Фан Клуб: Македонија Ѓорче Петров

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
FD3B5EEE-B914-4400-B909-3E5B7F3A89CC.jpeg Македонија Ѓ.П. - Искра 0-0

За нас полн погодок.(y)
Рамноправен противник во секаков поглед бевме денес. Се виде дека со подобри екипи можеме само преку контри. Ама за контри треба да имаш шпринтери што нема јазикот да им биде до земја после вториот шпринт.
Тантуровски имаше шанси од контра два пати да даде завршен пас, еднаш до Кировски, втор пат до бразилчето. Едвај дотрча а камоли да ја додаде :D. Колку ни е очаен фудбалов алооо па за кој курац идат на припреми овие бе?!
Имавме и пречка исто од корнер со глава, сите рипнаа мислеа дека е гол.
За Искра сме традиционално тежок противник:cool:. А да бидеме реални и на нив како да не им се играше денес и беа со паметот за утакмицата у ЛЕ. И тие имаа две добри шанси и исто толку полушанси. Воглавно за нас пуна капа. Бекчето бразилецот и Робињо стандард добри, стабилен Нето штоперот, Кировски се враќаше дури до 20 метри на наша половина за да помогне, дисциплинирано и со желба.
Следна недела сме на Филип 2 против Вардар.
Ајде Ѓорче!
:oeoeoe:
 
Последно уредено:

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Леле тој Тантуровски 3 контри зае*а, првата ја рогна без усул, втората и третата проба да асистира али катастрофално подаде во двата случаи и му ја земаа.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Да не го глеаше некој дуелот во средата? Знаете со што состав сте играле?
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Да тибам и фудбал и Маџари и се да тибам.
До Тетово побрзо ќе стигнев.

Како прво.
Бива ли бе клуб ко Вардар да игра у јебено Маџари заради долгови бе? Бива ли? Па на Балкан колку клубови се у долгови па не можат ни да замислат да играат надвор од домашниот терен. Резил!

Второ.
Рамноправен а можам да си земам слобода да кажам и за нијанса подобар противник од Вардар бевме на утакмицава.
Вардар е за греота.
Да земат играчиве наши да се обесат сите на тоа карабината у Маџари.
Па што ку* сакате бе љангари? Играте у гости. Колку шанси сакаат не ми е јасно!? Да се тргне голманот да дадете гол? Можевме комотно да си зееме три бода и да си бегаме за Ѓорче.
У прво полувреме имавме 3 зицера и 2 полушанси и у 42 мин примаш гол од пенал:facepalm:. Вардар цела утакмица имаше 2 шанси и два шута во рамки на гол. Едниот шут беше пеналот.
Марко Јовановски пак како со Пандев прави лоша проценка и го собра.
Одбраната стандард ни е добра.
Левото бекче е струја. Братот трето коло по ред е најдобар играч за нас. Каков продор имаше во второ полувреме и шут ко Марсело. Штоперот Нето е тенк, еден дуел не му земаа.
Робињо у средина исто добар, ја држи цела средина.
И доаѓаме до најголемиот проблем во екипата. Крила и напад!
Добро бе после вториот шпринт душа немаат бе алооо.
Па не можеш да очекуваш од Боби Божиновски да ти трча бе.
Братот и со тие години и со таа килажа е најдобар на терен. Крилава се без душа после вториот шпринт. Па еден на еден влези бе зошто е крило. Оној Адеми мочконо толкав човек се плаши еден на еден да влезе. Кировски љангарон нека не глуми голем играч у Ѓорче такви фраери не поминуваат. Глуми пети мети три шанси ги усра.
Од трибина му викаат уште фаци ќе прави.
Неаме шпиц друг. Мора да поработат да ископаат некој.
Три кола, имаме гол разлик 1:3. Два гола иаме промено од пенал. Еден јебен гол дадени во три кола. Ја разбирам дека не се уаиграни ама нема време за чекање. Ако киксне Клајне следната со Ренова дома нека не чека да му дадат отказ, сам нека си иде.
Иначе пола трибина беше за Вардар пола за Ѓорче. Ааа уууу добра атмосфера се на се. :) На крај имаше дешавка дојде Берсегјан на половинава кај што бевме ние од Ѓорче, овие го пцуеја и овој почна нешто да враќа. Почнаа да го гаѓаат со лименки, со шишиња, се пцуеја тука и на крај стандард ѓорчевска закана “Ќе доеш ти у Ѓорче све ќе ти ебам”:D. Братот ќе го збудалат кога ќе се игра кај нас. :D
И така заврши неделното попладне, си запаливме аутата и со цефка у раце си тргнавме накај Ѓорче.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Скопско дерби.
Вардар - Македонија Ѓ.П. 1/8 Куп на РМ
19 септември прва утакмица.

Ајдеееее 7 утакмици со Вардар ќе изиграме полусезонава ебате. :eek::D
Единствена прволигашка двојка во Куп .
Ама не очајуваме бидејќи покажавме дека сме тука со квалитетот и можеме да се носиме со Вардар во секој поглед. Минатава недела на 8-ми септември на пријателска ги избушивме 3-0. Пред почеток на првенство исто ги тепавме. На утакмицата у Маџари направивме 10 зицера и изгубивме несреќно со гол од пенал.
Полека ќе влагаме во форма. Ако го поминеме Вардар освајаме годинава Куп.
Mark my words. :cool::D
Само Ѓорче!
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Интересно очекував дека лесен пат ќе имате за купот..
Нема ништо лесно во животот. :D
А и реално ако исфрлиш еден фаворит имаш големи шанси да стигнеш далеку во Куп. Ако го исфрлиме Вардар ќе тераме до финале. Сигурен сум.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.171
Поени од реакции
5.825
ofanzivcite od brazil sto gi donesovte do tolku li se otepani sto vo posledno vreme ednas duri desniot bek filip stojanovski go pustivte kako krilen napagac? defanzivcite i vezniot gledam vi se pogodija od toa sto go vidov, ama tie napred mora da se mizerni koga pri tolku slaba konkurencija dremat na klupata...
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Има некој информација сеа колку долго ќе отсуствува Нето и колку е сериозна повредата? Реално лошо е ако долго отсуствува оти не ни имате трет стопер во составот, Мартин Блажевски го користите ко резервен стопер но последниот натпревар и него го немаше (и он ли е повреден?) па крпевте со Филиповски ама он доби црвен... Се надевам бар Мартин ќе се врати за утре оти немате никој соодветен кој да крпи таму (Мартин бар лани во Втора лига цело време го игравте ко стопер ако не се лажам).

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Кретениве го дале Жунињо у Вардар бе ццц.:eek:
Па барем дај го у странство на лето, земи добра парица.
Ич не не бива добра пара да извадиме од играчи. Ич!
Добро е Робињо да не го дадат. Ја држи цела средина братот. Најдобар играч ни е.
Ги шутнале Џеферсон и преценетиот Паулиста.

Донеле двајца бразилци. Едниот штопер другиот лев бек.
Штоперот заедно со Нето ќе газат. По тоа што го видов на you tube ми остави многу добар впечаток.
Левиот бек како паташон е. Тоа што го видов ич не ми се свиѓа.
Се чека потврден одговор од Стјепановиќ да се врати во матичниот клуб.
Ни треба крило и шпиц замена за Кировски.
И нов тренер. Клајне голубарот да го шутнат.

На 19 јануари се оди за Анталија. Таму се очекуваат некои нови играчи на проба и спремни сме да лапаме Куп годинава.:)
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
А сигурно ли е тоа за Жунињо? Оти на спортмедиа пишаа само дека имаат интерес за него но не дека е потпишан. Башка не ли би требало отштета да платат ако го земат (со оглед на тоа што уште има договор со Македонија ЃП)?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom