Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Тоа е тоа.Многу ме нервира што им текна која е всушност целта во фудбалот и како се стигнува до неа,само откако примија 2 гола. Али на светлата страна сеуште остануваме непоразени сезонава :) GGMU!!!!
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Презадоволен сум со резултатот иако на крај лесно можеше и да победиме но сепак реми е најреално зошто игравме тапа!

GGMU!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Резултатов е премија со оглед на тоа што губевме 2-0 а имаме повредени за извоз, мораа Македа и Обертан да крпат дупки. Од следното коло се враќат повредениве полека па да се надеваме дека победите ќе почнат да се редат. Не губете надеж, гледате ни противнициве не се радуваат предвреме кога играме ние. :) GGMU!
Иам една желба само... Бербатов да седне на клупа, повеќе шанса да му се дава на Македа, барем трча ако не друго, овој кога ќе му текне трча, а тоа е ретко.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.825
Поени од реакции
5.634
колку сме за жалење :) гревчиња сме...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.744
Поени од реакции
43.913
А само не ми е јасно оти чекаат да примат 2 гола па да почнат да играт фудбал??

Значи прво просечни, второ бевме заникаде...се до голот на Олбрајтон.. Им подаривме ептен многу топки, човек да помисли нашите не тренирале додавање.. После тоа почнаа да играат, па најозбилно ви викам, мака ми е што не победивме..(иако според играта во целиот меч треба и повеќе од задоволен да сум со овој поен).. На крајот ептен озбилно нападнавме, Обертан, Нани, Керик и уште неколку шутеви кон голот, но кој изблокиран, кој со глава го фатил Фридел, кој за малку непрецизен.. Како и да е, поен со ваква игра е стварно премија...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.914
Поени од реакции
7.007
Чекав да заврши натпреварот па да коментирам оти знаев дека ќе се случува вакво нешто. :) Се потврдува дека само кога ни гори под газот тогаш играме. Овие па Астон Вила се килават со екипи како ВБА, Фулам, Волфс, а дојде со Манчестер, Челзи и Ливерпул да играат крв оставаат на терен. Видовте сега што ви велев за Агбонлахор и Ешли Јанг колку добри играчи се. И то овој првиот му беше прв натпревар по повредата и не беше во форма уште ама доволно да го заеби Видиќ и да намести пенал за Јанг, крило кое е стриктно офанзивно настроено и перфектно би се снашол по нашата лева страна ама кој да го купи....:toe:. Бербатов дефинитивно треба да одмори 2-3 натпревари оти ваков каков што е сега ни второлигашка екипа не би го играла во прв тим ама Ферги упорно тера со него. Ај белки ќе се врати Руни и ќе биде освежен нападот малце. Браун од почеток до крај дрво. Ретко добива шанса и самиот се бунеше за тоа, па сега кога доби ја оплеска. Само среќата и малата упорност во последните 10 мин. не спасија од пораз денеска ама факт е дека со ваква игра ништо не прајме.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Да завршеше во 80мин. натпреваров ќе заклучев дека ова е најслабиот натпревар во оваа сезона , бидејќи навистина изгледавме слабо и ептем немоќно.
Последниве 10мин , ептем малце, ја подобрија ситуацијата, и за чудо дури можевме и да победиме на натпреваров.

Ако игравме толку агресивно во текот на цел натпревар веројатно ќе победевме без никаков проблем.

Сепак моја генерална констатација е дека во тимот имаме неколку позиции на кои навистина ни се потребни свежи играчи, дали тоа ќе бидат нови фаици или пак ќе форсираме деца кои се во резервен/младински состав незнам, ама сигурно е дека потребна е нова крв во составот.

Колку и да ми се одмиле Руни , признавам дека очајно му треба во добра форма на овој тим.
А Бебе, колку и да одигра очајно,катастрофално на последниот натпревар - мора да добие НОВА шанса веќе на нареден натпревар бидејќи очигледно дека во последно време некако бербатов не функционира -и потребен му е воспитен третман на клупата.

Единствено знам дека со Андерсон,Рафаел, Сколс, Гигс, Валенсија и Руни вака слабо не би одиграле, па се молам што побрзо да дојде денот кога овие дечки ќе ја земат работата во свои раце....
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Добро започнаа, се гледаше дека ја посакуваат победата.Првата шанса беше на Бербатов.Како може да е таков глупак,ме изнервира,ништо не покажа,ајде со сити кога игравме држеше топка,проигруваше,ама денес беше голем труп,не е кадарен,нека се засрами.Многу е јасно зошто на крајот кога Македа даде гол го покажуваа 2-3 пати во кадар.Бербатов може да се угледа на Македа,нас таков играч ни треба,што е лукав,што шутира,што нема компромис и што не сака со топка во гол да влезе.Керик ке го пофалам од таа гледна точка,човекот шутира и се труди.И кога не губиме треба да ни текне да шутираме, а они сакаат со топка во гол да влезат.Денес Фридел немаше ни една одбана,освен на крајот кога Обертан шутираше и тој со глава спаси.Имавме среќа што од два шута во рамките на голот и двата влегоа во гол.А на спротивната страна, се редеа шансите на Вила,а ние имавме среќа да не ни дадат уште најмалку два.Денес ни покажаа како се игра,играа грубо,без компромис,со многу клизачки стартови,а повеќето од нив чисти,стварно секоја чест.И колку да го критикувате Фергусон човекот е ѕвер.Губиме 1-0 а тој ги вади Бербатов и Хернандез и го вкарува во игра Македа,е за тоа треба муда.И влегувањето на Смолинг не беше за да се чува нерешено туку заради нешто друго.
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
213
Поени од реакции
11
Од следен натпревар сакам Рафаел да биде во првиот состав а Браун не сакам да го видам ниту пак бербатов,од кога го постигна хет трикот против Ливерпул се врати на старите патеки.Кога сме веке кај отсутните играчи кога се врака Руни во игра?
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Од следен натпревар сакам Рафаел да биде во првиот состав а Браун не сакам да го видам ниту пак бербатов,од кога го постигна хет трикот против Ливерпул се врати на старите патеки.Кога сме веке кај отсутните играчи кога се врака Руни во игра?
Денес треба да пристге од САД и од понеделник почнува со тренинг и ако е фит можеби ке заигра следниот викенд
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро започнаа, се гледаше дека ја посакуваат победата.Првата шанса беше на Бербатов.Како може да е таков глупак,ме изнервира,ништо не покажа,ајде со сити кога игравме држеше топка,проигруваше,ама денес беше голем труп,не е кадарен,нека се засрами.Многу е јасно зошто на крајот кога Македа даде гол го покажуваа 2-3 пати во кадар.Бербатов може да се угледа на Македа,нас таков играч ни треба,што е лукав,што шутира,што нема компромис и што не сака со топка во гол да влезе.Керик ке го пофалам од таа гледна точка,човекот шутира и се труди.И кога не губиме треба да ни текне да шутираме, а они сакаат со топка во гол да влезат.Денес Фридел немаше ни една одбана,освен на крајот кога Обертан шутираше и тој со глава спаси.Имавме среќа што од два шута во рамките на голот и двата влегоа во гол.А на спротивната страна, се редеа шансите на Вила,а ние имавме среќа да не ни дадат уште најмалку два.Денес ни покажаа како се игра,играа грубо,без компромис,со многу клизачки стартови,а повеќето од нив чисти,стварно секоја чест.И колку да го критикувате Фергусон човекот е ѕвер.Губиме 1-0 а тој ги вади Бербатов и Хернандез и го вкарува во игра,е за тоа треба муда.И влегувањето на Смолинг не беше за да се чува нерешено туку заради нешто друго.
Затоа за мене Фергусон е најдобриот менаџер на светот, кога беше нерешено со Вила и кога се чинеше титулата дека ни отиде, го стави Македа во игра. Е тогаш мислев дека готово све е отидено (не само јас) и Македа дава гол. Еве, година и пол покасно, го прави истото и Македа дава гол повторно.

Не е титулата отидена ако некој мисли така, уште сум уверена, гледајте и со колку повредени ремија вадиме :)pos:) а од сите повредени, ни фали најмногу Валенсија. Во споредба со Нани тој мисли за тимот и радо повеќе би подал него да шутира. Нани знае многу ама кога ќе влезе во филм едноставно ти шета по нерви. Слободните удари му се катастрофа, за тие изведувања ги чекам Гигс и Харгривс во тимот.

--- надополнето ---

Од следен натпревар сакам Рафаел да биде во првиот состав а Браун не сакам да го видам ниту пак бербатов,од кога го постигна хет трикот против Ливерпул се врати на старите патеки.Кога сме веке кај отсутните играчи кога се врака Руни во игра?
Сите сакаме и Фергусон сака ама детето има 20 години, не може секој натпревар да го игра. Долга и исцрпна е Премиерлигата, нема зимски одмор како другите лиги и има 483432 купа за играње.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Маќеда, Обертан следните 5 утакмици по 90 минути, ова татарот да се заледи на клупа, па да го видам .. Колку и да го сакам, од неговото незалагање за Јунајтед ми прекурчи веќе :mad:
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Маќеда, Обертан следните 5 утакмици по 90 минути, ова татарот да се заледи на клупа, па да го видам .. Колку и да го сакам, од неговото незалагање за Јунајтед ми прекурчи веќе :mad:
Фала Богу ти дојде паметот...
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
213
Поени од реакции
11
Сите сакаме и Фергусон сака ама детето има 20 години, не може секој натпревар да го игра. Долга и исцрпна е Премиерлигата, нема зимски одмор како другите лиги и има 483432 купа за играње.
Aбе во ред тоа но Браун премногу грешки прави што подоцна не кошта тоа,не знае да си користи шанса.Македа штом добие си ја користи,ама за клуб ко Јунајтед не личи да има толку примани голови по 13 коло само заради такви пропусти.
Да беше некој друг тренер Браун ниту на клупа немаше да седне.

--- надополнето ---

Денес треба да пристге од САД и од понеделник почнува со тренинг и ако е фит можеби ке заигра следниот викенд
Се надевам дека ке биде во форма.Само на него се надевам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom