Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Покрај овие муабети за црвените картони и нивното поништување ми падна на памет едно друго размислување.
Зошто може да се поништуваат црвени картони доделени на играчи кои значат многу за еден тим и кои можат да решат натпревар(но ова може да се однесува и на сите играчи подеднакво),а зошто не се поништуваат голови дадени од офсајд или со рака кои влијаат на резултатот,или не се признаваат голови кои се дадени од регуларна ситуација,но се поништени по грешка на судиите???
Сите овие ситуации,дали станува збор за црвен картон на играч или за поништен или признаен гол влијаат на играта и на резултатот,а не се ценат и уважуваат подеднакво.:toe::tapp:
Браво! Ценам логички размислувања. Иако е далеку од вистината, логиката е точна. Штом веќе поништуваат погрешни одлуки на судиите, треба да се поништуваат и сите погрешни одлуки. А тука спаѓаат секако и погрешно признаени или поништени голови кои влијаат на играта, резултатот и на моменталната или воопшто на крајната позиција на табелата. Навистина тоа е исто. Тоа ќе биде уште посовршена заштита од лошите суденња на судиите.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442

И мене тоа не ми е јасно...па зошто се поништуваат тие црвени картони?Од каде тоа правило?Кога додели судијата црвен,значи потоа следува казна од 1,2,3,5 било колку натпревари според сериозноста на фаулот...а не да се укинува...и ако тоа се смета за голема грешка на судијата,зошто истиот судија суди нареден натпревар-нели треба според грешката да биде казнет и санкциониран?Ретки се случаевите во другите лиги со поништување на картоните,ама во Англија тоа станува секојдневност...:toe:
 
N

navivacka

Гостин
Исто и јас се чудам,Англија е најсилната лига во светот ама заради тие нивни погрешни одлуки ги уништуваат дел од натпреварите...Ете на пример натпреварот Ливерпул-Челзи Лампард си доби картон за ништо а додека Џерард при еден старт си заслужи картон ама не му доделија,имаше и една друга работа,кога Босингва беше до корнер знаменцето и го удри некако Бенајун ама не доби картон...
Се прашувам зошто Ферги не поднесол жалба заради Руни?па можеби ке имал срека да го повлечат ако веке повлекуваат туку така картони.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.555
Поени од реакции
6.242
некои натпревари се уништуваат по грешка на судијата а некои почнуваат по грешката :toe:
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
23
Поени од реакции
0
Покрај овие муабети за црвените картони и нивното поништување ми падна на памет едно друго размислување.
Зошто може да се поништуваат црвени картони доделени на играчи кои значат многу за еден тим и кои можат да решат натпревар(но ова може да се однесува и на сите играчи подеднакво),а зошто не се поништуваат голови дадени од офсајд или со рака кои влијаат на резултатот,или не се признаваат голови кои се дадени од регуларна ситуација,но се поништени по грешка на судиите???
Сите овие ситуации,дали станува збор за црвен картон на играч или за поништен или признаен гол влијаат на играта и на резултатот,а не се ценат и уважуваат подеднакво.:toe::tapp:
Другар добра ти е замислата но сепак се губи една од најважните работи, а тоа е прославата после победа, ако се воведи ова што ти го зборуваш тогаш после секоја утакмица никој од тимовите нема да знае дали стварно победиле и постојано ќе се чека последната одлука на ФА, а тогаш стварно би се загубила и смислата на спортот кога половина утакмица би се решавала на маса.
Поздрав
 
Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.867
Поени од реакции
1.249
Е ако ова е нешо посериозно у курац све нека иде!

Cristiano Ronaldo of Portugal leaves training with ice left leg

The practice of selection of Portuguese in the morning Tuesday in the town of Óbidos was marked by problems. After Deco, did not participate in the move to be recovering from a muscle injury, was the time for Cristiano Ronaldo to leave the training feeling pain in left leg.
The ace of Manchester United came out with a ball of ice in place. The selection performed by Carlos Queiroz is yet another period of training this Tuesday.

Јунајтед ќе игра во Audi купот

4 тимови кои спаѓаат во едни од најдобрите во светот ќе играат во Ауди купот,меѓу кои ќе биде и светскиот шампион Манчестер Јунајтед,Милан,Баерн Минхен и Бока Јуниорс.Ќе се играат во Германија ова лето.
Audi Cup 2009

Wed 29 July
United v Boca, Bayern v Milan

Thu 30 July
United v Bayern/Milan, Boca v Bayern/Milan

Резерви: Боро 0-1 Јунајтед

Barclays Premier Reserve League
Riverside Stadium, 24 March 2009

MIDDLESBROUGH 0

MANCHESTER UNITED 1
Eikrem (14)

Тоа најдов од новостите за денес.
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Другар добра ти е замислата но сепак се губи една од најважните работи, а тоа е прославата после победа, ако се воведи ова што ти го зборуваш тогаш после секоја утакмица никој од тимовите нема да знае дали стварно победиле и постојано ќе се чека последната одлука на ФА, а тогаш стварно би се загубила и смислата на спортот кога половина утакмица би се решавала на маса.
Поздрав
Затоа рековме дека не треба ФА да донесува одпосле одлуки. Истото да важи и за картоните. Штом се доделени, да не ги поништува, а судиите нека ги казнува соодветно ако грешеле. Не вреди и поништувањето ако некој судија со некоја одлука "го запустил" натпреварот.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
121
Поени од реакции
7
мислам дека тоа за Роналдо не е ништо сериозно Феги и Кирош се знаат многу добро па вој ( Кирош ) ке го поштеди максимално Роналдо од интернационални настапаи оти на Јунајтед му следуваат неколку многу важни натпревари :) се надевам дека сум во право но ако не е така ..... ќе биде многу лошо :S
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.635
Поени од реакции
43.391
Се надевам дека не е сериозно за Роналдо..Уште тоа ни фали и таман да станеме најбаксузен тим оваа година!(кога се во прашање повредите и картоните)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.555
Поени од реакции
6.242
а да нема нешто завиткано на ногата на роналдо а не да му е издуено? :pos2:
шала на страна.колку и да изгледа сериозно на прв поглед мене ми стои како лесна повреда :toe:
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Се надевам дека не е сериозно за Роналдо..Уште тоа ни фали и таман да станеме најбаксузен тим оваа година!(кога се во прашање повредите и картоните)
Па не е баксуз тоа што сколс им влезе со нога во џигери:):):)
иначе нареднава мора да ја тепаме иначе....:tapp: ќе влеземе во ,,форма‘‘:tapp::kesa:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ако треба наредната сезона да не ја освоиме ПЛ, оваа мора, затоа што веќе преку глава ми е од лузерите Ливерпул кои при секоја дебата за најдобар англиски клуб се фаќаат за најтрофејниот. Подосадни се и од фан клуб Милан, кои имаат прирачник за порази. Кога ќе загубат, првата точка им вели: 1. Blame it on Kaka`. А не сфаќаат дека горе - доле исти сме, само што за 5 години максимум, Манчестер верувам дека и те како ќе се издигне на врвот. Што се однесува до картоните, премногу ми е сомнително ова во последно време, затоа што ФА цело време ги поништува црвените. Тери и Лампард сигурно имаат едно 10 поништени црвени картони и тоа без некоја причина, но ова што се случува во последниве кола е капак. И не губете верба, аман, спорт е ова, се` може да се случи, но Ферги има преголемо искуство да прокоцка титула во завршницата на првенството.
Што се однесува до Роналдо, не е сериозно, затоа што ако беше посериозно, досега на сите можни светски медиуми ќе беше неговата повреда, а тешки повреди со мраз не се лечат.

Сакав да прашам: Колку што забележав прееска на официјалната страна на премиерлигата, наредното коло е дури после првиот двомеч од четвртфиналето, што значи викендов ќе нема премиерлига или јас сум ќорава? :)
 
Ф

Фил Ајви

Не си ќорава :pos:, се играат квалификации за светско првенство.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Браво! Ценам логички размислувања. Иако е далеку од вистината, логиката е точна. Штом веќе поништуваат погрешни одлуки на судиите, треба да се поништуваат и сите погрешни одлуки. А тука спаѓаат секако и погрешно признаени или поништени голови кои влијаат на играта, резултатот и на моменталната или воопшто на крајната позиција на табелата. Навистина тоа е исто. Тоа ќе биде уште посовршена заштита од лошите суденња на судиите.
И јас го велам истото, се губи убавината на фудбалот со овие казни, комисии, поништувања на картони и разноразни глупости. Или ќе им се поништат картоните на сите по мечот, или на никој?
И каков е тој критериум кој одлучува чиј картон ќе биде поништен а чиј картон ќе биде дополнително анализиран и казната ќе биде продолжена? Има нешто записник, кодекс? Зошто во јавност не кажат кои картони би биле поништувани и не ги стават на официјалната страница на ПЛ каде што се правилата? Баш ме интересира. Се плашам и Премиерлигава да не стане боранија како Калчото.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.555
Поени од реакции
6.242
абе добро е вака како што е.:toe: оправдано е да се поништуваат црвени картони(играчот е исклучен од мечот на кој го добил картонот но може да игра на следниот) а како што викате да ги поништуват головите(би требало да не им важат гол на следниов натпревар што нема никаква логика) се надевам свакате што сакам да кажам :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom