Е па ај нека ни е честито и уште еднаш е она моето:Овие копиљаците кога сакаат играат. Никој не може да ги контролира мамето нивно. За кратко ќе напишам поголема анализа за секој играч и што очекувам од него - дали да остане или не и кај имаме дупки во тимот
--- надополнето ---
Ајде вака
Пепе Реина - Одличен во изминативе сезони одличен и во оваа едноставно мора да остане. Ако пак си оди ќе најдеме замена.
Бред Џонс - Се смета за домашен играч и добар е за резерва. Може да остане.
Петар Гулаши - Наводно добар талент нека седи 3та опција е сепак.
Мартин Кели - Сезонава блесна и очекувам да напредува. Треба да остане.
Глен Џонсон - Еден од најдобрите сезонава и би требало да го задржиме. Ќе се менуваат со Кели а и може како крило да го користиме.
Џејми Карагер - Потребно е да пишувам за него ?
Даниел Агер - Нашиот најдобар дефанзивец.
Мартин Шкртел - Е за овој не знам што да речам. Покажува некои добри игри ама некако ми е сомнителен. Стварно не знам за него.
Дани Вилсон - Малиот има потенцијал. Баш јас сакав да го купиме и мислам дека има иднина тука.
Дани Ајала - Треба да го вратиме и да му се даде шанса. Има иднина кај нас.
Емилијано Инсуа - Треба да го вратиме да биде втор лев бек.
Стивен Џерард - Сите знаеме кој е
Раул Мериелес - Одличен играч. Сега го купивме не може да стане збор за заминување.
Лукас Леива - Овој напредува и мисалм дека има иднина тука.
Џеј Спиринг - Наше дете е Англичанец е и за резерва ќе биде добар. Треба да остане.
Џонџо Шелви - Има потенцијал и треба да остане.
Сусо Фернандес - Треба да добие шанса во првиот тим.
Дирк Кајт - За мене бесценет играч. Нашиот иден џокер.
Давид Нгог - Како четврт напаѓач е ОК.
Луис Суарез -
Енди Керол - Страшен во воздушни дуели ни Чак Норис не му е рамен. Има иднина во него.
Даниел Пачеко - Многу се зборува за неговиот потенцијал но ако не добива шанса нека си оди.
И сега мојата црна листа
Филип Деген - Не треба да му се продолжи договорот. Слободен е.
Ел жар - Нека не се враќа.
Пол Кончески - Нека си седи таму каде што е.
Кристијан Поулсен - Под итно да си оди.
Макси Родригез - Нема што да бара кај нас.
Милан Јованович - Слободен е.
Џо Кол - изгледа само парите го интересираат. Ако не се поправи нека ги пакува куферите.
Фабио Аурелио - Доволно ми е од неговите повреди. Слободен е.
Алберто Аквилани - АКо не сака да се врати нека седи. А ако пак сака нека се враќа. Од него мислам дека ќе зависи дали ќе дојде Адам или не.