Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
KOj igrac bre brat nemoze na klupa sto e zaneti svetec,dosta mu bese ajde na zima neka se penzionira cao arividerci,stankovic po nego........ajde goni gi veke nemat sila da tr4at,tehnika uste pomalce,koskite im se raspagat veke a sakat fudbal da igrat ajde neka se gonat u tri lepi pi4ke materine
И јас да бидам тренер немам срце да го ставам капитенот на клупа,така да ни еден тренер нема сили да го стави! Не е фер спрема него јбг,не се фаќајте за него бидејки него кај и да го ставиш ке игра.Проблемите се во Гасперини,да играа од прва минута Оби и Алварез на местата на Станкович и Камби ке беше друга работа,највеќе во моментов ни одговара 4-3-1-2 и за нас е како измислена! Цезар,Џонатан,Самуел,Лусио,Нагатомо,Занети,Оби,Алварез,Снајдер,Форлан и Пацини или па Занети да иде на бек а Камби да биде во средина на негово место бидејки вака многу ке бидеме офанзивни и против појаки екипи ке им биде полесно за контри!
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Изјавата после мечот на Гасперини ти е 100% копи-пејст на гомнава што ги јадеше Бени.

Алварез нека игра пред Станкович секогаш, Оби нека игра пред нагатоко, ама за Камби уште немаме замена. Нема Интер деструктивец, Поли не го рачунам како некое си засилување, ни Кучка па ни никој друг во тимот. Оби, Снајдер, Алварез и Камби во една нормална формација ти е сосема солиден среден ред, ама ајде, ќе видиме дали ке научи од грешките Гасперини или не.
--- надополнето: Sep 12, 2011 1:36 PM ---
Исфрустриран сум уште од вчера у пм .
Нагатомо , Занети , Станкович и Камбијасо фала ви за се што направивте до сега ама нејќам очи да ви видам веќе . Знам дека не е можно ова ама 100 години ги гледам у први 11 , дали на некој друг му здосадија или само на мене ??
Нека почнат да играат Оби , Алварез , Кутњо и Поли .
Стварно веќе одбивни ми стануваат , стварно
Nagatoko e zver!!!!

Тоа што викаш, и мене одбивни ми стануваат. Колку го сакам Деки, ама се мисли дека енедопирлив во тимот, па и голот он почна да го слави како он да го дал или пак асистирал...

Занети ко Занети, се уморив за него да зборам.

Камби е добар деструктивец, нека игра со нормална средина Гасперини, подобро ке игра и Камби, а вака во тој среден ред со 2 бекови, 1 деструктивец и еден Деки кого кур за ништо не го боли, и Меси да го ставиш пак ништо не прави.

Еден вчера го читав на фиф, и вика ’’имаме одбрана од 3 играчи, кои заедно прават над 100 години’’... Tрагично е ова :D

Нема бе дисциплина во тимот, ја нема. Тоа што го имаме е желбата на младите да играат, затоа и одма се приметува кога ке влезе некој. Нагатомо мисли дека освоил и он триплета, па кога јадев јас тука дека за ништо не го бива вие за будала ме праевте. Тој можеби навистина за најсилен негов атрибут го има one-on-one, ама и тоа му е за никаде, па сега рачунај како е во другите работи. Ниеден центаршут не упате, зеро. Еднаш проба да издрбла еден играч и тоа, a la messi x 1000 му влезе онака чудно од внатрешна страна... Колку бев напумпан после натпреварот да пишам 10 страни со критики за него и Џонатан, овој Џонатан се изваде во второ полувреме, а нагатоко го тргнаа. Ај што не го сфаќам Гасп кога го игра Снајдер крило, океј тоа. Ама нагатоко да го играш во среден ред бе, и притоа да нема никакво фајде од тоа, тоа не можам.

Мислам Син рече дека најмал проблем ни е позицијата на Снајдер, додуша да, ама така се берат проблемите: позицијата на снајдер, позицијата на зарате, позицијата на нагатоко, на занети, на деки... И гледаш 11 души кои поима немаат што треба да прават.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
П.С. дали се сеќавате на соло акцијата на Оби на резултат 2-2 кога помина 3-4 противнички играчи и излезе сам пред голот на Палермо ??...тоа ти е играч без искуство,се плашеше да шутни !
Не би рекол дека се плашеше да шутне, туку не беше сигурен во себе а и воопшто го нема оној инстинкт на напаѓач а тука е и искуството. Откако го помина последниот играч требаше да оди во десно за играчот позади него да не може да го изблокира, тука ја направи грешката, или можеше да шутира уште кога го помина али таму не беше сигурен во себе дека може добро да ја шутне и се одлучи за најлошата варијанта, да оди на лево и со тоа да изгуби чекор и да биде изблокиран.
Сепак, она што го направи, Деки и Станковиќ може да сонуваат а може не се ни сеќаваат кога имале таков пробив последен пат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Него имаше најава од Syn дека ќе се оди на мечот Интер - Рома, па една недела има до мечот(неполна една недела), па ќе се оди или да?:)
За со Рома ќе одат најверојатно неколку луѓе, а организирано за сите од фан клубот би требало со Јуве, како поинтересна утакмица :)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Значи овај главучов од тренер ни наш, на 14 од вкупно 11 играчи му даде задача да не играат на природна позиција, што сакате фазла.

Друга работа. Со оглед дека одбраната ни е 100+ години, во НИКОЈ СЛУЧАЈ не смеј да игра со тројца одбрана. Зошто? Оти од тројцата ГАРАНТ еден се заборава да напрај офсајд стапица(пошо вејче од годините сенилни станува), и тоа вчера се покажа во еден куп наврати.

Трето, ДАЈ БОЖЕ да изгубиме со 5-6 комада од Рома, и да не го гледам овај лајнаров појче.

Тим имаме и те како добар, ни фали уште тренер.
Можиме да играме две формации, во зависност од квалитетот на противникот. Јас ГАРАНТИРАМ дека ќе донесат успех. Само ајде де, нека ме стави мене Морати тренер:
Со појаки:
Цезар​
Мајкон..Ранокија...Самуел/Лусио...Занети​
Камбиасо​
Оби.....Алварез​
Снајдер​
Пацини......Форлан​

Со послаби:
Цезар​
Мајкон,,,Ранокија...Самуел/Лусио...Занети​
.............​
Оби....Алварез​
Снајдер​
Форлан(ДЕСНО)...............Зарате(ЛЕВО)​
Пацини​
Експериментална:
Цезар​
Мајкон..Ранокија...Самуел/Лусио...Занети​
Камбијасо​
Оби..........Алварес/Станкович​
Кутињо......................Снајдер​
Пацини​
Јас не знам овај главучов шо мисли... :mad:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Ја не пеер, I'm with you on Nagasaki, дечкото е просечен играч само брзина има, а ние се залетавме како да сме го решиле прашањето на лев бек за следниве 10 години.

За оваа формација со 3 потребни ни се два бекови кои ќе ораат, а ние такви немаме. Овој Џонатан за разлика од Маикон барем ги знае тие бразилските фори еден на еден, а од лево ништо повеќе од центаршут од 25 метри не може да дојде во оваа формација.

Мене уште не ми иде во глава и после едно спиење, како покрај толку дефанзивци кои плачат за четвртка, да се оди на варијанта на 3. Убаво пиша некој на италијанските сајтови, не е ова Џенова, тим без амбиции, па да се експериментира. Овде секој бод е битен.

Плаче составов за 4-3-1-2. Пошто одамна не сум играл менаџер, еве:​

Форлан - Пацини
Снајдер
Алварез - Камбиасо - Станковиќ
Занети - Самуел - Лусио - Маикон
Цезар


Резерви (не е формација, онака):

Зарате - Милито
Кутињо
Оби - Мота - Поли
Нагатомо - Киву - Ранокиа - Џонатан
Кастелаци​

Остануваат уште:
Кастињос, Мунтари, Кордоба, Орландони, Фараони, и сигурно сум заборавил уште некој...​

Што значи дека играчи имаме премногу, Мунтари мораа да го продадат, не е до нив додуша, Фараони мораше на позајмица пошто 3 утакмици нема да одигра цела сезона, Кордоба е добар за шетање со Морати.

Имаме и квантитет и квалитет, доволно да се состави екипа за највисок пласман. За жал, толку сме неподготвени што во најдобар случај ќе залади во Милано едно 10 степени во Октомври, па после ќе бркаме негатива... Прочитав дека Морати имал состанок со Гасперини сабајлево, нема ништо официјално изјавено, се шпекулира дека ќе добиел овој 3 меча фора. Јас лично сум за брза и директна интервенција на управата: или саглам формација и фудбал, или одма вратата. И со нов тренер нема ништо да изгубиме, и така и сега сме на нула.​
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.700
Поени од реакции
17.600
On ima zelba ali tie sto trebase da barat trener ne go napravija vistinskiot izbor ima vreme ali neveruvam deka ovoj nesto ke postigne ,pa duri custvuvam i strav deka i grupnata faza ls neam da ja pominame.A ovoj sto bese trener na roma sto go ispadia kako se vikase ?
Монтела или Спалети ? Спалети е мозок со него Рома го играше најубавиот фудбал во италија па ке се осудам да речам и во светот после барселона па и пред нив ( пред Гвардиола) само Спалети нема храброст за титула :)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
И јас да бидам тренер немам срце да го ставам капитенот на клупа,така да ни еден тренер нема сили да го стави! Не е фер спрема него јбг,не се фаќајте за него бидејки него кај и да го ставиш ке игра.Проблемите се во Гасперини,да играа од прва минута Оби и Алварез на местата на Станкович и Камби ке беше друга работа,највеќе во моментов ни одговара 4-3-1-2 и за нас е како измислена! Цезар,Џонатан,Самуел,Лусио,Нагатомо,Занети,Оби,Алварез,Снајдер,Форлан и Пацини или па Занети да иде на бек а Камби да биде во средина на негово место бидејки вака многу ке бидеме офанзивни и против појаки екипи ке им биде полесно за контри!
Кирца нема тука има срце неам срце . Готов е се гледа , фудбалот е јавна игра
Капело го седна Лапмард на клупа , Ферги го седна Гигс на клупа . Гледаат дека не се тоа што беа
Па досадно ми е веќе , од 2005 или која година да е у први 11 се цело време Станкович , Камбијасо , Цезар , Самуел и Занети . Мора да се менува Мора
Да не ме сватите погрешно дека се тапа играчи , не се , ама им одминуваат годините , доаѓа нова младина која треба да им ги загрози местата и веќе им ги загрозува
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Монтела или Спалети ? Спалети е мозок со него Рома го играше најубавиот фудбал во италија па ке се осудам да речам и во светот после барселона па и пред нив ( пред Гвардиола) само Спалети нема храброст за титула :)
И Мурињо изјавуваше постојано дека Рома ја имаат најдобрата средина во Калчото и дека играат одличен фудбал.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Цезар
Мајкон Лусио Самуел Нагатомо

Занети Камбијасо

Снајдер

Форлан Пацини Зарате

Тоа е тоа нека проба Гасперини со оваа формација,тоа е формацијата на специјалниот,и со оваа формација ке ни биде најдобро,ама само нека го предупредува полека полека Морати ГАСПЕРСОН :pos:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Да ја чита Гасперини темава ќе се збуни од сите можни формации и состави што му ги направивте :)
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Io Sono грешка ти е само Станкович во составот,на негово место нека игра подобро Мота или Оби бидјеки знаат многу подобро да изиграат со топка за разлика од Деки,видете дека и Милан си игра со 4-3-1-2 и си има успеси,а ние имаме мислам дури и подобри играчи за овој формат за разлика од нив!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Да ја чита Гасперини темава ќе се збуни од сите можни формации и состави што му ги направивте :)
Да ја чита може ќе научи нешто.

Грешката не е негова, на Морати и Бранка е. Имаше други слободни тренери. Тие знаеја дека Гасперини ќе ја форсира оваа формација.

Ај, белким од сето ова ќе излезе еден нов Интер. Цената ќе ја платиме, тоа е сигурно.
--- надополнето: Sep 12, 2011 2:24 PM ---
Io Sono грешка ти е само Станкович во составот,на негово место нека игра подобро Мота или Оби бидјеки знаат многу подобро да изиграат со топка за разлика од Деки,видете дека и Милан си игра со 4-3-1-2 и си има успеси,а ние имаме мислам дека дури имаме и подобро играчи за овој формат за разлика од нив!
Знам ама не ми текнува солуција за десно, Оби не игра таму. Може Занети таму а Чиву или Нагатомо лево. Во секој случај се слагам со повеќето дека само Камбиасо од старата гарда треба да е во средина зошто немаме деструктивец како него. Занети знам дека ќе го турат некаде, ако треба и Цезар ќе излезе.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.661
Поени од реакции
7.307
Мурињо Мурињо викаше дека Гасперини е еден од најдобрите тренери во Италија и дека често мења тактики али вчера ни буква од тоа мењање тактика немаше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom