Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.739
Поени од реакции
12.049
Ех.....не ми се допаѓа ова
--- надополнето: 14 јули 2012 во 18:40 ---
Rosemberg ако сакаш уште двајца играчи да купиме пред турнејава, плати ми уште 1 недела одмор и одма ги добиваш :D
инаку супер е овај Борини, барем така делува, игра на секоја позиција во нападот, добар техничар,финишер, игра подеднакво добро со двете нозе, за 10м е одлично засилување
А што треба да сторам за Керол да остани?? :coffee:
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Sakate da se borite za Premierligashka titula, za prvaci na anglija, a zimate igrachi ko Borini .. ne mozam da vi ja razberam upravata na klubov...
--- надополнето: 14 јули 2012 во 18:44 ---
So igrachi ko Borini, bogami prvaci na Anglija - impossible.
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Епа не сме ние R. Madrid, Barcelona, Chelsea, City, PSG и сл. и да се расфрламе по готови играчи во нивниот врв од кариерата, ние креираме играчи. Еднаш се случи да фрлиме повеќе пари (Carroll) и никогаш повеќе.

P.S. Платата на Borini е околу 30к неделно...
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.739
Поени од реакции
12.049
Sakate da se borite za Premierligashka titula, za prvaci na anglija, a zimate igrachi ko Borini .. ne mozam da vi ja razberam upravata na klubov...
--- надополнето: 14 јули 2012 во 18:44 ---
So igrachi ko Borini, bogami prvaci na Anglija - impossible.
Оти бе шо му фали на Борини? Со Суарез и Керол во напад не би требало да имаме проблеми. Е сега ако бега Керол ќе заглавиме
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Шо мислите за Адам? Сеа нешто зборат демек сме сакале да го трампаме за Демпси, плус некој денар да дадеме. Мислите дека треба да остане? Ја мислам дека ако е 100% закрепнат треба да се види на турнејава како ќе се снајде у играва на Бренди. Знаеме дека е специјализиран за долги пасеви, дека не трча многу и дека знае да искористи шанса кога ќе му се укаже т.е може да се каже дека е снаодлив. Само Бренди бара повеќе размрдување. Ако го подобри тој дел може да биде од голема корист.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Ако некој од средината си оди тоа треба да биде Спиринг! доста со тие фори наше дете и слично! дечкото единствено не игра ама баш ништо!

Е втор на оваа листа е Адам , кој лично јас би сакал да остане ама не сум јас тренер.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.854
Поени од реакции
10.677
Шо мислите за Адам? Сеа нешто зборат демек сме сакале да го трампаме за Демпси, плус некој денар да дадеме. Мислите дека треба да остане? Ја мислам дека ако е 100% закрепнат треба да се види на турнејава како ќе се снајде у играва на Бренди. Знаеме дека е специјализиран за долги пасеви, дека не трча многу и дека знае да искористи шанса кога ќе му се укаже т.е може да се каже дека е снаодлив. Само Бренди бара повеќе размрдување. Ако го подобри тој дел може да биде од голема корист.
Треба да остане барем до зимскиот трансфер период затоа што не знаеме како ќе се покаже Аквилани и дали Лукас ќе ја врати старата форма. Можеби оваа сезона ќе имаме некоја полза од неговите слободни удари и корнери.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ех.....не ми се допаѓа ова
--- надополнето: 14 јули 2012 во 18:40 ---

А што треба да сторам за Керол да остани?? :coffee:
хммммм, ќе ти треба да ми платиш 10 дена одмор за Бенитез да биди наш менаџер (сакам да кажам невозможно е ова со Енди :D )
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.739
Поени од реакции
12.049
хммммм, ќе ти треба да ми платиш 10 дена одмор за Бенитез да биди наш менаџер (сакам да кажам невозможно е ова со Енди :D )
Ех сега 10 дена. Многу се :D
Инаку Сусо европски шампион со Шпанија. Го гледав и добар е ама не трча многу. Тоа можи да биди проблем ако секогаш игра така т.е не трча
Инаку шпекулации шпекулации - Демпси многу блиску до Ливерпул
 
S

Stivie G

Гостин
Видов на една страна нешто прашање дали Алонсо е легенда на Ливерпул(за мене не е) па сега ме интересира да ве питам шо мислете.
Кој од овие играчи е поголема "легенда" на тимот?
Хаман или Алонсо?
Дудек или Реина?

