Годинава 80% од муабетите ни се за тоа дали Бербатов или Тевез е подобар и дали бугарот вреди за тие пари или дали вреди Тевез за тие пари или кој е подобар да остане итн итн.....!?!?
Мое мислење е следно.
Прво за Бербатов.Лани освоивме 2 титули и игравме одлично.Нападот ни беше со Руни,Тевез и Роналдо.Саха не го сметам бидејќи скоро цела сезона беше повреден.Јас мислам дека ако останевме само со тие опции во нападот тогаш оваа година немаше да бидеме до толку успешни бидејќи сите други тимови веќе ќе ја знаеја нашата игра и тактика и соодветно на тоа ќе се подготвеа за неа.Мислам дека многу тешко ќе игравме со иста тактика како и лани,а друга работа е што тие тројца играчи се луѓе кои неможат цела сезона да играат на исто ниво и нормално е дека некогаш и ќе се повредат.Со тоа ние губиме на силината на нападот.Прва работа поради која Бербатов беше донесен во МЈ е баш поради тоа да имаме повеќе опции во нападот,но и да смениме дел од играта и тактиката за да другите не се привикнат на нас.Значи Ферги со Бербатов добива сосем други опции за игра и тактика.Од друга страна човекот е веќе готов фудбалер,со големо искуство поготово во ПЛ.За квалитетен е,бидејќи и во Баерн Леверкузен и во Тотенхем давеше голови и тоа поприлично.Штом во тие тимови давал голови сигурно во тим како нашиот тоа треба да му биде уште полесно со оглед на играчите што ги имаме,но освен почетокот на сезоната кога што играше одлично сега падна во играта,но сепак тој не е флеш меморија па некој му го избришал неговото фудбалско знаење и квалитет,тие се тука само треба да излезат на површина.Факт е дека кога играш во МЈ си под голем притисок и понекогаш тој притисок те убива.Видете го Роналдо.И тој не е ист играч како лани.Истото важи и за Берба.А за тоа дека Ферги го зеде него сепак не треба да му ја мислиме бидејќи тој ретко греши кога станува збор за фудбалот и играчите.Играч како Бербатов ни треба и тој ќе остане кај нас дали тоа ние го сакаме или не,а јас верувам дека допрва ќе се покаже,без разлика на тоа како сега игра.Цената можеби му беше превисока,но тој ни беше единствена опција во тој период.
Сега за Тевез.За него не треба многу да се зборува бидејќи сите знаеме каков ѕвер е и каков играч е.Лани тоа го докажа.Сезонава само поради неговото континуирано неиграње во првиот состав е во таа форма во која што е.Можеби тој е жртва поради идејата на Ферги да ја промени играта и тактиката од лани,а и поради доаѓањето на Бербатов.Но и кај него причина за неговата слаба форма е притисокот кој го има за да се покаже кога Ферги му дава шанса.Ако збориме за парите и тој е скап играч бидејќи за да го откупиме договорот треба да платиме 30 мил евра.Но Тевез вреди.
Е сега тука е проблемот за да се одлучи што треба да се направи со нив двајца.
Бербатов е купен лани за скапи пари и сигурно тој нема да го продадат одма.А за Тевез треба допрва да се плаќа со што тој е во малку незавидна позиција.Јас мислам дека и двајцата му требаат на Ферги и на Манчестер,се додека младите Кико и Велбек не добијат доволно искуство и квалитет за да можат да бидат за во првиот тим.Но сигурен сум и за двајцата дека ќе се вратат во форма само ако им се даде шанса.Оваа сезона е пред крај и се надевам ќе биде поуспешна од претходната,а за догодина сигурен сум дека Тевез и Берба ќе си ја вратат формата и ќе не почастуваат со голови.
Уште 45 мин до почеток на натпреварот меѓу МанУТД и Портсмут.Се надевам на сигурна победа,предност од 3 бодови пред Ливерпул и после уште 5 натпревари и да сија земеме титулата во ПЛ.За ЛШ понатаму ќе зборуваме.Поздрав
П.С. Верувајте во МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД и во неговите играчи без разлика за кого станува збор.Најдобри сме.