Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Најдобро за Манчестер ќе беше доколку денешниот дуел завршеше нерешено, но сепак со ова борбата за титулата се сведува само со Челзи. Наредното коло е тешко за 2та тима, по традиција Манчестер победува во Бирмингем, но секако ќе биде тешко.

Сепак очекувам одмазда за поразот на ОТ.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.997
Поени од реакции
7.154
Немав интернет вчера за да искоментирам. Значи какво кичмење им дадовме на Портсмут. Е така треба со офанзивна опасна игра да се примора противникот сам да си дава голови :pos2:. Се повеќе ме радува и Нани, а и формата на омразените дедовци кои не чекаат во ЛШ. Мислам дека во прав момент Ферги ја темпира формата за со Милан, да се надеваме дека на добро ќе испадне. А и за дербито да спомнам нешто. Си реков дека Арсенал нема што да бараат по она што им се случи нсо нас и бев во право. Реков дека Арсенал по нова година ќе почнат да паѓаат и еве така е. ОСтанува до Челзи до крај да го трчаме кругот.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762

  • Wayne Rooney

    The unstoppable Roo hit his 21st league goal of the season in the 5-0 win over Portsmouth. Cristiano who?
Respect Eurosport!:D

Мислам дека моментално најдобриот играч на планетава!:D

Најверојатно и Пато и Неста нема да бидат подготвени за Јунајтед.
Метју Џејмс на позајмица во Престон:



Младиот играч на Манчестер Јунајтед Метју Џејмс ќе се приклучи на тимот на Престон на позајмица до крајот на сезоната.

Репрезентативецот на Англија до 21 година ќе му се приклучи на Дени Велбек во Престон.

Резервниот играч на Јунајтед кој има 18 години се најде на клупата за резерви на мечот со Волфзбург во Лигата на Шампионите во декември.

Дарен Фергусон е презадоволен од овој трансфер : "Тој е одличен играч преполн со енергија тој ќе пристигне утре и би требало да ја помине процедурата.Пресреќен сум што ќе го имам на располагање."

И братот на Метју се наоќа во тимот на Престон но тој игра за тимот до 16 години.

Извор!
 

ViktorRedDEvil

Red Army
Член од
10 октомври 2009
Мислења
383
Поени од реакции
8
Голманот на Манчестер Јунајтед, Едвин Ван Дер Сар е на чекор од обновување на договорот со клубот.Актуелниот договор на 39-годишниот ветеран истекува налето и „црвените ѓаволи“ се подготвени да го задржат уште една година како што му понудиле плата од 90 илјади евра неделно.

Преговорите за новиот договор со Холанѓанецот започнаа пред речиси два месеци, но привремено беа замрзнати, додека тој беше во својата татковина за да се грижи за болната жена Ана-Марија.

Во моментов сепак со неа се е во ред и Ван Дер Сар повторно е на голот на „црвените ѓаволи“ и скоро сигурно ќе продолжи да биде таму и во следната сезона. Се очекува во наредните денови договорт да биде официјално потпишан од двете страни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom