Многу е лошо кога ќе треба да се бориш со "виша сила". А тоа е спортската несреќа или ако сакате подобро речено "малер". И уште нешто многу важно кое доаѓа како капак на малерот, а тоа е опструкцијата од ФА. Јас досега не паметам во ниедна лига ако некој клуб игра во Вторник во Лига на Шампиони, предходно да игра во Недела во редовната лига. Обавезно секаде се преместуваат во Сабота тие натпревари дури и ако се за во Среда закажани по распоред за во ЛШ, а камо ли за во Вторник. Јас сепак сум убеден дека ФА иако си зема за право да му наштети на Манчестер (во рамките на своите ингиренции), сепак не би си дозволила ваков срам да остави еден клуб кој на крај сепак ја претставува Англија, да има само еден ефективен ден пауза за натпревар во лигата на шампионите. Додека на друго поле, можи да прави што сака. Нека ги укинува картоните на противниците на Манчестер за да можат полесно да се справат со шампионот. Навистине сега и јас забележав дека ова стана практика кога некој клуб ќе добие црвен картон пред натпреварот со Манчестер, Фа да му го укине па играчот најнормално да си продолжи. Па кога е така да упатиме апел до сите играчи и екипи на предходните натпревари пред да играат со Манчестер, можат и пиштоли да употребат на теренот. Нема да има проблем бидејќи тие црвени картони исто како да не постојат. Истото се случи и со Тери од Челзи, сега и со Фридел,.... Не мора Ферги да бара ништо за Руни. Можеби ионака би го чувал за ЛШ, па не сака да им се понижува на ФА. Но да бидам искрен, секој играч ни е потребен и за едниот и за другиот натпревар. Но да се надеваме дека со трпение, разум и мудрост, како и секогаш така и сега Ферги ќе ја употреби неговата големина во фудбалот и ќе докаже дека сме силни за било какви кризни моменти и дека можеме да ги издржиме. Не се секирајте не може вечно судиите да помагаат на другите тимови. Пример за тоа е и Челзи кој редно беше да си ја завршат еуфоријата која ги зафати после доаѓањето на Хидинк. И ливерпул мисли дека можи да ја промени сега вселената, ама ќе видиме до кога. И јас често пати сонувам убави нешта и посакувам сонот никогаш да не престане, ама сепак наутро ќе се разбудам и ќе видам каде сум
. Поздрав до сите фанови од мене. Неколку дена немав прилика да ви пишувам. Да ни е здрав и жив и да продолжи да биди незапирлив нашиот Манчестер Јунајтед!