Некаде читав дека Џерард i Tores месец дена ке бидат у аут. Со поприлично лесен распоред можеме да останеме на -9-11 поени. Титулата мислам дека со сегашна ва ситуација не можеме да ја имаме. освен играчи , треба и стабилност на клубот, јаки финансии и среќа. А да се разбереме Ливерпул сега е во голема фианнсиска криза а за среќа да не збориме.
Секако не треба да се занемарува и лошата форма на некои од играчите.
Јас само се надевам дека до нг ќе се најде некој партнер на америве кој би финансирал 2-3 солидни засилувања . Тврдам дека не требаат звучни иммиња. Ни требаат поддршка за Џерард и Торес. Можеби евентуално Силва. Како и да е, под итно да се засилат страничните позиции. А во овие еден месец без Торес и Џерард, ќе се искристализира кои од овие потенцијални грешки има потенцијал да игра за Ливерпул.
Ливерпул и пред 3-4 сезони имаше една лоша сезона кога исто беше у опасност да не иде у ЛШ, и тогаш ако се сеќавате со една серија од десетина победи по ред за новогодишниот период заврши трет.
Ливерпул е Ливерпул, ќе се средат работите, се надевам финансиски и се ќе биде супер, ќе видите.
Што се однесува до Бенитез, мислам дека е правиот човек затоа што ова е тим што он го градеше , друг нема да знае да го менаџира. Поготово манчини, типот имаше тимчиште со Интер а во Ливерпул нема толка избор на играчи. е ега , на моменти шпанецов игра хазардерски , ама па добар тактичар е, знае што праи и играчиве немаше да веруваат толку во него да не беше добар.
ајде Ливерпул утре идеме на победа и тоа со голови на Вороњин и бенајун
