Епа Roses Derby е прилично важно дерби барем во Англија. Секако најдобар пример се Јунајтед и Лидс, како најтипични претставници на Ланкашир и Јоркшир. Омразата меѓу овие два клуба трае доста време и секогаш натпреварите со Лидс биле доста напнати и играчите биле екстра мотивирани. Од мечевите со нив во Премиер Лигата посебно се сеќавам на мечот со нив дома кој заврши со 3-2 за нас. Солскер, Кин и Бат мислам ги дадоа головите и секако мечот од 2002 година што заврши 3-4 на Еланд Роуд. Водевме 1-4 за нормално на крај попуштиме и да примиме 2 гола. На 3-4 Лидс имаше слободен удар од 19 метри, а го изведувше Ијан Харт, тогаш можеби најдобар изведувач на слободни заедно со Бекам и уште неколку играчи во ПЛ, јас мислев дека ќе ни израмнат со сигурност, ама за среќа шутот ја закачи малку стативата и не влезе во гол. Немав нокти по тој натпревар.
Исто така и навивачите на Лидс се доста огорчени што секогаш им ги земаме најдобрите нивни играчи како Џо Џордан, Гордон Меквин, Ерик Кантона, Рио Фердинанд, Алан Смит.