Знам на што целиш, но неможе да се споредиме Инзаги со Клоп сеуште, бидејќи овој вториот има побогата кариера, има освоено се што може да се освои, но има изгубено и многу финалиња, факт е тоа.
Јас за Инзаги реков дека е лузер според досега прикажаното во ИНТЕР, но тоа незначи дека неможе да го направи големиот чекор во кариерата, еве годинава му е шансата да покаже дека научил нешто.
Не реков да ги споредиме, општо као профил прашав.
По твојата логика испаѓа дека и Клоп е лузер пошто има поише изгубени титули него добиени.
Ова за лузери и победници мене искрено ми е тапа муабет пошто на секој тренер можеш да му најдеш лузерство. Ене пример од Гвардиола погоре, рецимо Анчелоти и неговите титули у домашни првенства, падот на Мурињо, Унаи Емери важи за најмодерен лузер моментално а ликот има 5 европски титули итн.
На Инзаги ко што рекоа, голем чоук му е титулата што Милан ја освои, за ланската сезона не глеам лузерство пошто Интер у ниеден момент не ја имаше титулата за да ја изгуби ко што ја изгуби од Болоња сезона претходно.
Сме го нарекувале лузер на темава, сигурно, мада у огромен дел погрешно го дефинираме тоа лузер.
Еве сеа ти е лузер, ако освои Скудето годинава ќе биде шампион, ако следната не освои пак ли ќе биде лузер? Па Инзаги после 2 трилер сезони каде се спаси за влакно од отказ и летање у амбис, у август месец рече сезонава ќе идеме да освоиме Лига. Ретардиран го праевме летоска и му се смеевме, се плашевме дека ќе не трола цел интернет. 6 месеци подоцна, глеј кај си.
Ова не го прави лузер.
Лузери не ни работат у големи клубови, по карактер се познаваат тие а не по резултати, пошто лузер нема резултат, лузерот при првото минимално добро ќе застане и ќе рече ќути има и полошо.
Така да не кур отварај глупи теми на муабет, спреми пари и мрш у Милано за 2 месеца да славиш Скудето соблечен гол, испрскан од пива, тотално у делириум, заспиен у некој ендек после 2 дена карабинери да те најдат отшртафен како распадната банкина.