Слики од Лавови нема, а некои дечки кои беа во Софија носеа апарати, ама онака од трибина сликаа, не ги знам кој се. Овие слики што ги ставив на форумов, ги најдов по саати и саати барање (можеби и денови барање) низ разни Бугарски сајтови. За среќа на некои од фотките сме фатени и ние.
А Сабер што прашуваше зашто така оставен сам трансот, тоа бидејќи џандарите не даваа да се стави доле, а едино добро место беше тоа или пак оградата на гостинскиот сектор што се користи само за утакмици од Бугарско првенстово, ние бевме на 2/3 метри од трансот, а и немаше шанса да се изгуби, зашто таму каде што ние бевме сместени целиот сектор беше обезбеден од џандари и желки. Секторот беше за 2/3000 луѓе, нас не имаше 50 души а никој друг немаше пристап во него.
Утакмицата беше играна на стадионот на ЦСКА Софија, кој се вика Бугарска Армија.