Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Отиде и тоа како..... А за костурот на тимот - тој костур уште една сезона две и ќе почни да се распаѓа. Посебно ако резултатите се вакви. Така да тоа стварање тим притоа завршувајќи на 8мо место нема никогаш ама баш НИКОГАШ да донеси титула. Стварај ти тим ама бори се за титула во меѓувреме. Подобрувај го тимот, за сезона или две неуспешни обиди ќе следува и титула. Ама 8мо место и време за стварање тим - тоа некако личи за Евертон,Вила и остали
Правиме муабет за титула, затоа што објективно, Ливерпул има квалитет за 3.место и само бизарен след на околности ги спречи во тоа.
А за стативите...колку и да тренираат, џабе е. Динамиката на игра и тренинг никогаш не е иста и никој не удира намерно стативи или од непрецизност. Пеналите се друга работа, на тоа стварно треба да работат.

Чекај сеа малце ние нешто не се разбираме. Ти сакаш да ми кажеш дека Фа Куп > 4 место во ПЛ? Па дај разгледај малце кој со какви состави настапува во Фа Куп и колку тимовите сакаат да играат таму. Голем дел од талентираните играчи и ѕвездите го бираат следниот клуб според тоа. Не им е нив битно да играат во Фа Куп каде што автоматски добиваш шанса секоја сезона. Сите се надеваат дека ќе играат против Барса, Реал, Милан, Баерн... Значи со самото квалификување покрај финансиски плус, добиваш шанса да го освоиш најважниот трофеј. Ако оваа година не освоиме Фа Куп, следната може пак да се проба. А за ЛШ да играш треба услов и не играат екипи како Брајтон и Милвол.
Нормално. Титулата останува засекогаш и тоа е она кое ја прави разликата меѓу успешни и неуспешни клубови. Тотенхем е поуспешен од Ливерпул во последниве 5 сезони затоа што лани беа во ЛШ?! Не баш.
Финансиски можеби не. Но и тоа е под знак прашање. После успесите на Ливерпул, победата во 2005. и финалето во 2007. не само што не се поправи ситуацијата туку клубот се најде пред банкрот. Затоа мораа да го продаваат. Во денешниот фудбал победа во ЛШ чини многу повеќе отколку што се заработува од сето тоа.

Ако го земеме времето од преземањето на Ферги на Манју (Ферги како месија :icon_lol: ) до денес, најуспешен менаџер во Англија е Ферги. Втор е........

Кени.

Не затоа што бил играчка легенда туку и како тренер правел големи резултати. Remember Blackburn? Некој да кажел пет години пред да се деси тоа дека ќе се шампиони, би го прогласиле за луд. Нешто слично како и сега со Ливерпул...:)
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866

Не се слагам ич со тебе за ова. Не секоја титула го праи клубот поголем. Ти сакаш да ми кажеш дека ако Бирмингем пред некоја сезона освои Куп против Арсенал, Бирмингем е поголем клуб затоа што успеал да ја освои таа титула? И да Тотенхем е поуспешен од Ливерпул последниве сезони затоа што колку толку е конкурентен, дали во ПЛ или во ЛШ. Присети се само како изгледаа утакмиците на Ливерпул во вторник и среда. Против Базел гостувањето 3-3? Против Олимпијакос голот на Џерард за пласман понатаму?? Ти ова би го менувал за 120 минути против Кардиф и победа на пенали. Не сме на иста страна за ова...
 
Баш секоја. Затоа и постојат натпреварувањата.
Бирмингем не е поуспешен од Арсенал но е поуспешен од многу други, например Виган или Астон Вила или Њукасл...во последниве 3 сезони барем.
Уствари незнам Арсенал од кога нема освоено ништо...
Инаку не е, нормално, трофеите на Арсенал и Бирмингем не ќе да се за споредба, макар и Арсенал да престане да постои утре ќе биде со децении и векови поуспешен од Бирмингем.

Сето тоа си е во ред и освојувањето и Стамбол ама за тоа се плаќа цена. Не знам дали ти текнува на трагичниот пример на Лидс кој од екипа во 1/2 финале од ЛШ падна во 3.лига.....после банкротот.
Денес само неколку екипи се вртат како победници на ЛШ и тоа се оние со најтешки буџети во Европа.
Ливерпул не може на тој начин. Готово е тоа.
Единствено е со градење тим и користење на средствата за задржување на костурот.
 
Ок. Ајде да се тргнеме малце од таа тема за трофеите. Мислиш дека овој начин кој што го започнува Кени со градење на екипата околу Британци е вистинскиот? Дали мислиш дека Даунинг, Хендерсон, Адам и Керол ќе заиграат 180 степени од тоа што го играат оваа сезона? Затоа што градењето на тимот почна откако дојдоа новите сопственици, се промени тренерот и се донесоа нови ( скапи ) играчи. И знаеш што видовме за разлика од предходната сезона? Ланската сезона за 38 кола собравме 58 бода а сега на 7 утакмици пред крајот имаме 42... Да не зборувам па за билансот на домашен терен и колку лошо играме.
За крај мое мислење е дека со овој тим и Кени нема никакви шанси да мрднеме од место. Не дека го кривам Кени нешто посебно како само тој да ми е виновен. Никој неможеше да предвиди дека Даунинг ќе изигра 30 утакмици без гол и асистенција и дека Керол неможе да погоди празен гол, па и дека Џерард ќе пропушти 80% од сезоната. Ама мислам дека првата грешка што ја направи Кени беше купување стрикно играчи Британци ( со исклучок на Енрике кој се покажа квалитетно засилување). А сега Кени прави грешка што и покрај тоа што сезоната е загубена, тој никако да проба нова формација или да пушти играчи од младиот тим да собираат искуство. Исто и ме интересира со што би привлекол ѕвезди во екипава, т.е. што освен историја ние имаме да им понудиме нив.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

За првото, ако Кени го направи тоа, смени тактика, стави повеќе младинци и изгуби на 3 натпревари по ред заради тоа, сите ќе почнете да викате "Кени тактизира, експериментира, ние пробуваме да спасиме сезона а он се глупира тука".

За второто, единственото нешто што би имале да им понудиме за жал ќе бидат парите и Лига Европа. Освен ако не завршиме 7мо со 2 купа во рацете, што ќе бидат доказ дека сме спремни да се натпреварување во кругот на појаките англиски клубови. Али ако завршиме под 7мо (ПОД ЕВЕРТОН И ТОА), и не освоиме ФА куп... црно ни се пишува...
 
intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060

извини што да спаси ?
немој да ми речеш дека уште веруваш во 4 место o_O па и 16 да завршиме исто е лига европа секако одиме младинците до крај сите утакмици да ги изиграат збор нема да речам ПРОТИВ

го имаме тоа што многу тимови го немаат страшно добар младински погон а незнаеме како да го искористиме најсвеж пример е пачеко ,томас инс би го додал и инсуа и ред други ....
 
Нема шо да се верува во 4то место, отиде више тоа. А по натпреварот со Њукасл отиде и 5/6то. Али како би било да завршиме под Евертон, градските ривали, и Свонси, екипа што влезе у Премиер Лига оваа сезона. Што и да се деси до крај на сезонава лошо ќе биде углавно коа ќе резимираме, ама ако завршиме 7мо и освоиме 2 купа пак колку толку ќе можеме да најдеме некоја позитива. Али најголем срам би доживеале доколку не елиминираат Евертон од ФА куп, и завршат пред нас на крај. Па сеа ти види што колку може да се спаси...
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.721
Поени од реакции
11.994

Брат....ако нешто има да се спасува тоа нека го прават младинците. Ако успеат ќе имаме спремни играчи за в година...ако не успеат колку толку искуство ќе стекнат. Пошто со овие играчи ионака ништо не можи да се спаси. Дека играме со прв тим се победивме....6 порази од 7 утакмици со првиот тим. Јас тука би ги седнал на клупа повеќето и би пуштил младинци. А во ФА куп првиот тим секако пошто таму барем ќе играат помотивирано
--- надополнето: 4 април 2012 во 15:31 ---
Баш секоја. Затоа и постојат натпреварувањата.
Бирмингем не е поуспешен од Арсенал но е поуспешен од многу други, например Виган или Астон Вила или Њукасл...во последниве 3 сезони барем.
Уствари незнам Арсенал од кога нема освоено ништо...
Инаку не е, нормално, трофеите на Арсенал и Бирмингем не ќе да се за споредба, макар и Арсенал да престане да постои утре ќе биде со децении и векови поуспешен од Бирмингем.

Сето тоа си е во ред и освојувањето и Стамбол ама за тоа се плаќа цена. Не знам дали ти текнува на трагичниот пример на Лидс кој од екипа во 1/2 финале од ЛШ падна во 3.лига.....после банкротот.
Денес само неколку екипи се вртат како победници на ЛШ и тоа се оние со најтешки буџети во Европа.
Ливерпул не може на тој начин. Готово е тоа.
Единствено е со градење тим и користење на средствата за задржување на костурот.
Еве што јас имам да кажам на тоа
Суарез го напушта Ливерпул
Секако дека ова засега е само обична шпекулација и глупост на нашиве медиуми....АМА ако ние вака продолжиме да го "градиме" тимот со векови и векови очекувај наредна сезона да ги снема Суарез,Шкртел,Агер,Реина,Глен итн итн Кара ќе се пензионира кај и да е , Стиви старее......ќе ни се растури тој костур на тимот за кратко време. А ионака повеќето веќе со во своите најзрели фудбалски години. И сега вие мене ми викате требало време да се состави екипа? Ливерпул тоа време го нема. Веќе е време за борба за титула. Ако сакате градење на тим тогаш да ги шитниме сите и да искупиме деца од по 20 години па да тераме. Ама да градиш тим за кој нели требало да поминат 7 години за титула е тотална глупост ако веќе имаш изграден костур на тимот и костур кој полека почнува да старее и да се распаѓа.
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
За првото, ако Кени го направи тоа, смени тактика, стави повеќе младинци и изгуби на 3 натпревари по ред заради тоа, сите ќе почнете да викате "Кени тактизира, експериментира, ние пробуваме да спасиме сезона а он се глупира тука".

За второто, единственото нешто што би имале да им понудиме за жал ќе бидат парите и Лига Европа. Освен ако не завршиме 7мо со 2 купа во рацете, што ќе бидат доказ дека сме спремни да се натпреварување во кругот на појаките англиски клубови. Али ако завршиме под 7мо (ПОД ЕВЕРТОН И ТОА), и не освоиме ФА куп... црно ни се пишува...
Мислиш дека некој после 6 порази во 7 утакмици во ПЛ би го критикувал Кени заради тоа што пробува да смени нешто? Не ми се верува дека е така. Сите тука бараат некоја промена. Јас не сум Кени да се избрка пред да заврши сезонава. Ама да видиме нешто ново. Зашто да се ризикува повреда на Џерард, Агер, Суарез итн кога веќе може да добие шанса некој од младиот тим. Мислиш дека не заслужија?
Парите уште се знак прашалник колку ке имаме да понудиме ова лето. Да се надеваме дека Хенри ќе пушти некоја фунта да можеме да донесеме засилувања затоа што освен Суарез, Агер па и Џерард ретко дека некој би бил заинтересиран за некој наш играч. Керол тешко ќе се продаде ова лето, посебно после една ваква сезона. Така да мислам дека се што ќе имаме да трошиме ќе биде од џебот на Америте. А мене ми е сеедно дали ќе завршиме пред или позади Евертон. ФА купот ќе биде потешко да се земе ама сега фокусот треба да биде таму.
 
Не, не, не ме сфаќај погрешно за младинците. Напротив многу ми беше мило коа го видов Стерлинг како влага против Виган и едвај чекам пак да го видам на терен. Исто така и Сусо, Морган, Коуди, па и Еклстон и Виздом со тоа што го покажуваат за резервите заслужуваат шанса во првиот тим. Али тоа не значи дека треба сите да ги бапнеме наеднаш у стартни 11. Еве Стерлинг да го земам како пример е премногу млад, у Декември наполни 17 години. Него да го ставиш во прв состав да игра до крај на сезонава ќе се уништи, ја нема потребната кондиција за да издржи толкав напор. А повеќето од фановите сакаат само младите да ги глеаат у прв тим, мислат толку лесно ќе се исчеличат, али тоа може да ни се врати со лошо. Младиве се за двајца по двајца да си седнуваат на клупа и да влагаат негде накај 60та, 70та минута, па со тоа само да ги подгрееме малце за следната сезона. И верувај, и ја едвај чекам да ги видам сите овие проспекти како заигруваат за нас еден ден, али не треба да ги избрзаме пошто не ни се чека...

А тоа дали ќе завршиме под Евертон на нас Македонците ни е сеедно. Али на Англичаниве тоа би им било ноќна мора, пошто они се таму на лице-место и таму си ги доживуваат ривалствата, а не ко нас преку интернет и телевизија само да гледаме како се одвиваат ривалствата помеѓу овие два клуба. И доколку го јадеме од Евертон, гласот и мислењето на Англиските фанови на Ливерпул (Скаузерите) најмногу ќе се слушне и они како фанови ќе го имаат најголемиот ефект кон клубот и они ќе се тие што ќе го држат општото мислење кон ситуацијата.
 
S

Stivie G

Гостин
Изгледа Кајт ќе заминува на лето, исто и Макси и Аурелио. Да зависи од мене не го давам Кајт бидејки би бил одличен џокер но што е тоа е.
После еден куп лоши вести добра вест е што Бред Џонс со сопругата добиле син. Нека им е со среќа после шокот кој го доживееја.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.721
Поени од реакции
11.994
Кајт не смее да си оди. Мора да остани како џокер да влегува во 75та минута. А за стартер не е и не смее да игра. Аурелио е стар и време му е Макси исто ќе бега ( прилично сум сигурен). Значи покрај напаѓачот и крилото ќе ни треба и замена за лев бек и уште едно крило наместо Макси. Севкупно 4 играчи а ако бега Кајт пак уште еден. За напаѓач се думав и истражував и квалитетен напаѓач освен Солдадо и Дамиао друг не можиме да земиме. Или се прескапи или не сакаат да идат. За крило стварно не знам ама Армеро не ми е по ќејф.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Супер сме со лев бек...Робинсон покрива перфектно кога треба. Али затоа крило, креатор и напаѓач.....под итно.

П.С. Верувајте дека друга песна ќе се пееше во клубот доколку Лукас беше здрав. Сите оддеднаш заборавивте на неговата екстремно битна улога во тимот.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Макси ќе си оди летово, тој требаше да си отиде уште претходното лето пошто викаше дека сакал да си ја заврши кариерата у Аргентина у Newell's Old Boys, али Кени го убеди да остане уште сезонава за да има уште една опција на клупа. Кајт мислам дека ќе остане до крај на договорот, за џокер на клупа е сеуште добар, али за стартни 11 никако. Едноставно како да го има изгубено осетот некако. Аурелио дефинитивно напушта на крај на сезона, но не верувам дека би ни требал нов лев бек со оглед на тоа дека Енрике е константен а го имаме Џек Робинзон како голем проспект. Ако гледаме без повреди, според мене тимот би бил: Реина, Џонсон, Шкртел, Агер, Енрике, Лукас, Џерард, Даунинг/Белами, ново десно крило, Суарез, Керол/нов напаѓач. Хендерсон замена за Стиви, Спиро за Лукас, Коатес трет избор за центар бек и другите си ги знаеме. Најбитно ќе биде да се земе 2ца квалитетни играчи: напаѓач и крило. Крилото е битно да биде негде околу 25 години, голем креативец, добар со топката и добар тимски играч. Негова замена во помалите дуели кога ќе треба да биде одморен би бил Стерлинг, а како џокер од клупата Кајт. За напаѓач сите знаеме каков ни треба. Око за гол, добра контрола, добра соработка со партнерот во нападот. Едноставно човек кој го има во секој клуб, Руни во Јунајтед, Агеро во Сити, Адебајор во Тотенхем, Ван Перси во Арсенал, Ба во Њукасл, Дрогба во Челзи и тн. Само камо да најдеме таков некој...
--- надополнето: 5 април 2012 во 18:27 ---
Супер сме со лев бек...Робинсон покрива перфектно кога треба. Али затоа крило, креатор и напаѓач.....под итно.

П.С. Верувајте дека друга песна ќе се пееше во клубот доколку Лукас беше здрав. Сите оддеднаш заборавивте на неговата екстремно битна улога во тимот.
Така е, така е. Уште од претходната сезона коа фати константно да игра, сите уште го сереа и викаа дека бил дрво. Сеуште имаше такви се додека не се повреди у Ноември. Оттогаш све тргна наопаку и убаво се виде дека е еден од клучните играчи на нашата екипа. Али тоа е, сите таквите работи ги сфаќаат прекасно... Едвај чекам да го видам пак на терен следната сезона. Он ни е играчот во сенката кој го има можеби најголемото влијание на нашата игра :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Така е, така е. Уште од претходната сезона коа фати константно да игра, сите уште го сереа и викаа дека бил дрво. Сеуште имаше такви се додека не се повреди у Ноември. Оттогаш све тргна наопаку и убаво се виде дека е еден од клучните играчи на нашата екипа. Али тоа е, сите таквите работи ги сфаќаат прекасно... Едвај чекам да го видам пак на терен следната сезона. Он ни е играчот во сенката кој го има можеби најголемото влијание на нашата игра :)
Не можеби, него сигурно го има најголемото влијание на нашата игра...едноставно перфектен во одбрана...ма перфектен е мал збор...и одлично знае да повлече и креира напред со пасови, зошто му има останато осетот од времето кога има играно позади напаѓачите во Гремио. Според мене (беше, додека не се повреди а ќе видиме како ќе се врати) број 1 деструктивец во Свет, можеби пристрасно, но, тоа е мое мислење и ќе се држам на него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom