Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Реков еј, да не си го барам мислењето ДРВО Е ШКРТЕЛ НАЗАД . Камен невиден крв да сереш, и против ВБА ја продаде прво се лизна па Агер направи пенал, после он направи пенал, а сеа ова. На лекови да ги дадеш парите од новиот договор, шуго една
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Зашто секад нас вака бе... зашто...
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Прво, да го пофалам Себастиан Коатес за неговата феноменална игра. Ливерпул треба да смета на него во следните 10тина години.

Понатаму, Ливерпул во најдобро светло ја покажа својата третокласност.
Можеби на многумина ова би им изгледало како добра партија и враќање на старите патеки. Меѓутоа, ова беше дуел на треторазредна екипа и шампион.
Шампионот потценува, а треторазредниот игра ко да му е последна. Секаде се случува тоа:
Гетафе со Реал, Виган со Челси, Ливорно со Милан и тн.

Ливерпул играше (генерално) слабо, Сити уште послабо. Ситиашиве ептен го потценија Ливерпул, а Ливерпул и покрај преголемиот мотив, не е квалитетен да направи нешто повеќе. Само неколи индивидуаи можат да сторат нешто, и баш заради тоа се случува нешто од прекин.
Ко денес.

При двете водства се виде колку тежи Ливерпул.

Реина out, тоа го викам веќе 6 години.
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Плус сега отворив фб за нив најбоље играч бил Стерлинг, според коментарите таму. Колку прости луѓе чудо едно. 1 полувреме играше Стерлинг и толку беше. Второ нигде го немаше што е и јасно, млад е, прва утакмица му е, Сити е тежок противник. Требаше порано да излезе немаше више душа во него.
 

Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Allen / Shelvey тука беше ... најдобро одиграа , Себа беше добар , Кели утка со Авионот ( Реина ) и Шкртел .
Има можност за ЛШ не е невозможно .
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ни треба... ни треба... шо ни треба бе... Вака јас еве што мислам дека ни треба:

Компетиција за Реина. Тоа е прво и основно. Џабе што е играч од светски размер кога нема никаква компетиција за неговото место. Станува премногу опуштен и го губи тоа острото у него што треба да го има секој голман. Прошлото лето ја се надевав дека ќе го земеме Муслера и со тоа и тоа како ќе ја ојачавме голманската позиција, двајцата ќе ни беа доволни за секаква ротација и топ ќе бранеа. Борбата за голманското место отсекогаш сум ја фаворизирал како битен елемент во еден голем тим.

Бекап лев бек: Не ме интересира каков, дали да купиме некој старец од 36 години, дали на позајмица некој талент ќе зееме, дали Роџерс ќе игра на таа позиција, мора да се има еден бекап лев бек кој ќе го заменува Енрике кога има густ распоред или кога е повреден. Не може вака без Енрике коа сме на вакви натпревари да игра Џонсон. Робинзон мора да добие позајмица ако сакаме да стане голем играч.

Центар-бековите се добри: Коатес пред Кара веќе докажа дека може да игра. Само Шкртел бе... ах бе човече стварно не заеба денеска, а колку се израдував на голот... Али тоа не значи дека со Агер не се прв избор за дефанзивен тандем, ова ништо не менува. Само не може без Агер да игра, тоа му е проблемот...

Средината фала богу ја средивме. Уште да видиме дали ќе си оти некој, да доаѓа нема потреба. Само Лукас да не испадне голема повреда се молам. Ален е феноменАЛЕН. 100% точни пасеви, знаете ли тоа колку ретко се гледа. Па и од Барса ретко кога го постигнуваат тоа. Имаше 4 или 5 пресекувања ако не се лажам. Овој играч е рудникот со злато на Ливерпул. Он ќе ни биде кључот натака, сигурен сум за ова. Шелви е ѕвер стварно, уште сметам дека е идниот Џерард. Стиви Џи од друга страна некако не може да се вклопи со оваа филозофија, али покажува некои добри потези и верувам дека е прашање на време коа ќе се вклопи и он комплетно. Шахин ќе го видиме дали уште ја држи формата од Борусија, а и Хендо ќе видиме оваа сезона како ќе се покаже.

Нападот и крилата: Мислам дека со овој натпревар се покажа дека Роџерс нема да го дава нигде Стерлинг. Али имајќи ги само него, Даунинг и Асаиди (кој не знаеме како ќе се покаже) како класични крила, тоа не е доволно. Мора уште нешто да се земе. Или барем Пачеко нека игра бе. Супер играше Пачеко на пријателскиве, не знам зашто запнал Роџерс да го продава. Борини не може крило. Џабе е, покажува добри потези само кога е во шеснаесетникот. Сепак денеска добро комбинираа со Суарез, има светла иднина у нивниот тандем. Енди мора да остане, знаеме сите зашто да не кажувам пак.

- И дајте да зееме еден напаѓач што знае да ја смести убаво да ја набута , да ја закопа, да ја забие топката и да го уништи голот. Не мора да биде од толкав светски размер у пм, нека биде обичен играч за ефтини пари, само да може коа ќе му дадат топка да ја стави ко што треба у голот. Доста беа, овој ваков-димензионален, овој по воздушни дуели бил, овој дриблал, овој со срце играл, абе нека седи ко дрвена Марија ако треба бе, само нека ја забие таа црвената мрежа коа ќе му се пружи шанса. Мора да се најде некој таков бе, ги има многу по планетава. Дај активирајте се ти ебам скаутите, најдете некое црнчиште ко Сисе што го најдоа овие од Њукасл. Пратете у Африка луѓе малце да разгледаат, ги има таму колку сакаш тие само ги пукаат топките у гол ко ненормални.

Овие адиции мора да ги добиеме ако сакаме да напраиме нешто. Со составов моментално што го иаме ќе играме супер против јакиве екипи, али џабе е коа нема да можеме против послабите ко шо кажа Biafran. Мора тоа костурот на тимот убаво да се стегне, да има поддршка од сите играчи кои го носат дресот. Џабе вака ќе извадиме врвна 11ка шо ќе умре на терен против екипи ко Сити, Јунајтед, Челзи, Арсенал... кога коа ќе дојде ред да играме со Норич, КПР и сл. се губат. Ајде у овие следниве 5 дена да ги покриеме дупкиве на кои се сопиња цел тим. Нека фрлат уште малце пари и конечно да го оформиме убаво тимчево, многу малце ни фали за да бидеме квалитетна страна, многу малце.

Инаку МОТМ: Ален. Го гледам и плачам кога ќе ги видам пасевите и пресекувањата што ги прави. Браво за човекот, стварно има огромен талент.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Грешки, глупи грешки !!!!!!
Вака сега, прво можам да кажам оти сум малку разочаран што не победивме ама во глобала сум задоволен од пристапот на играчите.....
Браво за Роџерс што на вакво дерби уфрли 6 играчи кои имаат 22 или помалку години, ама згреши што го остави Стерлинг 90 минути, најмногу требаше да игра 60-65, супер е во напад АМА ВО ОДБРАНА БЕШЕ МНОГУ СЛАБ тука требаше да превземи нешто Брендан, средината беше супер освен во првите 20 минути , Ален уште еднаш покажа оти се работи за голем фудбалски мајстор, ама Шкртел како можеше да направи таков кис, а и претходно Кели.....Покажаа нашиве карактер и мило ми е што кога Сити изедначи нашите тргнаа напред по трите бода, а не се повлекоа назад да го бранат бодот, се на се добра партија ама како што кажав не смеат повеќе да прават такви грешки назад.....
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Ги имавме ама ете..
Ме радува што игравме со деца по 17,20,21 години кои изиграа и изгинаа на терен до крај. Коатес стварно е звер исто и Стерлинг.
Едино што ме разочарува во последно време е Суарез и покрај голот денеска..Мора да ја крене главата и да додаде некоја топка.
Следна со Арсенал мора победа, све освен 3 поени би било катастрофа..ИДЕМЕ ЈАКО АЈДЕ !!:)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
Суарез да подава и да е попрецизен ќе биди најјак.
Борини да игра како шпиц. За крило не е тој. Суарез крилен напаѓач. Друго крило Стерлинг, Асаиди (да го видиме како ќе игра) и Пачеко. Овие да се ротираат. Даунинг резерва. Тоа е тоа ............добро игравме. Сега да видиме и ефендијава како ќе се покажи. Шкртел ги шитна двете утакмици досега. Засега немам други забелешки. А да....Реина дупка!
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Суарез да подава и да е попрецизен ќе биди најјак.
Борини да игра како шпиц. За крило не е тој. Суарез крилен напаѓач. Друго крило Стерлинг, Асаиди (да го видиме како ќе игра) и Пачеко. Овие да се ротираат. Даунинг резерва. Тоа е тоа ............добро игравме. Сега да видиме и ефендијава како ќе се покажи. Шкртел ги шитна двете утакмици досега. Засега немам други забелешки. А да....Реина дупка!
Не знам дали го прочита пресот на Роџерс, ама изјави оти очекува уште некој играч до крајот на преоидниот рок, се кладам оти ќе бара уште едно крило....
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
Не знам дали го прочита пресот на Роџерс, ама изјави оти очекува уште некој играч до крајот на преоидниот рок, се кладам оти ќе бара уште едно крило....
Ако бара уште подобро. Моментално ваква е работата. А и не знам стварно оти Пачеко не го игра. Никој не го играше досега. Сигурно има нешто со овој. Да не е пијаница?? :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom