Абе, кога изнесував желби тука за напаѓач во ротација ми се чудеа на изборот. Као демек играчи како Нзола и Бето не биле доволно добри. Изборот беше Бето и Нзола пред Скамака и Балогун чисто зашто бев реален и не верував дека ќе донесат играч со потенцијал или звучно име.
Само да споредиме сумите платени за напаѓачи летово со овие 10 милиони за Арнаутовиќ. Чисто да видите какви одлуки донесоа "тие двајцата":
Икарди во Галатасарај за 10 мил. (30 години)
Ретеги во Џенова за 12 мил. (24 години)
Хименез во Фулам за 6.5 мил. (32 години)
Артур Кабрал во Бенфика за 20 мил. (25 години)
Сорлот од Сосидедад во Виљареал за 10 мил. (27 години)
Нзола од Специја во Фиорентина за 12 мил. (26 години)
Можете колку сакате оправдувања на Марота и Аусилио да им најдете за добрите потези во минатото, ама ова лето се невиден фејл.
Едино Фратези и Сомер се достојни засилувања за Интер, се друго е "дај боже да му тргне во Интер".
А тоа што младите ги даваат за ситниш и се носат старци е уште еден доказ дека немаат визија.
Па земи остави го Еспозито на клупа место да го носиш Арнаутовиќ ако нема пари. Па тој беше на клупа пред 2 години кај Конте. Зашто да не е доволно добар и сега?
А и вчера додека гледав Реал Мадрид сфатив уствари дека вториот голман (моментално стартер заради повредата на Куртоа) на Реал Мадрид е трет во Украина.
Нас првиот не ни беше доволно добар за 10-15 милиони.
