Очајно судење на Дин не само за офсајдот и пеналите, туку и за најобични фаули а притоа стоеше во непосредна близина. Реално требаше нерешено, али shits happens, не знаат шо да напраат да не симнат од тронот и да ја направат интересна трката за титулата. Ве читам претходно многу критики за Бербатов...шо треба да направи, да му ја одзеде на Анелка, да ги помине сите и да даде гол? Па средниот ред ни беше многу лош, треба некој да направи акција, да освои простор па да падне некоја асистенција кон Бербатов на пример, но тоа не се случи. Јас сум сигурен дека при ваков среден ред 2ца како Руни да беа напред немаше ништо да напраат. Не се согласувам со форсирањето на Гигс, Сколс и Невил во првиот состав истовремено. Ем физички опаѓаме, двајца од нив имаа жолт картон, ем у второ полувреме ни се знаеше кој е лево крило, дури Гигс во дадени моменти го гледав на десната страна. Нани направи разлика се виде тоа, но дали Ферги го одмараше за Баерн, дали друго имал на ум негова работа. Евра се изнервира, одеше напред, шутирање волеј и имаше и некој дриблинг опасен

. Според мене утакмицата не беше квалитетна, а судиите ич ги немаше. Далеку од дерби какво што се очекуваше и далеку од дерби какво што сме гледале секогаш. Ниту Челзи имаа некој игра освен нешто у прво полувреме, ама подарен гол од офсајд и сега ќе се силат дека не победиле. Ги сфаќам сите и навивачите на Челзи, и навивачите на Арсенал ги глеам се убацуваат секаде каде што не им е местото и паметуваат, задоволни од конечниот изход наводно во нивна корист, и навивачите на Ливерпул кои не можат да поднесат некој да ги помине во бројот на титули, ама јбг тоа е, сите го мразат најдобриот кој 3 години по ред владее во Премиерлигата и сега се радуваат макар и на офсајд од 2 метри, само и само Јунајтед да не ја земе титулата. Победи Арсенал во 93та (црвен картон), победи и со Хал у 93 (црвен картон) против тимови знаеме сите какви, е сега дербито со Тотенхем со таков никаков состав каков што им беше со Вулфс, ќе почекаат малку...лесниот нивен распоред...
Има уште 5 кола, не се многу, тоа е тоа што најмногу ме разочарува. Сега не зависи се само од нас, ќе мора да киксне Челзи. Ќе киксне, сигурен сум, ама колку бодови, и колку ќе испуштиме ние, тоа ќе видиме.
Ферги шо ќе прави нека прави, нека го состави тимот за со Баерн, да внесе позитивна атмосфера, пошто ова што го гледав од Манчестер во овие 2 порази е доста слабо. Се надевам ќе го победиме Баерн и ќе се пласираме во полуфиналето. :salut: