Бенитез мора да „воскресне“ против Јунајтед?
21.10.2009.
Ливерпул е клинички мртов. Доколку наредниот викенд на свој Енфилд доживее пораз во големото дерби од Манчестер Јунајтед, апаратите би можеле да бида исклучени до стартот на наредната сезона.
Екипата на Рафаел Бенитез го забележа најлошиот резултат уште од 1987-та година. Синоќа, напаѓачот на Лион Сезар Делгадо во последните минути ја погоди мрежата на Пепе Реина и го заклучи четвртиот последовен пораз на „црвените“, а за неколку дена работите можат да бидат уште полоши.
И вака е доволно лошо, особено бидејќи од претходно е познато дека Фернандо Торес нема да може да игра поради повреда, а од 25-та минута од мечот со Лион, под знак прашалник е ставен и настапот на Стивен Џерард. Тој одлучи да заигра против французите, иако беше недоволно опоравен и брзо сфати дека било подобро воопшто да не се обидувал.
Сето тоа воопшто не му оди од рака на Бенитез, кој се наоѓа под неверојатен притисок, не толку од страната на навивачите кои го сакаат, па ниту од островската јавност, туку од луѓето во клубот и бордот на директори - кои всушност се тие кои одлучуваат за неговата иднина.
Сопствениците, американските бизнисмени Жилет и Хикс, неколкупати во претходните две сезони размислуваа по тоа прашање да го отпуштат шпанецот, а тој оваа сезона им ги пружи сите причини да дојде до смена.
Медиумите на Островот оценуваат дека дуелот со Јунајтед ќе биде пресуден кога е во прашање соработката на Бенитез и Ливерпул.