Фан Клуб: Македонија Ѓорче Петров

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.938
Поени од реакции
899
Позз АЦАБ многу ни фалеше уше малце без тебе и ќе се убиевме...дај информации за утакмицава против карбинци...
 

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Лена е Ѕвер , човекот е незаменлив у средина . Секоја чест еден од најдобрите играчи кај нас :helou:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Позз АЦАБ многу ни фалеше уше малце без тебе и ќе се убиевме...дај информации за утакмицава против карбинци...

Немам информации брат пошо никој не бил денеска,утре ке се распрашам кој како изиграл и ке пишам тука се...
 

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Eве како течел резултатот на Куп Мечот со Карбинци .


Купот на Македонија започнат со победа !!!

Како што веќе ве известивме, вчера се одигра шеснаесет финалето во купот на Македонија. Иако се судривме со противник од многу помал калибар сепак тој не беше потценет. Натпреварот се играше во гости, и повторно со убедлив резултат беше совладан противникот. Натпреварот заврши 1:4 за екипата на Македонија Ѓорче петров. Се играше во Штип пред 500 гледачи.
Во купот на Македонија, како и во првата лига на првенството, тимот на Македонија Ѓорче Петров е еден од фаворитите за освојување на титулата.
За време на првото полувреме гостите ја имаа целата контрола на играта, но не се форсираа и играа смирена игра со прецизно изградени акции. Во 25' Илиевски го постигна првиот гол за водство. После овој погодок се множеа и други шанси но за жал ниту една не заврши во домашната мрежа. Во второто полувреме опсадата на домашниот гол продолжи. Во 54' Лена постигна гол и со тоа гостите се здобија со предност од 0:2. И кога изгледаше дека натпреварот е веќе решен домашниот играч Темелков во 55', постигна гол за 1:2. После овој гол се играше посериозна игра, домашните водени од публиката се заканија на неколку пати но сепак тоа беше безуспешно. До крајот на натпреварот во 83' и 85' Лена постигна уште два гола, за финален резултат од 1:4.

Класика во Ѓорче :vozbud::vozbud::vozbud:

Во недела со Слога
!!!



27.08.2009
Се уште не можеме да кажеме дека играчите на Македонија Ѓорче Петров го даваат својот максимум во натпреварите од првата лига. Но се надеваме дека кај да е таа машинерија за победи треба д проработи, натпреварот со Слога е погоден за таков почеток.
Во денела, 30.08.2009 година, се игра четвртото коло од првата лига на македонското првенство. Играчите на Македонија Ѓорче Петров своите сили ќе ги пресметаат со играчите на Слога. Натпреварот се игра на несовладливата тврдина во Ѓорче. Се надеваме на не многу тежок натпревар, но и на многу интересен натпревар, натпревар со многу голови како што можат да ни приредат голгетерите на тимот.
Ги повикуваме сите љубители на тимот во недела да дојдат на стадионот во Ѓорче и од се срце да ги бодрат боите на нивниот тим. Колку што бројот на навивачите ќе биде поголема, толку и атмосферата на теренот ќе биде поинтересна за гледање. Да се надеваме дека и овој пат ќе покажете како треба да се бранат боите на својот тим.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Натпреварот се игра на градскиот стадион во Штип, а штипјани ќе ја имаат честа да ја гледаат играта на фудбалскиот шампион на Македонија и се разбира да научат по нешто.

Најавта за натпреварот...:pos2::pos2:
 

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Натпреварот се игра на градскиот стадион во Штип, а штипјани ќе ја имаат честа да ја гледаат играта на фудбалскиот шампион на Македонија и се разбира да научат по нешто.

Најавта за натпреварот...:pos2::pos2:
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: Секоја чест за ова АЦАБ .
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Во недела нема да играме со Слога Југомагнат, во тој термин ќе се играат заостанатите натпревари од 4 Коло. Па така натпреварите од 5 Коло ќе се играат на 13 Септември. Остај го човекот што пишува на страната на Македонија Ѓ.П. зашто не верувам дека знае нешто повеќе за клубот, и во глобала тоа се ТВ навивачи кои навиваат за Реал, Барса, Интер, Милан, Челзи...........
 

F i c O

Шампион во домино на 100м
Член од
17 септември 2008
Мислења
233
Поени од реакции
5
Во недела нема да играме со Слога Југомагнат, во тој термин ќе се играат заостанатите натпревари од 4 Коло. Па така натпреварите од 5 Коло ќе се играат на 13 Септември. Остај го човекот што пишува на страната на Македонија Ѓ.П. зашто не верувам дека знае нешто повеќе за клубот, и во глобала тоа се ТВ навивачи кои навиваат за Реал, Барса, Интер, Милан, Челзи...........
200 % си во право... Не знаат уште стадионот каде и тие се врвни критичари за светскиов фудбал , а па да не збориме за Македонскиов...:toe:
 

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Во недела нема да играме со Слога Југомагнат, во тој термин ќе се играат заостанатите натпревари од 4 Коло. Па така натпреварите од 5 Коло ќе се играат на 13 Септември. Остај го човекот што пишува на страната на Македонија Ѓ.П. зашто не верувам дека знае нешто повеќе за клубот, и во глобала тоа се ТВ навивачи кои навиваат за Реал, Барса, Интер, Милан, Челзи...........
Во право си друже нема што . Тоа е реалноста :toe:
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Позз АЦАБ многу ни фалеше уше малце без тебе и ќе се убиевме...дај информации за утакмицава против карбинци...
Еве една репортажа од мечот со Карбинци.
www.lavovi1992.net/2009-10sezona/vesti/8vest26-08-2009.html

200 % си во право... Не знаат уште стадионот каде и тие се врвни критичари за светскиов фудбал , а па да не збориме за Македонскиов...:toe:
Поради такви позначи на фудбалот веќе не ја следам сениорската репрезентација.
 

P-S-G

ЃОРЧЕ НАД СЕ ДРУГО...
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.087
Поени од реакции
20
Iron Lion Zion брат во право си дека треба да им се дозволи на помалите екипи да играат Куп натпревар во своите места ама дали имаат услови за тоа како на пример соблекувални . Неможе странциве кај нас да ги носиш у КАрбинци у штала да се пресоблакаат . Кај ни е батал првенствово и има по убаво да не памтат во кариерата и да не кажуваат кога ќе отидат дома кај нив па да не им се дозволи еден туш да удрат после утакмица ќе биде капак на се . Не сум баш сигурен дека на сите треба да им се дозволи да играат во своите места .:toe:
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Iron Lion Zion брат во право си дека треба да им се дозволи на помалите екипи да играат Куп натпревар во своите места ама дали имаат услови за тоа како на пример соблекувални . Неможе странциве кај нас да ги носиш у Карбинци у штала да се пресоблакаат . Кај ни е батал првенствово и има по убаво да не памтат во кариерата и да не кажуваат кога ќе отидат дома кај нив па да не им се дозволи еден туш да удрат после утакмица ќе биде капак на се . Не сум баш сигурен дека на сите треба да им се дозволи да играат во своите места .:toe:
Според правилата на ФФМ, за настап во 3 Лига треба да се има оградено игралиште и соблекувални.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Според правилата на ФФМ, за настап во 3 Лига треба да се има оградено игралиште и соблекувални.
А во Карбинци како што знам нема ни едно ни друго.

Него пред некој ден прочитав и ми кажа еден другар дека утакмицата со Слога ке се играла во Штип ???
-Вистина е ова или само уште бламажа од страна на ФФМ ??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom