Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
За да Интер има екипа за Скудето, треба да има тренер, играчите не се ништо полоши од тие што Јувентус ги има, или Наполи.

Интер нема тренер за титула од моментот кога Мурињо замина.

п.с. Снајдер повикан со Лил, ама ете, стратегот Раниери не сакал да ризикува, и после немале играчи, немале жими кур, имале, само нема кој да ги игра, премногу победнички би делувал тимот со Снајдер, Алварез, Зарате за Раниери ...
Според тебе само Мурињо е добар тренер за Интер...
Упорно ги хејташ сите тренери, како они да се криви демек не се подобри од Мурињо.

Треба да се помириш со фактот дека моментално ИНТЕР НЕМА ИГРАЧИ за Скудето.

И ја да бев на местото на Раниери не би ризикувал со Снајдер, ти можда би ризикувал али може после да се покаеше. И јас се согласувам со тебе дека треба Алварез да игра прва постава, пред Станковиќ.

Интер има некои играчи кои не заслужуват моментално да играт за ИНТЕР, а тоа се(според мене).

1. Мунтари
2. Станкович
3. Милито
4. Камбиасо
5. Занети
6. Нагатомо

1. Зошто Мунтари, знаеме сите, нема капацитет за еден голем тим.
2. Не може веќе човекот да трча повеќе од 10-15 мин.
3. Надвор од форма, и игра на стара слава.
4. Спор, и многу топки губи на средината од теренот
5. Мислам дека е време да му го пушти местото на некој помлад играч.
6. Киксер.

ЕДИТ
Оби уште колку натпревари е суспендиран?!
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.053
Поени од реакции
1.178
Не бидете смешни... Ако Интер нема тим за скудето не знам кој има.
Проблемот е што не може да се најде тренер кој ке се реши да ги седне на клупа дедовците од срениот ред. Не знам како може да функционира среден ред со 4ца цдм од по 37 години...
На Интер му требаат промени, а такви промени може да се направат и со играчите кои се на располагање. Мора да се искористат Алварез и Кутињо. Не знам и како може сеуште да се смета на Милито за прв тим а на клупа го чува Зарате...
И Реал Мадрид да игра со Кејдира, Лас, Мамаду и Алонсо во среден ред нема да може да победи ни со Мајорка.

Очекувам големи промени уште на натпреварот со Лил. Тука се Снајдер, Алварез, Оби, Мота... Само треба Раниери да има м..... да ги седне на клупа искусните и веќе истрошени играчи, без разлика на нивното име и што досега придонеле за клубот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.371
Поени од реакции
47.160
Според тебе само Мурињо е добар тренер за Интер...
Упорно ги хејташ сите тренери, како они да се криви демек не се подобри од Мурињо.

Треба да се помириш со фактот дека моментално ИНТЕР НЕМА ИГРАЧИ за Скудето.
Спорет тебе нема играчи за Скудето, според членови на темава немаа играчи за СКУДЕТО кога Ибра замина, цело лето за тоа се каравме така да НИШТО не ми значи тој став дека немале играчи за Скудето, според мене имаат, deal with it, поготово во вакво мочано првенство, ко што имаа и летото господово 09-10, и тим за Серија А, и тим за ЛШ, само требаше Мај 2010 да дојде за да и други го увидат тоа ...

Вчера Интер МОРАШЕ да победи знаејќи во каква состојба беа, а гледајќи го денес колово, и те како добро ќе дојдеше тој триумф. Раниери остави тројца офанзивни одморени играчи на клупа, млади, талентирани и желни да си ја докажат својата вредност, на сметка на двајца статични напаѓачи и играчи од типот на Мунтари, веќе трета година не е материјал за Интер, и Дејо, кој веќе не е тоа-тоа и башка беше изморен. Најди една екипа која во денешно време со таква анемична средина оди на триумф, една, не барам ништо повеќе ...

Играчкиот кадар за вчера беше идеален за да се дојде до победа, но Раниери се реши од тоа што му беше на располагање да го извади најдефанзивниот и најнекреативниот состав на терен.

Мурињо на победа одеше со 4 напаѓачи, Снајдер и Самуел ко напаѓач, види вчера Рарниери како сакаше да победи откако примија 2 гола. Со Мур до 50та минута, ако имаа лош резултат ( алудирам на нерешено ), сите 3 измени ќе беа направени, со Раниери се чекаше втор примен гол за да се менува, а како се менуваше и тоа беше приказна за себе, онаа лузерската.

И кажи ми, како да не го критикувам кога тоа го заслужува, он е главен виновник што загубија.. Со Бенитез не беа способни да го дадат својот максимум бидејќи 70% од тимот беше повреден, со Леонардо колку-толку се вратија но со него не знаеа како да реагираат по прв бран на неуспех па ко и со Милан кога ги водеше, дозволи потоп, но од денешен аспект, искрено, подобро ќе беше него да го оставеа и оваа сезона отколку да продолжат со овие (неуспешни) експерименти.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
И мене воопшто не ми значи твојот став, кога упорно вината ја префлуваш кај тренерот, како да не ги гледаше у пичку матер како играчите се залагаа на теренот, и дали воопшто имаа некаква желба за победа.

Не може 4 тренери да не ни чинат, а играчите да немат ни трошка одговорност за тоа. Твојот муабет се базира на фразата Кога би било вака или онака би било. Ете вчера, влегоа и Алварез па и Зарате, кажи ми, смени ли тоа нешто, имаа време 30 мин да сменат нешто!?

И добро беше што не ја направи и третата замена, бидејќи се покажа како добар потег, кога и се повреди Самуел, па на неговото место мораше принудно да влезе Кордоба.

И доста со тоа Мурињо би играл вака или онака, помири се со фактот дека Мурињо моментално не е во Интер. Он го напушти тимот, немора сега на секое мислење да го споменуваш, кога ќе сакаш некој тренер да го хејташ.

И рака на срце, во последните натпревари и судиите имат голем удел во лошите резултати.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
За да Интер има екипа за Скудето, треба да има тренер, играчите не се ништо полоши од тие што Јувентус ги има, или Наполи.

Интер нема тренер за титула од моментот кога Мурињо замина.

п.с. Снајдер повикан со Лил, ама ете, стратегот Раниери не сакал да ризикува, и после немале играчи, немале жими кур, имале, само нема кој да ги игра, премногу победнички би делувал тимот со Снајдер, Алварез, Зарате за Раниери ...
да се разбераме еднаш и ние човечки Интер има тим за Скудето и тоа каде каде поквалитетен тим од другите.Проблемот со раниери оште пред да се назначи за тренер незнам кој истакна дека тој игра повече со старите играчи одколку млади.Вчера во тимот од 1 мин да играше Алварез,Зарате и Снајдер јас мислам дека утакмицата ќе беше наша и тоа со повеќе голови у мрежата на Катанија.Но раниери сега беше единствен тренер што можаше да се добие на пазарот.Квалитетен тренер на почеток од сезона и на сред сезона не се бара тој се бараше летово а на морати не му се даваше 10М за вилаш боаш и останува да се надеваме дека следното лето ќе дојде некој од калибарот на гвардиоло ако не ке си останаме со раците во џебот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.371
Поени од реакции
47.160
@homail.

Тим со Мунтари, Станкович, Камбијасо и Занети во средина не може да се носи со Кремонезе, тоа човек кој почнал од лани да гледа фудбал треба да го знае, срамота е за ова да се дискутира воопшто.
Кај да ја префрлам вината ? На Мунтари ли ? На Станкович ли ? На Занети ли ? М ? На кого ?Демек вчера ако го дадеа максимумот ќе доминираа на терен, ќе имаа 10 шанси за гол и ќе дадеа минимум 2 гола.

Ти реков, најди 1 тим кој оди на победа од старт на меч со креативност у среден ред навлезена во минус ( барај и по првенства ко нашиве ), Интер вчера немаше капацитет да победи боса екипа ко Катанија, не зашто немаат играчи, не зашто биле стари, туку зашто изборот падна на најлошата варијанта која според Раниери била онаа победничката, бидејќи нели, вчера мораа да победат. :tapp:

Снајдер и Станкович не ги повредуваа играчите кога беше Бенитез тренер, 100 луѓе од експерти до играчи посочуваа каде е вината, од кај тоа сега дека не треба тренерот за ова да се обвинува , или тебе сеедно ти беше што Нвакво се изнаигра лани од што изборот на средината беше таков да тоа се налагаше. Кога 11 првотимци се повредени, нормално дека резултатите ќе се такви какви што се, а за повредите не ја, туку други посочуваа кон тогашниот тренер, во пакет и со поранешниот финтес тренер на екипата кој сега е во Реал.

Ко од вчера да гледаш фудбал па сеа ми тераш детски муабет, вчера Алварез и Зарате ништо не направиле, ок, одиме по твоја логика, Зарате ги извади со ЦСКА, готово, Зарате е новиот Ето. Земал суди за 30 минути изиграни на терен уз изморен тим, уз Пацини кој не се виде цел меч, уз получовекот Мунтари. уз бункер од 10 играчи и никаков терен, сакал ти или не, и теренот си го правеше своето со оглед дека се истури од врнење а терените во Италија знаеме какви се.Друго ќе беше доколку они стартуваа и Интер извадеше екипа ко што доликува на еден голем тим, офанзивна, креативна, и така да се оди на победа, она вчера беше еден од најлошите стартни состави на Интер во последниве 10 години ( true story ).

Мурињо ќе го спомнувам увек кога ќе се случуваат вакви пацерајски работи во Интер, лузерски, бидејќи Мурињо ни покажа како може овој тим да дојде до успехот, и бидејќи знаеме ние ко фанови на Интер како се постапувало тогаш многу лесно можеме денес да увидиме каде грешат сегашниве тренери, или играњето на Мунтари ко лево крило не е грешка па као демек, не смееме да го критикуваме тој што го игра таму.

п.с. Никаде не сум рекол дека не треба да сносат одговорност играчите, сносат и они, секогаш сум велел дека одговорноста се распоредува во цел тим, ама најголемиот дел од вината паѓа кај тренерите и кај раководството што се одлучило за нив, пред Се за Гасперини и моменталниов лузер.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.954
Според Ибра немаше играчи за ЛШ кога замина :pos:

Нека не ве фаќа нервоза, реално кај сите има по дел од вината. Мурињо е посебен затоа што може со инфериорен тим да победува. На останатите тренери им треба саглам екипа.

Раниери направи грешки. Вчера истрча со средниот ред на Манчини + Мунтари, а тоа е како минус. Но најголемиот превид го направи во одбраната. Почна со Самуел затоа што не знаел дека Кордоба не смее во ЛШ. Јас знам дека е во години ама штом не е во пензија, нека отвори книгите таму. Многу аматерски работи ни се случуваат. Не знаевме дека Форлан не смее, ги изгубивме и Форлан и Кастињос, не знаеме дека Кордоба не смеел... има ли пилот во авионот?

Друга работа, не знам како можеше да почне со Станковиќ. Јас гледав со Словенија овој се одра од трчање, не дека направи нешто, ама дај бе да му се невиди,средниот ред со боци кислород не можеше да игра.

Ќе му каже ли некој на Лусио каде треба да се позиционира? Разбирам да тргнува напред кога бркаме резултат, ама кај курс оди кога водиме?

Имаме многу проблеми, реално. Почнавме од летото како аматери и сега ја плаќаме цената на екипата која не е ни стабилизирана ни уиграна. Имаме играчи кои не се за тимот, не дека секој тим ги нема такви. Немаме препознатлив почетен состав итн...

Според мене, годината е завршена и сега е време да се форсираат новите за да видиме догодина на кој може а на кој не може да се смета. Посебно, ако сакаме да видиме нов или барем поинаков Интер, ова важи за средниот ред. Ако и понатаму стандард почнуваме со Занети, Камбиасо и Снајдер, од новајлиите ќе има секогаш по еден или ниеден. Знам дека Занети не излегува ама барем нека го вратат лев бек да не го гледам Нагасаки, и нека извади креативна средина и нека ја уигрува.

Тоа е тоа, а сега се одјавувам на подолго време. Бидете поздравени и не се нервозирајте. Треба да се живее уште 30-40 години.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
@Syn,
Да ти одговорам со параграфи, како што си ги наведол.

1. Добро де кого имавме на клупа, за тој дел од теренот, освен Алварез. Снајдер, Кутињо, Мота се повредени, и само Алварез ни беше замената, како и да излезеше тренерот иста прикаска, само што и јас се согласувам дека Алварез мораше да стартува пред Станковиќ, но тоа не значи дека пак би победиле...

2. Ај сега не ги превртувај зборовите. Јас не реков дека Интер нема екипа да ја победи Катанија, туку реков дека Интер нема екипа за Скудето, а тоа е сосема друга работа. Просто немаме претпознатлива игра, сменивме тренер, немаме конкуренција во тимот, а тоа вината треба да ја бараме кај Морати и Бранка, повеќе кај тој првиот, и не кај тренерот.

3. Добро, јас не спомнав дека Бенитез не беше крив за повредените играчи, но реков дека не треба тренерот да го обвинуваме кога не треба, и кога играчите се комплетно незаинтересирани за победа, или игра. Дадоа гол и сеа чуват резултат 85 минути, тоа може само нашите играчи да го сторат, бидејќи јас не видов тренерот да смени тактика и да чува резултат. Играчите беа тие што не беа заинтересирани во прво полувреме да постигнат уште еден гол, кога и се отвори Катанија, од тој твојот Бункер...

4. УПСС, значи браво, ги наброја причините за неуспехот на тимот вчера. Пацини не се видел, тимот уморен(зошто), теренот не чинел(како Катанија да не играл на истиот), и получовекот, па и Бункерот сега била причината... Од ова можам да заклучам дека тренерот не бил крив, нели, иако ти упорно тврдиш дека тренерот ја заебал работата. Ја не прочитав од тебе на полувреме кога водевме да коментираш нешто на тој поглед.

5. Немам ништо против да го спомнеш Мурињо, но претеруваш. Сите се согласуваме дека он е најдобриот тренер што некогаш го имал Интер.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.371
Поени од реакции
47.160
Ти ги гледаш нештата ко што тебе ти одговараат за да ја истераш поентата дека Интер немале играчки кадар за титула, нешто со кое јас лично не се согласувам кога од друга страна ќе се погледнат останатите во првенството, не се тука Манчестер, Барса и Реал па да не убедуваш тука дека немале играчи за титула.

Условите за игра, изморениот тим и Пацини ги спомнав стриктно за да ти укажам во какви услови влегоа Алварез и Зарате во ситуација кога тимот губи, а кога голема екипа губи, победа не брка со 2ца офанзивци, 1 статичен напаѓач и се друго дефанзивно во екипата, и затоа тука доаѓа моментот Мурињо, зашто он кога губеше на друг начин бркаше резултат. Еве нема Мурињо да го спомнам, вчера Манчестер исто кажав со кои играчи бркаа гол, и било кој друг тим на крај краева, тоа што вчера Раниери го правеше беше срамно за голем тим ко Интер ...

Тим со големина ко Интер ко прво срамота е да стартува со таков тим во услови кога изборот можеше и мораше да биде поинаков и во услови кога мора да се победи, тимот можеше да биде поофанзивен, и помлад и поодморен, 3 битни фактори кои дефакто ќе овозможеа полесно да се игра против Катанија и да се освојат трите бода, рутински ! Е за ова, а потоа и за измените, вината оди кај Раниери, никој друг не е крив за вчерашниот пораз во меч кој беше многу битен за Интер.

Како да постигнат играчите уште еден гол во прво, а и второ, кога Катанија тргна офанзивно бидејќи губеа а Интер имаа крајно дефанзивен тим на теренот, и дефанзивен и некреативен, ја уште на полувреме вчера пишав дека тимот мора да даде уште еден гол но претходно Раниери да промени нешто бидејќи вакви какви што се гол сигурно не даваат, а многу лесно можат да примат, што и се случи. Не дека глумам некој експерт, ова човек што не е фан на екипава можеше многу лесно да го предвиди со оглед на тоа кои играчи беа на теренот, Интер напаѓаа само кога Маикон ќе повлечеше, толку.

п.с. А во битката за титула, токму ваквите мечеви се и одлучувачки, а чим Интер и според тебе можеле да се носат со Катанија, имаат тим ако ништо друго, кој може сериозно да парира за Скудетото, Милан ко најголем кандидат за титулата на ваков мизерен Интер бега (само) 4 бода.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.997
Поени од реакции
16.467
Samuel se povredil nesto vo vrsak so toa nekoj da ne znae ?
И што ако знајме, исти курац и со него и без него, која екипа дојди над два гола ни дава.
Ама јебига тренерот е крив, тој суртук првиот што беше со тројца во одбрана, овој другиот не му дојде паметот со четворица игра, стај си пет и нема мрдање. Да се знае дека екипата е од Италија.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
►Според магазинот АС претседателот на Интер,Масимо Морати по
секоја цена го сака Ласана Диара во Интер.Интер и Лас и пред 2
години беа поврзани но не се оствари таа зделка.Експертот на
меркатото од АС,Мануел Естебан изјави дека Интер е желен да го
ангажира Диара во Јануари и дека преговорите набрзо ќе започнат.



 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
Ајде не јадете бурек многу.Ќе биде подобро,ако не нешто друго барем опстанок ќе обезбедиме!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.042
Поени од реакции
116.953
►Според магазинот АС претседателот на Интер,Масимо Морати по
секоја цена го сака Ласана Диара во Интер.Интер и Лас и пред 2
години беа поврзани но не се оствари таа зделка.Експертот на
меркатото од АС,Мануел Естебан изјави дека Интер е желен да го
ангажира Диара во Јануари и дека преговорите набрзо ќе започнат.

Ако има некаква можност јас сум категорично ЗА фудбалеров, голем работник на средината на теренот кој неуморно ги пресекува противничките акции. Само не ми е верно Мурињо да го пушти бидејќи мислам дека почна да го игра во прв состав се почесто така да не ми е логично да до продаде... Којзнае, се е можно кога е во прашање Интер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom