Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

SIRKO

Believe in Manchester United FC
Член од
8 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
18
И јас мислам дека Бербатов би било подобро да си седи на клупата. а Карлос Тевез да го видам во нападот со Вејн Руни.:helou:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.596
Поени од реакции
22.388
Фергусон аи знае кој ќе биде во првоит состав,, онаа што јас искрено мислам дека Роналдо и Руни ќе дадаат барем по еден гол..
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Моето мислење се совпаѓа со вашето. И мене не ми е по ќефот бугаринот. Имав трпение и го чекав долго време за да покаже дека кончно се вклопи во тимот. Ама колку да чекаме? Помина првенството. И што да се вклопи тој кога го зедовме од премиер лигата, не го зедовме од некоја друга лига. Навистина многу пари дадовме. Само незнам дали е подобро да игра Тевез затоа што (оправдано) е разочаран од Манчестер бидејќи не го ставаат да игра, па поради психолошки момент, а можеби и (недај боже) намерно не сака да биде продуктивен заради укажаната недоверба оваа сезона. Но не се се потпирајте само на Бербатов или Тевез. Мене ми е важно Руни да има свој убав стандарден ден. Кога Руни е во форма, а тој најчесто е во форма, тогаш имаме "силна локомотива". Таа локомотива денес ни е многу потребна за да се зададе првиот од завршните удари на Бенитез.
 

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Ферги кажа дека Бербатов е неговиот Кантона што не се сложувам ама ни малку...ке погреши многу ако го пушти Тевез да замине а на негово место да игра Берба...Тевез е многу многу подобар од него ама ете заради тоа што нема доволна минутажа не е во форма како лани...се гледа дека Бербатов не се вклопува со играта,во Тотенхем играше далеку подобро од сега.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.596
Поени од реакции
22.388
Го знаели некој составот????
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.657
Поени од реакции
11.331
Составот изглегува 30 минути пред почетокот на натпреварот.

Оваа шанса мораме да ја искористиме, мора да ги победиме Портсмут, па макар и со 1-0, важни се трите бода.
Сега ни следат ептен тешки натпревари со Тотенхем и Манчестер Сити, па мислам дека ако не победиме денес дека ќе ја изгубиме титулата.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.902
Поени од реакции
1.304
Се знаеше дека Ливерпул мора да киксне некат,кај можат да издржат докрај на сезона со такво темпо они.Браво и огромно фала до Аршавин и од мене.

Како и да е треба ние да си глеаме за нас,мора да тепаме денес со Портсмут.Ако се мачиме да победиме и со една скапана екипа како Портсмут не заслужуваме титула оваа година.Исто се надевам дека нема смрдлето Бербатов да игра прв состав,бољи Тевез барем ќе трча низ терен ко будала него овој да си го дрви цела утакмица.

ЕДИТ: Ептен ми олесна кога ми текна дека Аршавин не смее да игра во ЛШ :))))
 
Член од
5 март 2009
Мислења
54
Поени од реакции
8
Годинава 80% од муабетите ни се за тоа дали Бербатов или Тевез е подобар и дали бугарот вреди за тие пари или дали вреди Тевез за тие пари или кој е подобар да остане итн итн.....!?!?
Мое мислење е следно.
Прво за Бербатов.Лани освоивме 2 титули и игравме одлично.Нападот ни беше со Руни,Тевез и Роналдо.Саха не го сметам бидејќи скоро цела сезона беше повреден.Јас мислам дека ако останевме само со тие опции во нападот тогаш оваа година немаше да бидеме до толку успешни бидејќи сите други тимови веќе ќе ја знаеја нашата игра и тактика и соодветно на тоа ќе се подготвеа за неа.Мислам дека многу тешко ќе игравме со иста тактика како и лани,а друга работа е што тие тројца играчи се луѓе кои неможат цела сезона да играат на исто ниво и нормално е дека некогаш и ќе се повредат.Со тоа ние губиме на силината на нападот.Прва работа поради која Бербатов беше донесен во МЈ е баш поради тоа да имаме повеќе опции во нападот,но и да смениме дел од играта и тактиката за да другите не се привикнат на нас.Значи Ферги со Бербатов добива сосем други опции за игра и тактика.Од друга страна човекот е веќе готов фудбалер,со големо искуство поготово во ПЛ.За квалитетен е,бидејќи и во Баерн Леверкузен и во Тотенхем давеше голови и тоа поприлично.Штом во тие тимови давал голови сигурно во тим како нашиот тоа треба да му биде уште полесно со оглед на играчите што ги имаме,но освен почетокот на сезоната кога што играше одлично сега падна во играта,но сепак тој не е флеш меморија па некој му го избришал неговото фудбалско знаење и квалитет,тие се тука само треба да излезат на површина.Факт е дека кога играш во МЈ си под голем притисок и понекогаш тој притисок те убива.Видете го Роналдо.И тој не е ист играч како лани.Истото важи и за Берба.А за тоа дека Ферги го зеде него сепак не треба да му ја мислиме бидејќи тој ретко греши кога станува збор за фудбалот и играчите.Играч како Бербатов ни треба и тој ќе остане кај нас дали тоа ние го сакаме или не,а јас верувам дека допрва ќе се покаже,без разлика на тоа како сега игра.Цената можеби му беше превисока,но тој ни беше единствена опција во тој период.
Сега за Тевез.За него не треба многу да се зборува бидејќи сите знаеме каков ѕвер е и каков играч е.Лани тоа го докажа.Сезонава само поради неговото континуирано неиграње во првиот состав е во таа форма во која што е.Можеби тој е жртва поради идејата на Ферги да ја промени играта и тактиката од лани,а и поради доаѓањето на Бербатов.Но и кај него причина за неговата слаба форма е притисокот кој го има за да се покаже кога Ферги му дава шанса.Ако збориме за парите и тој е скап играч бидејќи за да го откупиме договорот треба да платиме 30 мил евра.Но Тевез вреди.
Е сега тука е проблемот за да се одлучи што треба да се направи со нив двајца.
Бербатов е купен лани за скапи пари и сигурно тој нема да го продадат одма.А за Тевез треба допрва да се плаќа со што тој е во малку незавидна позиција.Јас мислам дека и двајцата му требаат на Ферги и на Манчестер,се додека младите Кико и Велбек не добијат доволно искуство и квалитет за да можат да бидат за во првиот тим.Но сигурен сум и за двајцата дека ќе се вратат во форма само ако им се даде шанса.Оваа сезона е пред крај и се надевам ќе биде поуспешна од претходната,а за догодина сигурен сум дека Тевез и Берба ќе си ја вратат формата и ќе не почастуваат со голови.

Уште 45 мин до почеток на натпреварот меѓу МанУТД и Портсмут.Се надевам на сигурна победа,предност од 3 бодови пред Ливерпул и после уште 5 натпревари и да сија земеме титулата во ПЛ.За ЛШ понатаму ќе зборуваме.Поздрав

П.С. Верувајте во МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД и во неговите играчи без разлика за кого станува збор.Најдобри сме.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Луѓе еве една компарација.

Доколку Јунајтед загуби сите сме нервозни,кажуваме работи кои не доликуваат на нас!
Ќе изигра слабо некој(Бербатов во случајов) и сите против него.

Клубот се сака и кога губи и кога победува!
Играчите се подржуваат и кога играат одлично и кога играат очајно!


GLORY GLORY MAN UNITED!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Почнуваме за 10-на минути, како што кажав вчера, очекувам смирена игра, да прокнижиме три нови бода и да одиме чекор поблиску до освојување на титулата:smir:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.669
Поени од реакции
43.558
Луѓе еве една компарација.

Доколку Јунајтед загуби сите сме нервозни,кажуваме работи кои не доликуваат на нас!
Ќе изигра слабо некој(Бербатов во случајов) и сите против него.

Клубот се сака и кога губи и кога победува!
Играчите се подржуваат и кога играат одлично и кога играат очајно!


GLORY GLORY MAN UNITED!
Точно е ова брат..Но тоа го кажувамево афект..Иначе веднаш другиот ден ни се мени мислењете

Ајде со среќа вечер..ќе ни треба..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom