Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Нема нишо дека е повреден по сајтовиве.

ВДС

Рафа - Вес - Рио - Евра

Валенсија - Флеч - Керик - Нани

Вејн - Маме​

Мало морген дека Маме ќе игра али ипак, би сакал да го видам во нападот макар и на пола саат, неможам да го глеам ни Берба ни Овен у шпицот.Утре ќе видат кој е главен во Манчестер, да сватат и Тевез и сите мочковици шо ги викаат играчи заедно со газдите дека и 500 миљони да потрошат никат нема да бидат подобри,поуспешни и поголеми од Јунајтед!

Уф едвај чекам.Glory Glory Man United.
Па ако е овој состав утре, би требало да ги поебеме педерине како шала...
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Агентот на Де Геа го потврди интересот на Виган и Јунајтед:

Де Геа потекнува од младинсата школа на Атлетико Мадрид и минатата недела беше стартер поради слабата форма на Серхио Асенхо. Медиумите од Островото шпекулираат дека 19 годишниот Де Геа е еден од можните наследници на Едвид ван дер Сар и агентот на голманот го потврди интересот на Црвените Ѓаволи.
“Неколку екипи од Премиер Лигата ме прашуваа за Де Геа.” – рече Ектор Ринкон. ”Особено Виган, кој достави официјална понуда која беше одбиена од Атлетико.“
“Роберто Мартинез мисли дека Де Геа е подготвен за Премиер Лигата но Атлетико инсистира дека сака Де Геа да остане на Калдерон.”
“Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран. Не разговарав со Фергусон но претставници на Јунајтед го потврдија интересот за Де Геал.”
Но и покрај ваквиотинтерес Де Геа очигледно нема желба да го напушти Атлетико Мадрид.
“Тој само сака да игра за Атлетико, тој се бореше за ова цел живот и сега кога го доби тоа не размислува за заминување.”
Фергусон: Руни останува во Јунајтед:

Во последните недели константно се појавуваа шпекулации кои велеа дека Реал Мадрид и Барселона се подготвени по крајот на сезоната да достават мега понуди за ѕвездата на Јунајтед. Самиот Руни на почетокот од оваа недела ги отфрли шпекулациите велејќи дека е среќен на Олд Трафорд.
Фергусон веува во останувањето на англискиот интернационалец и вели дека никогаш не стравувал од можно заминување на Руни.
“Вејн самиот ја потврди верноста кон клубот но ние го знаевме тоа. Тој не сака да замине од тука.” – рече Ферги.
“Сигурни сме од каде потекнуваат ове шпекулации. Тоа не е неговиот агент ниту пак самиот Вејн.”
“Но ќе се справиме со тоа.”
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.083
Поени од реакции
1.643
Најава:Јунајтед v Сити


Карлинг куп, полуфинале|Среда, 27 Јануари 2010|Почеток: 21:00h
Стадион
: Old Trafford, Manchester

Дербито на Манчестер, втора рунда.Минатиот натпревар заврши со 2-1 победа на домашните но голот во гости ни помага многу во вторава рунда.Сега се игра на Олд Трафорд, театарот на соништата, каде што сигурно нема да останат рамнодушни фановите по реакцијата на Тевез и ќе ги бодрат нашите играчи максимално.А да, и Руни на минатиот натпревар даде само 4 гола така да очекувам да даде барем 1 гол вечер.

Реално гледано, нема да биде лесен натпревар каде што ќе се прошетаме низ одбраната, со оглед дека на 23ти игравме против Хал и на 31ви веќе имаме натпревар со Арсенал на гости.Последниве 5 натпревари ни се 2 победи,1 нерешна и 2 порази.Не изгледа воопшто сјајно но во последно време се повеќе ни се подобрува играта.Сити пак имаат само 1 пораз во последните 5 натпревари, сите други им се победи.

На натпреварот со Хал, видовме некои измени што би можеле да ни сугерираат на првите 11 кои ќе ги извади Сер Алекс денес.Фабио го замени Евра, Гибсон го замени Сколс и Берба на местото на Овен.

Можни состави:
VDS

Rafael - Brown - Rio - Evra

Valencia - Fletcher - Scholes - Nani

Rooney - Berbatov




Tevez - Robinho

Bellamy - De Jong - Barry - SWP

Boyata - Richards - Garrido - Zabaleta

Given

Мој Тип:
Што би можело да се очекува на едно Манчестерско дерби, многу нормално победа.
Јунајтед 2-0 Сити
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947

:tv: Хитлер кога разбрал за погодокот на Овен во 95мин. на Олд Трафорд!!! :pos2::pos2::pos2::pos2:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.447
Ајде да го пушат вечер циганите!
Glory Glory
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
Руни не сака ни во Барса ни во Реал (М)


Досега нема таков тим кој четири пати по ред славел во националниот шампионат. Сакаме ние први да бидеме дел од историјата, вели напаѓачот


Репрезентативецот на Англија и најголема ѕвезда во дресот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни (24), категорички ја отфрли шпекулацијата дека за време на летниот преоден рок ќе се пресели или во редовите на Барселона или во Реал (М).
- Секогаш има шпекулации кога се во прашање најголемите тимови во Европа, а уште поголеми се кога јавно ќе потврдат дека се заинтересирани за нечии услуги. Искрено, убаво ми е кога ќе слушнам дека постои интерес за мене. Јас уште еднаш ќе повторам дека сум фудбалер на Манчестер Јунајтед и дека тука сум најсреќен, изјави Руни, кој со 19 гола ја има најуспешната сезона во кариерата.

Освен за неговата иднина, Руни проговори и за шансите на Манчестер Ј., кога е во прашање титулата во англиската Премиер лига.
- Три години по ред ја освојуваме титулата во Англија. Досега нема таков тим кој четирипати по ред славел во националниот шампионат. Сакаме ние први да бидеме дел од историјата. Годинава имаме најнеизвесна борба за шампионската титула. Вистинско уживање за неутралните фанови. Сега сме лидери на табелата и се надеваме дека таму ќе останеме до крајот од сезоната, изјави Руни.

Пофални зборови за играта на Руни, кажа и легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер.
- Нема да беа на врвот од табелата ако ги немаа на располагање услугите на Руни. Ги носи на сопствениот грб. Секогаш е во првите борбени редови кога тоа ќе биде побарано од него. Неговата игра е спектакуларна и се надевам дека уште многу години ќе остане на Островот, изјави Ширер.

Иако на Руни договорот му истекува на лето 2012 година, управата на клубот од "Олд Трафорд" е подготвена на напаѓачот да му понуди нов договор и да му го потврди статусот на најдобар и најважен играч. Руни сега неделно зема по 110.000 фунти, но според англиските медиуми, менаџерот Алекс Фергусон е подготвен да му даде зголемување од 40.000 фунти и да го обврзе на верност кон "црвените ѓаволи" на уште пет години.


Дресот на Руни најбаран од навивачите
Дресот на Вејн Руни е најпродаваниот артикал во магазинот на Манчестер Јунајтед последните месеци. Авторот на 117 голови на 266 натпревари во дресот на "црвените ѓаволи" стана миленик број 1 на навивачите на "Олд Трафорд", по заминувањето на Кристијано Роналдо. Поради тоа и одличните игри на Руни сезонава црвено-црниот дрес со број 10 е најдоходовен производ на Јунајтед во сезоната 2009/10.

Навивачите на англискиот првак ја оддаваат неопходната почит и кон легендарниот број 7 на Јунајтед, што во моментов го носи Мајкл Овен. Тој е на второ место по продажба меѓу навивачите на Јунајтед во последно време. На трето место по популарност меѓу навивачите на триктаниот европски првак е црвено-синиот дрес за гостувањата на Манчестер Јунајтед.







#
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Как прво, разбера ли ме шо сакам да ти кажам, тва е исто как некој типер, типува на Тотенхем-Хал и вика 2-0 ќее а утакмицата излева 1-3, он нее кикснал, он тотално гаа промашил, да кажеш 1-0 или 1-1 даа завршило промашил гаа за малко, ама 1-3 и конечен тип фолс. У примеро типероо ферги, типо е фостер, а резултато е таленто/потенцијало на фостер, а сакам да ти кажам оти ти направи од 0 до 100 ферги тотално да гоо промашил фостер, кажах ти слагам се оти може да праат грешки, ама тва се маленки, ситни грешки. Фостер нее тва ти и другите шо го мислат! Надевам се оти ќе разбереш оти малко га исфилмах. :smir:
А за парк шо да ти кажам, знааш оти беше повреден и за тва не играаше, а довербата га ужива, враќа се и одма играа.
Хех, абе битно промашување, сега големо мало, нема да мериме во милиметри. :)
А за Парк ќе видиме, мое мислење е дека не е играч за Манчестер, а на него е да одигра добро до крај на сезоната и да ме убеди во спротивното. Во што чисто се сомневам. :)
И нема потреба да се нервираш толку, само дискутираме, ако имам различно мислење од тебе не значи дека мора да се караме. :)

А вечер... навистина сакам Диуф да игра од почеток. Ако на вакви натпревари не добива шанса, тешко дека Фергусон ќе го пушти во ПЛ.
Ќе види Тевез, а и другиве... платеници кој е кој!!! :tv:
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Хех, абе битно промашување, сега големо мало, нема да мериме во милиметри. :)
А за Парк ќе видиме, мое мислење е дека не е играч за Манчестер, а на него е да одигра добро до крај на сезоната и да ме убеди во спротивното. Во што чисто се сомневам. :)
И нема потреба да се нервираш толку, само дискутираме, ако имам различно мислење од тебе не значи дека мора да се караме. :)

А вечер... навистина сакам Диуф да игра од почеток. Ако на вакви натпревари не добива шанса, тешко дека Фергусон ќе го пушти во ПЛ.
Ќе види Тевез, а и другиве... платеници кој е кој!!! :tv:
Ај коо ќе имам време, ќе ти нацртам за да видеш шо сакам да ти кажам :smir: таман работа да се караме, само дискутираме за некои работи и за тва треба да е тај фан клуб. незнам од дека осети оти се нервирам? ич не се нервирам, едноставно сакам сите да веруват у Ферги как шо верувам јас, и па ќе ти кажам, мислам оти ного ретко греше, и тва ситни грешки, и кој потег да го напраа јас се трудам да ги видам причините. никој од нас тука незнаа повеќе од ферги и за тва треба да не ги "оспоруваме" неговите потези.
За вечер имам чувство оти само руни ќее у нападо... вдс, невил, рио, еванс, евра, валенсија, керик, сколс, флеч, гигс, руни... мош ќе добии шанса нани пред валенсија, или андерсон пред керик... се надевам на победа со минимални 2 разлика :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom