Кој знае, може ќе играм за Манчестер
16.05.2009.
Јамајканскиот спринтер Усеин Болт присуствуваше на тренингот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.
Најбрзиот човек на денешницата и сопственик на три олимписки медали ќе присуствува и на натпреварот Манчестер Јунајтед и Арсенал. Двобојот од 37. коло во Премиер лигата кој на „црвените ѓаволи“ би можел да му ја донеси шампионската титула.
„Доколку ми дозволат, сакам да истрчам на теренот и да постигнам гол. Би сакал да имам таква фотографија, а кој знае, можеби еден ден ќе станам фудбалер на Манчестер Јунајтед“. кажа Болт, кој на тренингот подели неколку совети на најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.
Помеѓу останатото тој го советувал Португалецот за начинот на кој може да ја променува брзината на трчање, но и на кој начин да избегнува фаули од противниците.
„Му кажав некои работи кои сум ги приметил кај него. Во моментот кога ќе постигне максимална брзина тој почнува да намалува. Мој совет е да ја промени рамнотежата на телото за да го избегне наглото застанување, така ќе стане уште подобар и побрз. Од причина што е многу брз постојано го фаулираат, би требело да биде малце поагресивен па ќе го остават на мира“, заклучи Болт.