- Член од
- 17 февруари 2009
- Мислења
- 728
- Поени од реакции
- 60
Мое мислење е дека ФА со сите сили се обидува да го закочи Јунајтед во борбата за титулата. Не ми е јасно зошто, но тоа е стандардна практика, особено оваа година. Едноставно изгледа не можат да се помират некој да биде по 4-ти пат шампион. Ова го зборувам анализирајќи ги нивните потези подолг период , а не само синиќа. Тргнувајќи од фактите кога не ставаат во 2 дена да играме 2 натпревари, и првенство, и лига на шамиони, судењето на повеќе натпревари кога губевме бодови заради судиите, суспензијата на Фердинанд (таман се врати) од дури 4 натпревари без добиен картон, и последниот црвен синоќа на Нани (таман се врати). Не дека не беше прекршок, но престрого беше за црвен картон со кој судијата ја поремети играта на Јунајтед, целиот натпревар и неколку наредни. Стартот можеби беше прекршок, но беше прекршок за жолт, а со оглед на некои потези на судијата, можеби и не требаше никаков картон воопшто да додели. Ќе речите дека сето тоа е случајно, но како се погодија казните само за играчите кои ги нареков "(таман се врати)" (Рио и Нани, кој имаат посебен удел во играта). Но тоа е тоа, останува да ја коментираме фактичката ситуација. Како е можно некои сеуште да плукаат по Нани , и да го нарекуваат кривец само затоа што добил црвен картон, кој ќе повторам незаслужен (како црвен). Ако вистински го сакаат Јунајтед, нека си ја остават омразата. Се покажа дека Нани е еден од носителите на добрата и ефикасна игра и не беше проблемот што останавме со 10 играчи, туку проблемот беше што останавме без Нани, човекот кој е одличен партнер и тандем на Руни и за комбинација, и за асистенција и за голови, а богами и да ги натера противниците на автоголови
. Немавме крило кое ќе можеше да му даде корисна топка на Руни, а овој пак не можеше сам насекаде. Повторно Валенсија некорисен, се мачи да асистира, се мачи да додаде корисна топка, а себичноста и натаму си ја применува кога на неколку пати сакаше дури и од мртов агол да постигне гол. Но мораше тој да влези, затоа што брзината на Нани не можеше Гигс да ја замени. И јас како некој погоре сметам дека ќе беше подобро Парк да влези во игра, ако не одма, ама барем на местото на Гигс кога се повреди. Во секој случај задоволен сум од играта, земајќи во предвид дека игравме со 10 играчи, дека не играше Нани, дека не играше Фердинанд, а Видиќ јас повеќе не го бројам во тимот. (да не објаснувам зошто, почнувам да се навикнувам без него). Можевме и повеќе да профитираме ова коло со оглед на поразот на Челзи, но можевме и помалку, затоа (за крај кажано), добро е. Воопшто да не се плашите од Милан, таму нема да судат "слугите на ФА"
. Тоа што ќе го посака Ферги и ќе го оствари, макар тоа било и нерешено.

