Значи Ван дер Сар надвор од терените 8 недели заради операција на скршен прст и коска на левата рака... Ги скршил бранејќи пенал против Баерн. 8 недели е долг период, отприлика на почеток на Октомври ќе се врати, плус додека достигне фитнес ниво за да настапува, дотогаш сигурно ќе имаме 8-9 натпревари во Премиер одиграно. Е сега САФ има 2 опции: 1. Фостер/Кушчак или 2. нов голман. Јас сакам да им се даде шанса на нашиве, доста време седеа на клупата и чекаа ваква шанса, мислам дека се достојни да го заменат ВДС, јас сум фан на Фостер иако на пријателскиве малку разочарува, верувам во дечкото, има 26 години, оваа шанса му дојде како кец на десетка, ем да се наметне на Капело, ем како нареден број 1 во Јунајтед. Ај ќе видиме шо ќе каже САФ баш сакам да видам какво решение ќе најде.