Значи сума сумарум пак тиква трансфер лето за тим од ранг на Интер
.На голот сме ослабени,одбрана : Овој силвестре ми делуе тежок просек,па уште во тандем со Ранокија,шта да ти причам....Лев бек - се опраивме,тука има бел бумбар од мене.средина едино гаргањо шо не појача,другово горе - долу исти курац,пак Камби ке го гледаме како се влече по терен.А па кога ке ми текне дека тој тафтабит Станко дека остана да шмука 3-4 милиони еура за да дреме на клупа или недај Боже да биде минус играч на терен,а го избркавме еден од тројцата најдобри голмани во свет во моментов абе срце ми плаче.За киву не ми се троши ни тастатура,за таа румунска шупелка...
Сеа уште нападот.И овде разочарување!Останавме да се молиме да не му се деси нешто на Милито,зашто другите ни се така речи доодени играчи.Наместо Лавеци или Лукас или Јоветич,ние шо напраивме?Го сменивме Пацини за Касано,кој може да ни приумри некој ден на терен.
Сума - сумарум дали 10 - 15 посто сме појачани од лани,така да ако не се деси некој невиден трансфер у задњи моменат ,пак ке јадеме тешки нервози и оваа година!
Не гледам како е ова трансфер лето тиква.
Нападот ни е сто пати подобар од лани, сите напаѓачи се универзалци, Страма има 1001 опција за да го изненади противникот и на крај краева знат да го погодат голот, нешто шо лани на Пацо, Форлан и другарите не им одеше баш најдобро. Милито, Касано, Паласио, Кутињо и Ливаја + замената на Милито која се очекува е сосема солиден напад за италијански услови, плус Снајди зад нив и Алварез на клупа, јас не гледам овде никаков проблем. И нема потреба да се крстиме во Милито, очигледно е од ова шо досега го видовме од Страма дека нема да игра стрикно на `додај ја топката до Милито и надевај се дека ќе дај гол`, гол можи да дај секој од претходно споменатите, ќе има уфрлања од позадина како она на Снајди против Пескара, па противничката одбрана има многу поќе работа од само затворање на Милито, то лани со статичарите кои ги имавме беше невозможно.
Средниот ред ни е сосема солиден, Гаргањо се покажа супер, трча на сегде, се труди максимално, таков работник му е потребен на секој тим. Гуарин исто, одважен е во дуели, не се плаши ни да фаулира, а успат не е ни дрво како Мунтари и не напрај црвен во 2 минути. Па и Камби со Пескара не беше воопшто лош, иако знам дека не ви е на никој баш најомилен, одигра солидна партија, друг е Камби со Гаргањо и Гуарин, друг е со Деки и Занети.
Oдбраната по бочните позиции е океј, лево офанзивен Переира, десно дефанзивен Занети, а имаме и доволно замени за недајбоже. Исто би сакал и Мбаје да добива поќе шанса, ми се бендиса на припремните.
Е са со штоперите е жустро, ама имај на ум дека нив има треба најмногу време да се воиграат, а лани често страдавме и од киксови на Лусио.
И на крај краева играме во помочаното Калчо, за овие стандарди имаме супер трансфер лето и екипа која може комотно да се бори за титула, барем јас така гледам на работите, а дали имам право ќе покажи времето, сепак е рано да се предвиди било шо.