2016та бе...годинава ни украде многу легенди и пензионираше уште толку.
Најголемите играчи го ставаат во своите совршени тимови, најголемите противници му симнуваат капа, тешко дека некад повторно ќе посведочиме ваков играч во клубот. Покрај неспорните играчки способности, она што особено го одвојуваше од многу други е капитенскиот карактер. Секогаш ќе ми биде прва асоцијација за капитен. Тешко е како фан да кажеш дека некој играч го сакал клубот повеќе од тебе, ама ако има некој таков, тогаш тоа е Стиви. Премногу одлични сеќавања ќе останат, ама омилен момент засекогаш ќе ми биде прославата на голот во Истанбул, затоа што тоа не беше прослава туку будење на сите други. Фала ти мајсторе за тоа и за сите други сеќавања, се надевам ќе бидеш во клубот кога ќе ја освоиме толку очекуваната титула.
there's only one Steven Gerrard!