Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
каролина возниацки да и честитаме за освоениот Indian Wells турнир
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Адвокатче ќе одиме бе на 4то место? Мислам ти си правник кажи ми дали е во согласност со законите? Или сепак е во спротивност?!
4то место е нереално, да не речам невозможно тргнувајќи од променливата форма и ростерот на играчи со кои располагаме. 5 е веќе достижно ако се земе во предвид што тотенхем сеуште нема екипа да игра и ЛШ и Премиер лига. Уште повеќе, иаме со нив утакмица на енфилд ако добро се сеќавам.
Јас лично би сакал 5то место за да има место да играат и првотимци и младинци, башка покомпетитивни ке сме при потпишување играчи ако имаме каков било излез во Европа. Само лев бек две крила покрај Марво и Чарли Адам и доста ни е:) Може и уште еден млад напаѓач како замена за Суарез и керол. За оној Нтруп нејкам да го гледам како опција за 4ти напаѓач.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.821
Поени од реакции
12.229
Значи сепак законот не дозволува? Адвокатчеее најди некоја дупка во законот.
 
Член од
29 август 2009
Мислења
327
Поени од реакции
23
Ај честито победа! Одлично што победивме, мора да се дигне самодовербата по елиминацијата од Брага. За играта не сум баш задоволен, дефинитивно средината ни е најслаба страна. За на лето да се донесе Чарли Адам, како замена за Лукас, пошо малиов некако не го бива, тој се труди ама не е тој за Ливерпул, не може да изнесе топка преку центар, многу бавно се движи едино има некој пас прецизен али и то не е како шо треба, за него сеуште го имам истиот став дека не е за Ливерпул, тој и Паулсен се подпросечни играчи и заедно в торба да се продадет. Друго, да се донесит лев бек. Може Коентрао или Таиво, подобро Таиво бидејќи е за без пари, а е квалитетен играч, многу брз и корпулентен таман за премиер лига. Џонсон може да се продаде, пошо десен бек би го играле Кели кој покажа дека е добар играч, сите знаеме. И да се донесат едно или две крила по можност, Јанг и Хазард, па ке имаме тим од соништата иако многу тешко дека ова ке се реализира на лето, можеби ке донесат едно крило и лев бек, и толку. Мора да се зајакне средината, денес бевме катастрофа, треба играчи кои ќе прават пресинг и ке ја изнесуваат топката и дистрибуираат топки кон Керол и Суарез. Се надевам дека ќе успееме да фатиме 5 место, ама ќе мора да победиме скоро сите утакмици евентуално еден или два кикса.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.821
Поени од реакции
12.229
Еве ти статистика за Лукас,Маскерано и Алонсо за сезоната 2008-09. Да видиш дека Лукас и не е така лош. И да.Глен никако продавање. А и Коентрао е подобар од Таиво но и поскап
 
Член од
29 август 2009
Мислења
327
Поени од реакции
23
Абе џабе е статистикава, знајме какви играчи беа Маскерано и Алонсо. За Лукас кажав дека има некој пас, ама не се бара само тоа за играч на таа позиција. Потребна е брзина што Лукас ја нема, цврстина, а што е најбитно да знае да одзема топки, а Лукас многу ретко сечи акции, да ја поврзува одбраната со нападот со долги топки за евентуална контра за што Чаби беше измислен. Не дека толку го хејтам него, ама не ми се свиѓа како играч воопшто, мора да се донесе нешто подобро, да бидеме на секоја позиција квалитетни, само така успесите ќе дојдат.
 
Член од
5 март 2010
Мислења
214
Поени од реакции
1
Lukas e dobar .... se podobro i podobro igra ..... nas ni trebat dve krila i lev bek! drugo nisto

eve vi eden pozdrav
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ајт и ја да се огласам......

Реина без работа

Карагер.......... баш капитенски. Едноставно освен онаа опаснот кога влегоа од десната страна (каде не беше негова грешка туку на Шкртел) беше непоробоен.

Шкртел направи една единствена грешка (пишав погоре), освен тоа одигра за мене одличен меч.

Агер овај играч злато вреди, само уште да не беа тие повредите. Штета е што токму тоа е причината поради која ја изгубив довербата во него, но пак ке пофторам КЛАСА играч и беше мегу кандидатите за играч на натпреварот.

Џонсон..... за играч кој левата му служи за подпирање, а играше и денес принудно на лева страна, ја би рекол дека овај играч е најконстантниот во оваа сезона. Едноставно и покрај задачата да се изфрла напред не даде ниту пиле да прелета позади не сепак заслуга имаше и Агер за ова.

Лукас..... (5 мин. размислувам шо да пишам) едноставно не е за Ливерпул доколку сакаме да имаме тим за почит. Едноставно премгноу е бавен и покрај многуте додавања (иако вчера ги немаше тие) и со премногу пресечени топки. Одигра солиден меч но се гледаше дека умот му беше во синчето!

Спиринг.... се виде дека има некој посебна мотивација за докажување. Едноставно неуморлив , ко луто џинче е.... одличен меч за него и беше мегу кандидатите за МоМ.

Мираљес.... ја одигра неговата задача, дициплинирано покриваше позади, дициплинирано додаваше напред. Добра партија за него.

Кајт......Дурацел........или Тома винкович мотор...... има ли душа овој играч бре. ОДЛИЧЕН!!!

Керол..... и покрај тоа што константно имаше двајца играчи околу него и кои не му дадоа едноставно да се издичи човекот, мислам дека беше многу искусен во правењето Пат за игра на Кајт и Суарез. Можеби малкумина го забележаа тоа но погледате ако имате прилика колку пати привлекуваше играч на себе во некои случаеви и по двајца и колку тоа умешно се извлекуваше на страна каде ги оставаше оние другите во милост и немилост на овие двајца спомнати тука!

Суарез......МоМ..... мислам дека бројката кажува се 7. Едноставно ОДЛИЧЕН. Одигра фантастично добар меч. Се вракаше дури и до нашиот 16ник за да прими топка, за да покрие, за да изврши притисок, за да ја изнесе топката за да додаде. Овој играч злато вреди. Доколку се воиграат со Керол како што ја си ги замислувам во главата ке бидат ко Бетмен и Робин.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Абе џабе е статистикава, знајме какви играчи беа Маскерано и Алонсо. За Лукас кажав дека има некој пас, ама не се бара само тоа за играч на таа позиција. Потребна е брзина што Лукас ја нема, цврстина, а што е најбитно да знае да одзема топки, а Лукас многу ретко сечи акции, да ја поврзува одбраната со нападот со долги топки за евентуална контра за што Чаби беше измислен. Не дека толку го хејтам него, ама не ми се свиѓа како играч воопшто, мора да се донесе нешто подобро, да бидеме на секоја позиција квалитетни, само така успесите ќе дојдат.

браааат....дај изгледај утакмица па давај осврт...според твоиве два поста можам да заклучам две работи
или го МРАЗИШ Лукас па го кењаш за без врска
или не си гледал ниедна утакмиц на Ливерпул сезонава...Што е точно?!
И мислам дека е редно време да прстанат сите да бараат од Лукас да прави нешто што не е негова задача!!!
Дали Масчерано даваше добри пасови, НЕ!! само прекинуваше акции!!
Дали Алонсо прекинуваше акции, НЕ!! Негова задача беше да го активира нападот со одлични топки!!!
Лукас = Масчерано
Алосно = би требало во случајов со постоечкит играчи тоа да бидат Џерард и Меирелеш (е сеа ние што неаме ни крила ни полушпиц па што мора да се импровизира, тоа друга работа)
и не заборавај дека кога од Гремио, Лукас играше полушпиц...а не кољач!!!
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.821
Поени од реакции
12.229
браааат....дај изгледај утакмица па давај осврт...според твоиве два поста можам да заклучам две работи
или го МРАЗИШ Лукас па го кењаш за без врска
или не си гледал ниедна утакмиц на Ливерпул сезонава...Што е точно?!
И мислам дека е редно време да прстанат сите да бараат од Лукас да прави нешто што не е негова задача!!!
Дали Масчерано даваше добри пасови, НЕ!! само прекинуваше акции!!
Дали Алонсо прекинуваше акции, НЕ!! Негова задача беше да го активира нападот со одлични топки!!!
Лукас = Масчерано
Алосно = би требало во случајов со постоечкит играчи тоа да бидат Џерард и Меирелеш (е сеа ние што неаме ни крила ни полушпиц па што мора да се импровизира, тоа друга работа)
и не заборавај дека кога од Гремио, Лукас играше полушпиц...а не кољач!!!
Браво бе братко!
Инаку да те надополнам
Лукас Леива оваа сезона направил 125 лизгачки стартови и е најдобар во тој поглед во цела лига :vozbud:
Малиот страшно напредува

--- надополнето ---

А и самиот да се надополнам:
Маскерано во 139 изиграни утакмици за Ливерпул постигнал 2 гола
Додека Лукас во 153 утакмици постигнал 6 гола.
За сиситенции немам информации сеуште
 

Стеф...

30.05.1980 Time when the legend was born...
Член од
16 април 2009
Мислења
364
Поени од реакции
39
Да се надоврзам со муабетов...Сите одиграа одлично,само највише ме изненади Сперинг.Пред да игра во прв тим го спомињаа како замената за Џерард.Коа почна да игра беше огромен труп.А оваа утакмица го покажа спротивното....
А за Лукас нема потреба да коментирам,дур сите го пцуевте и колневте ја ви викав да имате трпение.И еве го,одличен во средината.Според мене ако остане уше долго,он е следниот капитен.
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
ве сваќам све то за лукас стана многу многу подобар од лани но не му ги сваќам редовните фаули пред 16 што ги прави, ќе ја игра цела утакмица солидно и коа ќе направи некој прекршок што нема потреба ми иде да му отидам таму и двашамара тришамара и тридена чудно ќе се понаша
 

legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.527
Поени од реакции
235
Лукас е ѕверотиња оваа сезона а и Спиринг ме демантираше оваа утакмица (дај боже секоа да биде така) али ке видиме понатака како ќе се покаже.
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Немој споредби Маскерано- Лукас. Рано е. Да не се лажеме Маскерано немаше пасови ама барем неможеше никој да му пројде средина. Страв и трепет. Знаеш кога влага у старт дека или ја зима топката или ногата на играчот. Не викам дека е мизерија Лукас, каде каде е подобрен од предходните години, ама како и нема да биде кога дојде до тој степен да почнат да го исвиркуваат навивачите. Мислам дека ако сакаме да идеме на титула Лукас треба да биде резерва.
 

legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.527
Поени од реакции
235
Да мора и тоа под итно Лукас аут Поулсен ин.:kesa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom