите со Сити.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
дечки да си бидеме реални, класи и години се пред нас Сити, така да не ме "разочара" кој знае колку многу поразов... плус со чудовиштево што го имаат како напаѓач шампионот во наредниве 2-3 сезони ќе се знае уште во август, за жал... мене ми е многу побитно како ќе реагираат во недела против Евертон, па со победа на Гудисон може да збориме дека има каков таков напредок од минативе сезони... моментално референтна точка за напредок не треба да ни биде Сити, туку Манчестер од претходните сезони.. за 2-3 години ако се движат во правилна насока ќе може да му се парира на Сити...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
852
Поени од реакции
451
Сеа гледам што се си изнапишал…
Паузата ако е алиби тогаш и за Сити е и тие имаа репрезатативна пауза и кралица
Ако се играа три полувремиња тогаш две ке не пунеа у третото ке го ладеа значи уште десет полувремиња да се играше исти кур ке беше
Паузата не е наведена како алиби.
Напротив, како за сите, така и за нас.

Сепак...

Тие 2-3 недели: ни' се прекинува еуфоријата од победи / солидни игри, играчите не се надгледувани од Тен Хаг, не тренираат под надзор на тренерскиот тим / не се спроведува стратегијата на тазе тренер (само 1,5 месеци со "валидни" натпревари), итн...

Под мојот пост, @ziak92 има поопширно напишано зошто паузата дојде во лошо време.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Паузата не е наведена како алиби.
Напротив, како за сите, така и за нас.

Сепак...

Тие 2-3 недели: ни' се прекинува еуфоријата од победи / солидни игри, играчите не се надгледувани од Тен Хаг, не тренираат под надзор на тренерскиот тим / не се спроведува стратегијата на тазе тренер (само 1,5 месеци со "валидни" натпревари), итн...

Под мојот пост, @ziak92 има поопширно напишано зошто паузата дојде во лошо време.
Алиби пост е и тоа тури му пепел ако чекаш на еуфорија да добиваш цело време натпревари
Океј може ТенХаг немаше доболно време да ја спроведе тактиката ама што праиме со незалагањето и играта ко од првите две кола?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom