Иако резултатот е сигурен, сега за сега играта мене не ми се допаѓа... играат како без мотив, незнам дали е бидејќи играат против Волвс или нешто друго е во прашање... се игра на средината на теренот, без некој поголем притисок, без некој опасни шанси за гол... оној натпревар со Астон Вила прикажаа одлична игра, а изгубија... сега играат како да чекаат само да заврши натпреварот, а водат со 2:0 :wink:
Кушчак на почетокот малку несигурен при една интервенција, но се добро заврши... одбраната буквално немаше никакви проблеми, на моменти ми се допадна Де Лает со неговата пожртвуваност и продорност... средината стабилна сега за сега... во нападот Бербатов премногу отсечен, а Руни сега за сега е одличен...
Ајде во второ полувреме уште 1-2 гола (по можност Бербатов и Обертан) и мирно да го привршиме натпреварот :smir: