Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Гледам сите очекувате кикс на Челзи против Ливерпул или пак на Манчестер Јунајтед против Сити? Точно дека ова се тимовите од кој треба да стравуваат двата тима, но мислите дека другите клубови немаат капацитет и да изненадат до крајот некој од фаворитите? (пример, денеска натпреварот Арсенал - Волвс, секунди беа во прашање Арсенал да изгубеше два бода против Волвс)... ништо нема да ме зачуди ако Челзи киксне дома со Болтон, екипа која е 3-4 бода само над зоната за опстанок или пак против Стоук кој се во средината на табелата... од друга страна, не дај Боже, но во Англија се си бива, ако пример Манчестер Јунајтед киксне против Блекбурн или дома со Тотенхем... Така да според мене сеуште ништо не е готово и дека баш сега на крајот ќе има премногу возбудувања :)
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Не сум фан ни на Челзи, а ни на Манчестер. Затоа и реално ќе Ви кажам дека судијата грешеше и на едната и на другата страна (секако без намера). Кога се ќе се сумира колку ги оштети Манчестер, толку и Челзи.
Муабетот ми е дека цела сезона (а може и 3 сезони) судиите се наклонети накај Манчестер, така да кога некој судија ке одсуди реално (или со грешки и на едната и на другата страна) Вие одма тоа го толкувате како кражба од страна на судијата према Манчестер. Изместени ви се критериумите за тоа што значи реално судење, бидејки констатно судиите му помагаат на Манчестер. Дај бидете реални, немате ни играчи ни тим за титула (во Англија и во ЛШ), она што имате освен помош од судии е среќа и играч како Руни.

Пс Си лапнав 500 евра на 2 за Челзи:pos2:
Прво почни да гледаш Премиер Лига по пиши овде, немој да слушаш чаршиски муабети па да ни солиш памет.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Очајно судење на Дин не само за офсајдот и пеналите, туку и за најобични фаули а притоа стоеше во непосредна близина. Реално требаше нерешено, али shits happens, не знаат шо да напраат да не симнат од тронот и да ја направат интересна трката за титулата. Ве читам претходно многу критики за Бербатов...шо треба да направи, да му ја одзеде на Анелка, да ги помине сите и да даде гол? Па средниот ред ни беше многу лош, треба некој да направи акција, да освои простор па да падне некоја асистенција кон Бербатов на пример, но тоа не се случи. Јас сум сигурен дека при ваков среден ред 2ца како Руни да беа напред немаше ништо да напраат. Не се согласувам со форсирањето на Гигс, Сколс и Невил во првиот состав истовремено. Ем физички опаѓаме, двајца од нив имаа жолт картон, ем у второ полувреме ни се знаеше кој е лево крило, дури Гигс во дадени моменти го гледав на десната страна. Нани направи разлика се виде тоа, но дали Ферги го одмараше за Баерн, дали друго имал на ум негова работа. Евра се изнервира, одеше напред, шутирање волеј и имаше и некој дриблинг опасен :). Според мене утакмицата не беше квалитетна, а судиите ич ги немаше. Далеку од дерби какво што се очекуваше и далеку од дерби какво што сме гледале секогаш. Ниту Челзи имаа некој игра освен нешто у прво полувреме, ама подарен гол од офсајд и сега ќе се силат дека не победиле. Ги сфаќам сите и навивачите на Челзи, и навивачите на Арсенал ги глеам се убацуваат секаде каде што не им е местото и паметуваат, задоволни од конечниот изход наводно во нивна корист, и навивачите на Ливерпул кои не можат да поднесат некој да ги помине во бројот на титули, ама јбг тоа е, сите го мразат најдобриот кој 3 години по ред владее во Премиерлигата и сега се радуваат макар и на офсајд од 2 метри, само и само Јунајтед да не ја земе титулата. Победи Арсенал во 93та (црвен картон), победи и со Хал у 93 (црвен картон) против тимови знаеме сите какви, е сега дербито со Тотенхем со таков никаков состав каков што им беше со Вулфс, ќе почекаат малку...лесниот нивен распоред...

Има уште 5 кола, не се многу, тоа е тоа што најмногу ме разочарува. Сега не зависи се само од нас, ќе мора да киксне Челзи. Ќе киксне, сигурен сум, ама колку бодови, и колку ќе испуштиме ние, тоа ќе видиме.

Ферги шо ќе прави нека прави, нека го состави тимот за со Баерн, да внесе позитивна атмосфера, пошто ова што го гледав од Манчестер во овие 2 порази е доста слабо. Се надевам ќе го победиме Баерн и ќе се пласираме во полуфиналето. :salut:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Од сабајле некако помината ми е нервозата, вчера муабет со мене не се правеше се испокарав со сите ...:tapp: Што било, било .. На секој можен начин се обидуваат да не запрат, но на крај нема да им успее.

п.с Се знае кој суди во среда?
 
S

StereoLove

Гостин
Морав да пишам иако не планирав додека не ми поминеше нервозата.

Значи вчерашниот дуел факт е дека келавиот го уништи потполно.
Не виде два пенала што и слеп човек би ги видел.Но штом можел глупиот да го признае тој гол од офсајд на балеринава можел и на Македа со рака а дали имало или не резултатот е тој-во корист на Челзи.
Има уште неколку кола до крај не е секој ден Велигден.
Натпреварот беше уништен знаеме сите но не значи ако јаките фраери не победиле двапати дека се шампиони,еден Ливерпул што минатата сезона беше близу до освојување и не плесна двапати не ја освои титулата не значи дека и овие лешпири ја освоиле.
Дајте бидете малку oптимисти?што е со она Believe или не важи повеке?
ме разочаравте со вашиот песимизам искрено.

И јас не сфакам зошто Фергусон не ги прави измените порано од 70 минута?што се случува со Харгривс?па нели и тој на клупа ке беше.Факт е дека не можеме да се потпираме на Гигс и Сколс и Невил бидејки се стари а староста си го прави своето.

Мора да купи Ферги налето играч зошто вака незнам до кога би издржале.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Да даде господ ама пак и да се врати мислам ќе биде резерва, а и прашање дали Ферги ќе сака да ризикува прерано да го стави. Нејќам да се правам стручњак ама за таква повреда и да вика може ќе игра ја мислам би било со инекции пошто лигамент не е мала работа ама уште еднаш не сум експерт за повреди па некој да ме разбере погрешно.
 
S

StereoLove

Гостин
Да даде господ ама пак и да се врати мислам ќе биде резерва, а и прашање дали Ферги ќе сака да ризикува прерано да го стави. Нејќам да се правам стручњак ама за таква повреда и да вика може ќе игра ја мислам би било со инекции пошто лигамент не е мала работа ама уште еднаш не сум експерт за повреди па некој да ме разбере погрешно.
Попрво Харгривс ке заигра наредниот викенд отколку Руни да заигра во Средата,речиси сигурно дека Фергусон нема да ризикува со Вејн Руни.


Фердинанд: Сакам да ја завршам кариерата во Манчестер Јунајтед


Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Рио Фердинанд ги отфрлил шпекулациите дека до крајот на кариерата ќе побара нов предизвик во вид на промена на клупската средина.

Фердинанд е дел од Манчестер Јунајтед од 2002 година, кога пристигна од Лидс Јунајтед, а на "Олд Трафорд" освои четири првенства и Лига на Шампиони, кога се во прашање најважните трофеи.

"До крајот на кариерата сакам да играм во Манчестер Јунајтед. Би било одлично да го сторам она што го направија моите соиграчи Рајан Гигс, Сколс и Гери Невил, се поврзаа со клубот на многу долг период. Тие момци се моја инспирација, а завршување на кариерата во Јунајтед би било остварување на сонот" - вели 31-годишниот Фердинанд.

Надежите на навивачите на неговиот клуб за одбрана на титулата во Премиер лигата спласнаа по саботниот пораз од Челзи со 2-1 на домашен терен, бидејќи Челзи сега го завзеде првото место на табелата со два бода повеќе од "црвените ѓаволи". Но, до крајот на првенството можни се пресврти бидејќи останаа уште пет кола за доигрување.

"Би сакал да останам запаметен како играч кој играл за Јунајтед во текот на успешен период за клубот. Кога стигнав во овој клуб знаев колку тој е посебен, а кога ќе дојде крајот на кариерата сакам да заминам со високо
крената глава." - заклучил Фердинанд.

:wub: :wub: :wub: :back:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Ќе ми објасни некој зошто Ферги цело време Гери Невил го форсира пред Рафаел ?
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.996
Поени од реакции
7.152
Ќе ми објасни некој зошто Ферги цело време Гери Невил го форсира пред Рафаел ?
Е зошто де? Играше 80 мин. со Болтон. По 3 дена 80 мин. со Баерн и по 3 дена 80-90 мин. со Челзи. Не го бива вака. Уште да го игра од прва минута в среда свршивме работа.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Ќе ми објасни некој зошто Ферги цело време Гери Невил го форсира пред Рафаел ?
Не знам зошто, ама многу играше Гери последниве натпревари. Затоа очекувам Рафаел како десен бек во среда да игра. Исто и Сколс многу играше, па Флечер и Керик ги очекувам во средина, со Нани и Валенсија како крила и напред Берба и Кико.
За Руни не ми се веруе она шо го читав денес во Мирор дека може да е спремен за натпреварот, па тоа е составот што очекувам да стартува во среда.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.016
Поени од реакции
5.340
Добро некој ке ми каже зашто се земени диуф и обертан?? Ја мислам дека Берба и Диуф би биле добар тандем у напад Диуф истурено напред Берба малце поназад.. може да му дава пасови во празно и така Диуф е многу брз.. А за резервите скоро секад погодува:smir:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Гери Невил е звер !
Последниов натпревар со челзи го изигра перфектно во дефанзивните задачи ,и можеби малце послабо при офанзивните
Сепак да не заборавиме колкав придонес имаше во победата против Милан , во вториот натпревар кога вџеп ги стави Роналдињо (коиј патем на првиот натпревар си играше мајтап со Рафаел) и другарите - а притоа и двапати ми се чини асистираше.

Со баерн се држеше некао првото полувреме ,кога повторно одлично се снаоѓаше со рибери и левиот нивен бек , додека второто многу падна,како што впрочем тоа го направи целата екипа.

Со челзи беше инзвонреден, најдоброоценет , се до 70-75 мин. кога повторно падна на физички план.

Муабетов ми е...

Гери е во добра форма последниве натпревари , нема киксови и помага во централната одбрана многу повеќе од Рафаел .
Од друга страна Рафаел е многу пополетен, попожртвуван во дуелите и многуу физички поспремен , меѓутоа го нема искуството за осет кога да се придодаде во централната одбрамбена двојка (сеуште е млад впрочем).
Центаршутевите им се тука некаде....

И јас мислам дека за со Баерн би било добро да почнеме со Рафаел, бидејќи е поснаодлив и покорисен во напаѓачките акции (сеа, се надевам дека ќе притискаме и напаѓаме на домашен терен од почеток) , исто така може да биде и тактичко изненадување тоа што многу често игра на позиција офанзивно десно крило и го има дриблинкот кој му фали на валенсија (ако игра од почеток како крило) ....а за на крај,ако имаме солидна предност би го ставил Гери да ја зацврстиме одбраната и скок играта!

Тоа како мое видување за бековите !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom