Кике Санчез Флорес: Ме бара Интер
Бившиот тренер на Атлетико Мадрид, Кике Санчез Флорес изненадувачки откри дека има голема можност да го преврземе италијанскиот гигант Интер.
И покрај тоа што претседалетот на ’нероаѕурите’ Масимо Морати му искажа доверба на Гасперини после поразот од Трабзонспор, Санчез Флорес тврди дека од миланскиот клуб веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
„Да, претставниците од Интер веќе разговарале со мојот агент. Ако добијам официјална покана за да станам тренер на италијанскиот клуб со сигурност дека ќе прифатам. Тоа што Диего Форлан е во Интер нема да игра улога при мојата одлука“, изјави Санчес Флорез за „Марка“.
Шпанскиот стратег беше во отворен конфликт со Форлан во последната сезона, но не сакаше да открие зошто настанал конфликтот, само напомена дека се се случило после натпреварот од Суперкупот на Европа, кога Атлетико го победи токму Интер.
„Тој ден додека празнуваше јас видов еден различен Диего“, изјави загадочно Кике Санчез Флорес.
Медиумите во Италија пишуваат дека деновите на Гасперини на клупата на Интер се изброени, и доколку ’нероаѕурите’ не победат во сабота против Рома, тој сигурно ќе добие отказ.
Покрај Санчес најчесто се споменуваат имињата на Делио Роси и Клаудио Раниери, а најголемо изненадување е името на Луис Фиго, кој може да добие шанса да го води тимот како тренер.