Значи ДЕБАКЛ...КАТАСТРОФА..како сакате...Тоа ти е,вие како сакате но јас од оваа утакмица не го сметам више Видич за добар,а не за најдобар...иако играше цела сезона одлично,со оваа утакмица се покажа најкатастрофално и ова нема никогаш да го заборавам...се почна супер..имавме игра,резултат и наеднаш Видич прави катастрофална грешка и одеднаш натпреварот доби непосакуван тек..само поради една грешка..уште тогаш ми беше јасно колку е саатот бидејќи Ливерпул си зема некако слобода во играта,но како фан на Јунајтед сепак имав надеж...Пеналите и за Јунајтед и за Ливерпул беа чисти како солза,црвениот картон беше и повеќе од заслужен..головите беа чисти,немаше никаква замерка за судијата..значи се на се Заслужена и Голема победа на Ливерпул...е сега ми е страв да не паднеме на психолошки притисок и да не фати некоја криза во играта баш сега кога е најпотребно...не се сеќирам за титулата бидејќи не е ништо загубено,но многу повеќе боли пораз од најлутиот ривал...