Од првите би го избрал Хаман бидејки и по заминувањето покажува голем респект кон тимот и изјави дека му е животен сон еден ден да биде менаџер на Ливерпул.
Ако бирам помеѓу Реина и Дудек би го избрал Дудек бидејки со неговата одбрана ни донесе титула во ЛШ.

Чекам ваши мислења.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.739
Поени од реакции
12.049
Помеѓу Хаман и Алонсо - Хаман!!!
А помеѓу Дудек и Реина не знам
Туку зошто бе ич не го имам видено Хаман да игра за Сити???
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Видов на една страна нешто прашање дали Алонсо е легенда на Ливерпул(за мене не е) па сега ме интересира да ве питам шо мислете.
Кој од овие играчи е поголема "легенда" на тимот?
Хаман или Алонсо?
Дудек или Реина?

Од првите би го избрал Хаман бидејки и по заминувањето покажува голем респект кон тимот и изјави дека му е животен сон еден ден да биде менаџер на Ливерпул.
Ако бирам помеѓу Реина и Дудек би го избрал Дудек бидејки со неговата одбрана ни донесе титула во ЛШ.

Чекам ваши мислења.
Глупо прашање е ова. Ај ти одбери Фаулер, Раш, Далглиш или Бенитез, Пејсли, Шенкли, Далглиш... итн за многу играчи и тренери кој оставиле длабока трага.
Никој од овие 4 шо ги кажа, нема кажано лош збор за ливерпул, и по нивното заминвање останаја со респект и љубов кон клубот. Сите беа меѓу најдобрите во Ливерпул, сите играја со срце, така да сите се легенди, сите ќе бидат почитувани од навивачите.
Сите шо покажале почит кон клубот иако напрајле трансфер во друг клуб и после то не јаделе трици се легенди за мене, спротивно на ова се кукавиците и предавниците(Овен, Торес итн)

И зошто Алонсо за тебе не е легенда? Па тој го постигна голот за 3-3, без тој гол, можи немаше да ни се случи Истамбул.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.739
Поени од реакции
12.049
Алонсо не е легенда. Обичен играч кој поминал и заминал.
 
S

Stivie G

Гостин
Глупо прашање е ова. Ај ти одбери Фаулер, Раш, Далглиш или Бенитез, Пејсли, Шенкли, Далглиш... итн за многу играчи и тренери кој оставиле длабока трага.
Никој од овие 4 шо ги кажа, нема кажано лош збор за ливерпул, и по нивното заминвање останаја со респект и љубов кон клубот. Сите беа меѓу најдобрите во Ливерпул, сите играја со срце, така да сите се легенди, сите ќе бидат почитувани од навивачите.
Сите шо покажале почит кон клубот иако напрајле трансфер во друг клуб и после то не јаделе трици се легенди за мене, спротивно на ова се кукавиците и предавниците(Овен, Торес итн)

И зошто Алонсо за тебе не е легенда? Па тој го постигна голот за 3-3, без тој гол, можи немаше да ни се случи Истамбул.
Од играч до играч има разлика. Ме интересираше спрема кој имате поголема почит од дадените.
Алонсо не е легенда бидејки веднаш штом доби понуда од Реал веднаш отрча кај нив. А и играње 5 години во еден тим не може да те направи легенда на еден тим. А плус тоа Алонсо 5те години и не ги одигра на највисоко ниво како последната. Не може со една сезона во која беше фантастичен јас да го наречам Легенда. Од моменталниот тим легенди може да се каже дека се Џерард и Карагер, друг никој нема. А голот што го даде беше од пенал, заслуга пред се на Џерард. Можеше да го шутира било кој друг играч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom