Фан Клуб: Македонија Ѓорче Петров

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Ги знаеш од Бразилците кој која позиција игра?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
456
Поени од реакции
1.385
Ги знаеш од Бразилците кој која позиција игра?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
„Самба“ во Ѓорче Петров ќе играат Робсон да Силва (22), Леовижилдо Жуниор (22), Жан Карлос Дос Сантош Оливеира (24) и Карлос Да Силва Робињо (23). Робсон настапува на стоперската позиција, Жуниор е лев бек, додека Оливеира и Робињо настапуваат во офанзивната линија
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Ги знаеш од Бразилците кој која позиција игра?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Робињо е тој у средина. Жунињо е левиот бек. Џеферсон и Педро се напаѓачи. Нето Бианор е штопер. И тој аргентинецот бил одбрана само камен бил.
Оливеира што го најавуваа како добар шпиц у Португалија што играл го шутнале уште у Банско на припреми. Братот бил страшна атлета ама бил скроз неспремен.

Во преодниов период заборавив да пишам дека сме го земале најдобриот стрелец во Втора лига, Адеми од Гостивар. Им даде два гола на припреми на тие шампионите од Туркменистан.
Слушам имало простор за уште еден-двајца да се земат.
Само сум скептик за тренерот. Не е капацитет. Мислам дека ќе лета на сред полусезона.[DOUBLEPOST=1532868498][/DOUBLEPOST]
легенди! сите на латиница, само Колеќески на кирилица :ojeaa:
А бе ај. Аматерски ептен. :D
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Филип Петров, Мартин Христов, Иван Настевски, Стефан Лазаревиќ и Алексо Новески уште се со клубот или си заминаа летово? Оти не ги приметив да играат на пријателските дуели.
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Филип Петров, Мартин Христов, Иван Настевски, Стефан Лазаревиќ и Алексо Новески уште се со клубот или си заминаа летово? Оти не ги приметив да играат на пријателските дуели.
Мартин Христов и Настевски мислам дека се само останати.

Во среда е ждрепката за новата сезона.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Прво коло со Академија Пандев у Струмица.
Второ коло со Искра во Ѓорче.
Трето коло со Вардар у гости.

Значи после трето коло лета тренерот.
Пребрзо. Му прогнозирав после средина на септември дека ќе лета.:D
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Хахахаха ми ја прочитаа идејата :D(y).
Добра идеја, лош дизајн!
Па добро бе каде со ваков дизајн?
Дете од 3 одд. да му дадеш подобар дизајн на маици ќе направи. Башка нема избор. Само сива маица? Па направи неколку пара бе. Не е само опни на фб сезонска крта + маица 1 500 ден. Треба да направиш маркетинг, леточиња низ продавници у Ѓорчево раздели, излепи плакати, нешто видео од играчиве како бараат да се купат сезонски ова она...Да те натераат да станеш од кревет за да одиш да купиш сезонска. Како бе неаме луѓе што мислат у фудбалов бе?! Малце мозок. Доволно е да гледаш како функционираат балкански клубови. Ништо повеќе.
Ај да беше дрес ОК. Ај еве и вака нека е ако е целта да се помогне на клубот... ок ајде, ама дај не ме зезај со маициве. :D
Преодна оценка за идејава само нека се консултираат со познавачи.:cool:
Башка каде со латиница објавава? КА-ДЕ?
Клуб со име Македонија Ѓорче Петров со латиницава?! Па да личи малце...ахх беее!:neetaka:

5248BDD5-E2F2-478F-8055-554E54D23285.jpeg
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
A3E5EFD3-531F-44E7-B1CD-2C46B94C8F4C.jpeg

Ааа нема заебанција со нас годинава.:D Братов го има на you tube како кине.
Ваков циго-курназ ни треба.(y)
Иначе играл за младинска школа на Гремио. Го има на тренинг со Сколари у Гремио на слика. Има и неколку клипа на you tube. Не е мерило тоа ќе го видиме у живо ама по ова што го гледам доообаарр!!!(y)
Играл за Сампајо Кореа(од годинава второлигаш) и за Американо (третолигаш).
Петти бразилец во Ѓорче.
Спремни ко узи. Нека дојде кој сака.
:oeoeoe::uzi::D
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
5.90 за вас со Пандев. Wtf? Јас очекував накај 2.75
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
5.90 за вас со Пандев. Wtf? Јас очекував накај 2.75
Каде тоа? :) Ко со Реал да играме па 5.90 хахахаха. :D[DOUBLEPOST=1533995774][/DOUBLEPOST]Едно мало резиме пред почетокот на сезоната. :)

Утре во 17 ч. во Турново започнува патот во Прва Лига за гордоста на западниот дел на главниот град. Во 16-та сезона како прволигаши не влегуваме наивно. Напротив. Влегуваме со сета традиција и со бекраунд како име што нешто значи во нашиов (жален) фудбал. Влегуваме таму каде што ни е местото. Во новата сезона каде има 8 поранешни шампиони и 7 куп освојувачи влегуваме со нова надеж за стабилизација на клубот кој од 2010 г. не може да застане на здрава основа кога клубот беше буквално жртвуван заради лични интереси на х ликови со цел покривање на нивни мутни работи. Клубот не виде денар од трансферите на најдобрите играчи а поединци видоа многу. Ѓорче не се предава. Преживеавме!

Убеден сум дека сезонава нема да направиме влези-излези како претходните. Припреми во Банско се направија, се донесоа бразилци што не се бивши конобари и имигранти плус со неколкуте проверени имиња како Марко Јовановски, Кировски, заедно со Боби Божиновски и неколку деца од школата, воопшто нема да бидеме спотери. Финансиски сме стабилни и ги имаме сите карти во рака за опстанок. Не очекува долга сезона. Првите кола ни се доста тешки и тоа ќе биде сигнал каде може да се движиме сезонава на табела.

Ајде Ѓорче!
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Ајјј ајјј ајјј каква мизерија од фудбал.
Ова е жалосно. Треба сите играчи на терен да им платат на луѓено што се печеа ко гуштери на времево.
Големо очекување а срамна утакмица за нас. Левото бекче бразилчето и Робињо у средина најјаки играчи денес. Кинат! Што е ова бе шпринт неможат да направат 10 метра бе?! Што кур ги спремал оној Клајне да тибам тренерот, ај изгуби следната со Искра у Ѓорче и иди си ебате неспособниот.
Марко Јовановски иако го направи пеналот за 2:1 не е во никој случај крив. Им фати 6 зицери. Бекчето бразилецот го ораше теренот. Десниот бек Пецов не постоеше на утакмицава. Ја имаме најлошата двојка штопери. Кој ми кур со оној Мишевски драчеецон бе? Па сите зицери од кај него ги направија тибам кромидарот.
У средина Робињо братот немаше изгубена топка. Добар играч.
Боби Божиновски со 40 години беше исто најдобар покрај бразилциве. Кога Боби е најдобар играч јасен како ден е резултатов.
У прво полувреме тој Џеферсон крилото не се состави со топка и на полувреме го стави Тантуровски. Џеферсон братот денес не се состави со топка. Добар беше и шипото Адеми само му фали храброст да влезе еден на еден. Па мајсторе со таа снага ќе го изедам играчот со се копачки.
Кировски курназ изиграва, еден дуел не доби.

Најголема кривица има Клајне и треба да лета. Мајсторот нема врска од тренер.
Некој малоумник мислел дека со тој грев у Прва лига ќе направиме резултати.
Почеток на сезона е и има доволно време да се средат работите. Паулиста од следно коло ќе биде спремен, Костовски и Филип Петров се враќаат од повреда...имаме играчи.
Тренер треба.
Следно коло у Ѓорче со Искра.
Овер енд аут.
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Денес во 17 ч. со Искра ја отвараме сезоната на домашен терен.
Ништо денес не е битно освен тоа дека треба да се дојде и да се купи карта (100 ден.) за да му се помогне на малиот Спасе од младинската школа кој за кратко време останал без родителите и е во тешка финансиска ситуација.[DOUBLEPOST=1534680691][/DOUBLEPOST]
кој е официјално газда на клубот?
Поима неам. Ваљда Копчар стои како газда. Иначе Блашко, Копчар и Општина го држат клубот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom