Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.996
Да бе пцујам........не пцуев. И да пцуев за мене не е забрането. Сега размислувам од Ацид да го откупам фан клубов и да си бидам официјално главен
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.722
Поени од реакции
11.996
Ќе видиме.....Гучи спонзор ќе биди :D
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Стварно незнам што да кажам не игравме лошо ама не е доволно ова...алоооо на Енфилд играме а напагаме од 80 минута натаму, не ми е јасно мене тоа за утакмицава ајде секако некако сепак беше дебри ама утакмиците со Сандерленд, Норич, КПР, Свонси, Стоук екипи кои далеку под нивото на Ливерпул идат на Енфилд и си земаат бод а за сето тоа сме си ние самите криви бидејки цел натпревар не напагаме и после чекаме од 75 минута натаму гол да дадеме, наместо да наметниме едно пеколно темпо од прва минута да напагаме да не знаат кај се наогаат ние играме сосема обратно и затоа такви слаби резултати имаме...има мал напредок во Керол ама ДАЛЕКУ Е ОД ТОА ШТО СЕ ОЧЕКУВА ОД НЕГО човек кој е 35милиони треба да жари и да пали а не да речиме оти има напредок зошто? оти спуштил добро 4-5 топки со глава, се надевам оти ова ке биди нов почеток за него.....
Секој си има свое право на мислење но јас мислам оти имаме доста добра екипа-екипа која барем можи да се избори за 4то место засега, мислам оти не се криви играчите за резултатите, туку претпазливиот пристап на игра на Кени.....да не се разбериме погрешно, го обожавам Кени, почитувам се што сторил за овој клуб но мислам оти редно е да свати и тој оти мора некогаш повеке да се ризикува посебно во натпреварите на Енфилд.....
Како и да е одиме понатаму сабота имаме уште едно големо дерби против јунајтед па после излез на Вембли после 16 години, и можност за прва титула после 6 години, значи не чека возбудлив период....YNWA
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Едноставно не бива.............

Според мене мислам дека ни фали креативен дриблинг на средината!

Сперинг, се беше добро се додека не напаравеше пас.

Чарли Адам..... мора некој да му каже да нема потреба од што да се плаши, очигледно е дека му фали Гоооооолема самодоверба.

Кајт и дефинитивно станува играч кој може да одигра едно 30-тина минути ефективни. Се надевам со вракањето на Суарез и ке биде така.

Белами...... играч кој остава се на теренот, штета што може да остави само 90 минути од можни 180.

Одбраната (Кларк) ..... КОСКА. Едноставно ми идат морници кога ке замислам дека тука фали еден Лукас!

Керол од утакмица во утакмица подобар и со поголема самодоверба. Но сепак ....... “но сепак“ е муабетот.

Кени и дефинитивно има проблем со самодовербата во себе и во својот тим. Мора да ги охрабрува да се иде во Офанзива. Нема фајде ако ја држиме топката на средина на терен.
Мора да се иде на ГОЛ повеке, а не на ГОЛ помалку. Не е решението да утре во колумните пишува за нашите Клин шитс.

И да .................. КЕНИ ИМАШ ОГРОМНИ ТАЛЕНТИ НА КЛУПАТА!:cenzura:
 
БОЛД 1- Сношти по влегувањето на Суарез одма се осети голема разлика во нашиот напад, а замислете да имавме уште еден таков јак креативец, брз со топка, брзо да размислува, едноставно да ги чита идеите на Суарез е тогаш мислам оти ке бидеме страшни во нападот, Џерард не е повеке играч кој треба да се уфрла во напад, туку да ја командува средината тој да ги започнува нападите фактички да командува преку кој ке оди нападот и плус уште еден креативен полушпиц,напагач, крило што било само играч со мозок на пример како Мата, Силва, макар Тевез би бил одлично засилување за нас мислам оти одлично ке се воиграат со Суарез....
БОЛД 2- Најтрагичното во тоа наше држење на топката на средина е тоа што не ни имаме повеке посед на топка од противникот....бесконечни и безидејни додавања на средината на терено на релација Адам-Шкртел-Агер и после топка на крилата кои ке упатат некој плиток центаршут или ке ја изгубат топката така ни одат 80% од нападите, зошто не пробуваме низ средината со некој убиствен пас да ја разбиеме противничката одбрана....
БОЛД 3- Се сложувам јас со она "одбраната ги носи титулите (победите)" ама ова е премногу...28 дадени гола во 24 утакмици и сега проверив го имаме 12тиот напад во лигата...шо фајде оти ја имаме втората најдобра одбрана во лигата кога не даваме голови...на крајот на краиштата фудбалот се игра за голови, за да победиш на фудбалски натпревар треба да постигнеш гол па после да се потрудиш да не примиш а не обратно....
На крај се извинувам ако ти звучев како да се правам голем фудбалски стручњак ама јас само си го кажувам своето мислење
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Само едно да прецизираме...... Јас во првиот пост не барав Тевези мевези.....

Него барав креативен Дриблер на СРЕДИНА!

Значи не во напад, таму Суарез е доволен. Проблемот е во средината каде мора да има играч кој со еден дриблинг би направил вишок!
Тоа ми беше зборот.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
ај да си кажам и јас едно мислење...
керол треба да чека топки во 16 м а не да се враќа назад... нека играат други за него, а не тој за нив!!! не е тој опасен на 30-40 метри.
треба да фрчат топки во 16-ник од крила, е тогаш ќе ги видите ефектите од керол.
 
Г

Гучи

Гостин

Ти изглеа си ја пропуштил прва полусезона :cautious: баш тоа го правеше Керол и шо фајде? серевте дека не мрда, мрзлив е, сеа коа почна да се залага, да трча по цел терен пак не ви чини :eek:
Камо да му текне на Кени да го пушти Стиви десно крило, само он е спасот на Керол..
Адам мислам највише би се снашол ко полушпиц, ко Стиви шо играше со Торес. Позади многу губи топки безвезе, тромав е и незнае да се снајде у ситуација да му се пуштат 2јца пресинг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom