Ајде и ја да уфрлам по некој коментар (како навивач на МанЈу).
Да почнеме од самиот почеток и составот кој беше многу погрешно одбран. Знам дека мораше некако да се покрие отсуството на Флечер, ама да го ставиш Андерсон во прва, а Сколс на клупа во финале на ЛШ.... неее! :nesum:
Дека ги пресече рано примениот гол, да... ама сепак неможе тоа да биде алиби за најлошата игра на МанЈу во последниве 4-5 години. Едноставно неможе да се одвои некој од играчите и да се рече “Еве, овој изигра солидно!“, сите беа изгубени на теренот.
Ван дер Сар дели топки по публика,
Видич и Фердинанд - два кикса, два гола (еееј, помеѓу такви двајца високи играчи, скокачи... еден Меси да даде гол со глава???),
Евра остава простор на лева страна а нигде го нема во напад,
Роналдо го искрши Пујол од мавање и си играше само за себе,
Гигс и Парк (мојот омилен играч од МанЈу) не знаат да подадат/примат топка,
Андерсон... рачунај играч помалку со него бевме, не постоеше на терен...
Руни - бунар за топки, секоја што ја доби успеа да ја изгуби.
Тевез, мува без глава... незнаеше каде да се постави... се враќа назад да помогне во одбрана, незнае кај да се сврти.
Бербатов, мислам дека Верон во 2002-2003 е подобар трансфер од него.
Сколс, излезе на терен и доби жолт картон... толку!
Барса од друга страна, секоја чест. Но неможам да кажам и да прифатам некој да ми каже дека играа напаѓачки фудбал, повеке ми личеше на Челзи од полуфиналето со малце повеќе шанси, причина за тоа е дека не беа толку јаки, колку што МанЈу беше слаб.
Али како и да е, јас и тогаш за Челзи реков - ке речам и сеа, што носи резултати - така играј. Гвардиола е уште млад, и се гледа дека научил нешто од тој двомеч со Хидинк и само малце го модифицирал за да одговара на Барса. На крајот на краиштата, а што да се очекува во финале на ЛШ??? Да продолжат камикази напади откако веќе водиш 1:0?
Колку што Фергусон ја погреши тактиката, толку Гвардиола ја погоди. Само погледнете или сетете се на центарот на теренот. Секогаш или Иниеста или Чави беа слободни да примат топка, а Манчестер ке добие топка и сите стојат во место, никој не се отвара... така не се игра фудбал! Тука се осети отсуството и значењето на Флечер.
Како и да е, честитки за Барса. Позаслужено неможе да биде, ги искористија слабостите и пропустите на МанЈу, што на тактички толку и на физички план.
Јас и понатаму останувам верен на Манчестер. Откако почнав да гледам фудбал навивам само за два тима, а еден од нив е тимот од Олд Трафорд.
Се случуваат вакви натпревари кога едноставно ништо не е како што треба, штета што се погоди тоа да биде баш финале на ЛШ.
Тоа е тоа...
