Ѓорче 1932
тој сум...
- Член од
- 17 февруари 2009
- Мислења
- 13.564
- Поени од реакции
- 11.576
Тоа мислев и јас,но лошо се изразив,не е убиецо во нападот како Милито,ама од позади знае доста да помогне.Паласио е повеќе крило или втор шпиц а Страмачиони знаеме дека преферира 4-2-3-1 значи ке игра позади Милито.
И тука потребно е уште едно засилување мора некој да ја покрива позицијата на Милито. Можеби и Лонго ке добие шанса но ризик е да се остане само со 2ца класични напаѓачи.
Мене ми се допаѓа Џонатан. Ако Нагатомо е доволно добар да игра во Интер, Џонатан треба да биде недопирлив во првиот тим
Го гледав повеќепати минатата сезона и мислам дека треба да му се даде шанса и во Интер.
На местото на Маикон ке дојде еден од Коларов, Сисоко и како се викаше тој французинот... Десно Занети\Џонатан а лево Коларов\Јуто, бековксите позиции ни се обезбедени.
Во таков случај треба да бидеме презадоволни од овој трансфер период.
Но еве проста математика зошто според мене тешко да се оствари тоа.
Еве само за споредба од прилика сумите кои се потрошени за засилувања:
Гуарин за Мота, Паласио за Пандев, Коларов за Маикон, Дестро за Кастиљос, Паулиљо за Пацини.
Најголем дел од играчите кои доаѓаат ке земаат двојно помала плата од оние кои заминаа + од раскинувањето на договорите на Фолан, Лусио и како што се шпекулира на Станкович и Цезар да се заштедат околу 20 и со тие пари да се купи Силвестре 2(+6 ако го откупиме наредна сезона), Ханданович 10, Поли 5. И сепак колку и да се од рака бројките Морати ке мора да инвестира уште околу 30 милиони за најголемото засилување Лукас, што е спротивно на политиката на штедење и покривање на загубите на клубот.
Неиграњето во лига на шампиони дополнително ги зголемува загубите и затоа не сум оптимист за толку добар трансфер период.
Освен тоа по толку плукање повторно ке треба да се крстиме во Бранка
Инаку јас сум за Лукас да се доведе,но не по некоја нереална цена,20 милиони вреди моментално Лукас,ни цент,ни евро повеќе.
Се согласувам дека треба и напаѓач да се земе,но еве Лукас да се земе,ќе игра крило,во средина Снајдер,а од другата страна еден од Алварез и Коутињо.Редно е да добијат вистинска шанса и двајцата и да покажат дека вредат.
Па според ова,ако не дај боже Милито е повреден,Паласио може да игра во нападот,принудна позиција да речеме.Лонго како трета опција,не сакам тоа дете да се бафта по позајмници,има квалитет за година две да прерасне во расен напаѓач,секако ако добива шанса во Интер.
Џонатан јас искрено го немам гледано,освен една две утакмици додека беше во Парма и не покажа ништо посебно,но што знам,може да се повампири...
Не се согласувам дека Нагасаки е доволно добар за во Интер,но како бек ап може да послужи.
На таа позиција може,а и треба да се купува.Како што читав пред некој ден низ нетов,Лион веќе две години се обидувале да го шитнат Сисоко,па еве шанса на Морати да го земе за мала пара.
Ако успеат и Станковиќ да го наговорат да го раскине договорот и да отиде некаде во Америка да игра или да си се врати во Звезда,јас ќе бидам пресреќен,ама Бранка ќе си трпи пцуење сеуште
Пак ќе пишам,горе доле добро пазареше сега за сега Интер,ете и Паулињо е пред договор,треба уште потпис да стави,Лукас да се земе,но по реална цена и Сисоко да успеат да им џапнат на Лион,пуна капа еј.Одбраната ќе биде коска,средниот ред ќе биде леле мајко,но само со повреди да не се мачат играчите,како лани.