Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.546
Поени од реакции
7.085
Бене напиша артикл за ФФП-то... сега останува уште Syn да напише артикл за квалитетите на Рафа... па после ќе му дадеме на Џони Вајсмилер во еден артикл да ни објасни зошто Интер и оваа година ќе освои тројна круна :)
Само моли бога Деко да не ја отвори новата тема, после ќе штракаме тука мислења како ненормални само за да ја завршиме :)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Леле Јосоно реферат ми напишал не дава два реда критика за Морати да се напише а колку време сум на форумов прв пат да напишам критика за Морати секогаш сум го фалел.
Многу емоција си удрил семејна атмосвера плачење уште скара да си напишел дека организират еднаш месечно .

Нема ништо лошо дека се Хепи Фемили но ти пишав дека најголемите миленици му забиле нож во грб.За метеросексуалци имаме и ние да не ти покажам неколку слики косата да ти се крене.
Дај бе брат слики да се насмееме малце жити се
 
Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.687
Поени од реакции
7.364
Дрн дрн, труч труч, зев зев...

Се разбира дека посакуваме повеќе, мене лично ми е многу жал што заради ваквата ситуација пропуштивме играч како Санчез и што не можевме да го ангажираме Боаш, ама тоа е тоа.

..
Нека собере искуство во Лш со Челзи, после ќе го избрка Абрамович и ние ќе си го прибериме исто како со Мур. :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Бене напиша артикл за ФФП-то... сега останува уште Syn да напише артикл за квалитетите на Рафа... па после ќе му дадеме на Џони Вајсмилер во еден артикл да ни објасни зошто Интер и оваа година ќе освои тројна круна :)
Ехее, колку ги пишуваше до Октомври, изгледа си пропуштил нешто :)

Џони ју ар некст :pos:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.690
Поени од реакции
59.858
Леле Јосоно реферат ми напишал не дава два реда критика за Морати да се напише а колку време сум на форумов прв пат да напишам критика за Морати секогаш сум го фалел.
Многу емоција си удрил семејна атмосвера плачење уште скара да си напишел дека организират еднаш месечно .

Нема ништо лошо дека се Хепи Фемили но ти пишав дека најголемите миленици му забиле нож во грб.За метеросексуалци имаме и ние да не ти покажам неколку слики косата да ти се крене.
Јас колку што сум во тек секое сабајле кркаат, не еднаш месечно :)
Стварно, тон изјави има во последниве 10-ина години за Морати, од луѓе кои веќе не се дел од клубот, и сите се исти и сите ја отсликуваат истата атмосфера. Истата што се гледа на сликата погоре :) Ние, иако сме клуб од оние поимашните да речам, не сме клуб во кој фудбалерите доаѓаат на тренинг со поршеата, го одработуваат, си ја местат фризурата и секој по свое, до идниот тренинг. Не, ние сме клуб во кој Станковиќ одеше кај Пандев во инспекција да види што се има овој во фрижидерот, за после да дава изјави како бил презадоволен. Ние сме хепи фемили и тоа е она убавото. Ако станеме светнат, изгланцан тим од типот на некои, ја идам во пензија.

Иначе ништо лошо не мислев со рефератот онака досадно па се распишував... види, ние сите некогаш викаме Уааа по Морати од пуста желба за нешто повеќе, никому не му е право ова со ФФП-то и се разбира дека сите сакавме да се направи уште посилен тим кој ќе доминира. Ама вака кога си пишуваме поприбрано (заврши преодниот рок, алелуја) мора да сме свесни дека Морати има најубав преглед на ситуацијата и сигурно прави најмногу што може.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Не чини да си премногу добар.
Па да донекаде си во право,но зависи тоа од личноста со која си добар.
НЕЈСЕ (у стил на Деко и Syn) Moрати е таков тип на човек,на секој што е дел од Интер сака да му удоволи,едноставно човекот е преголем џентлмен и не можеме да го промениме,а искрено јас не би променил ниту влакно од него,подобар претседател од него и да бараме,не можеме да најдеме.
Се надевам син му ќе го замени достојно и ќе носи уште титули во Интер,а играчите ќе продолжат да бидат она што се моментално,една голема среќна ПЛАВО-ЦРНА ФАМИЛИЈА !
 
Види сеа, таа дарежливост го примора сега да ги продава главните играчи, односно да се ослободува од играчи кои земаат преголема плата на сметка на оние кои немаат што да бараат во Интер а земаат плата, а нашиот претседател не може туку така да ги избрка.
Па само еден Кордоба не чини 6,5 милиони годишно, играч што нема одиграно добар натпревар 3 години.
Ако гледаме од страната што ја презентираше ИОсоно, топ, но фудбалот стана бизнис, а во бизнисот нема да преживееш со зголемување на сите платите и со преценување на своите играчи.
Не знам колку знаете, но доколку Снајдер отидеше во Манчестер Ј. тогаш ќе требаше да зема помала плата од оваа во Интер. Таму има одредена големина на плата која што играчот мора да ја зема, кај нас лесно се стигаше до 10 милиони.

Кога веќе го видовте артиклот за ФФП, мене само едно нешто не ми е јасно во целиот тој напис на КДС. Ако еве, Балотели си замина, го земавме Форлан кој ќе зема околу 3,5 милиони годишно нето, или според логиката на КДС 7 милиони бруто. Една плата се побива со друга, и добиваме статус кво. (Освен платите на Ибра, Ето, Мурињо, според тие податоци од КДС, што се многу малку за да се донесе добар заклучок, мене ми изгледа дека само намалувале без да ги земат во предвид новите плати, иако навистина се ослободивме од многу играчи кои го цицаа Интер)
 
hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Остајте го Морати, ја вака би играл 3-4-3, со тоа што Снајдер малку понапред и по офанзини задачи, а Камбиасо по дефанзивни.
formation.png
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.690
Поени од реакции
59.858
Затоа пишав дека Морати собра многу искуство годиниве, не го споредувајте периодот во кој можеше да се прави што сака, со овој. Сега се други услови и се прилагодуваме.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Кога веќе го видовте артиклот за ФФП, мене само едно нешто не ми е јасно во целиот тој напис на КДС. Ако еве, Балотели си замина, го земавме Форлан кој ќе зема околу 3,5 милиони годишно нето, или според логиката на КДС 7 милиони бруто. Една плата се побива со друга, и добиваме статус кво. (Освен платите на Ибра, Ето, Мурињо, според тие податоци од КДС, што се многу малку за да се донесе добар заклучок, мене ми изгледа дека само намалувале без да ги земат во предвид новите плати, иако навистина се ослободивме од многу играчи кои го цицаа Интер)
Па ваљда сакале да престават финансиски резултати по година. Форлан, би влегол по некоја логика во расходите за следната година и платата и амортизација. Мада се слагам дека бројкиве се извадени онака. На пример за оваа година воопшто не се спомнати Пацини и Ранокија како расходи посебно за амортизацијата, пошо мислам дека немаат големи плати. Они само го спомнуваат тоа што сме го имале како приход, а не тоа што го трошиме. Плус и за следната година коа нели ова ФФП почнува ќе треба и треба да се пресметуваат и трансфериве од оваа година( Рики, Форлан, Зарате платата, Џонатан). А и плус они си ги земаат приходите шо ги има клубот како фиксни. Еве оваа година би требало да земеме помалку пари од тв-права на пример. Исто и од награди и тв- права од ЛШ. А и не се знае како работел тимот на други полиња годинава.

А и искрено не знам што се секирате за ова ФФП. Самото правло е така направено,за сопствеиците што сакаат да го осамостојат клубот од својот бизнис да го направат тоа по некои општи регулативи, а оние што сакаат да продолжат да инвестираат во фудбалот да продолжат да го прават тоа али не на штета на клубовите. Ако Морати тргнал да ги исполнува условите, тогаш ќе ги исполни. И тоа не зашто некој ќе го натера, туку зошто и самиот сака. Во вакви економски услови и во години кога и Сарас му има проблеми сигурно неќе да има и клуб со огромен дефицит на врат. Да ја имаше состојбата од пред 10ина години, ја сум убеден дека уште ќе фрлаше пари за клубот и уште ќе купуваше ѕвезди.
Плус и ова ќе испадне подобро за самиот клуб. Колку побрзо клубот ќе престане да биде зависен од туѓ бизнис и ќе биде модерно организиран и self-sufficient, толку подобро и за нас и за Морати. Така да нека си тера, добра работа прави на тоа поле.
Дури и некој клуб да не ги исполни тие break-evan барања на ФФП, да не мислите дека Уефа ќе избрка некое големо име од европските натреварувања? Доволно е само еден европски гигант да потегне иницијатива да се создаде лига што не е под капа на Уефа и ќе видите како ќе избегнуваат правила. Ова правило постои зашо клубовите го прифаќаат а не зошо некој им го наложил. Плус има и noble идеја, да не се ставаат клубовите под огромен долг и приватни бизнисмени да не ги влечат надолу со нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom