Со ова само го потврдуваш она што го зборев после мечот со Салернитана.
Вината за состјбата и резултатите во лигата мора да се препише и на играчите а не само на Инзаги и неговиот "лузерски менталитет"
Против Салернитана, а и остлаи такви слаби екипо, да се залагаа бар пола од она што го изиграа вчера, сега ќе бевме минимум 6-8 бода плус.
Тактичката поставеност и замените синојќа беа исти како и секоја друга утакмица а ние гледавме комплетно различен Интер.
За жал тој Push up кај играчите увек доаѓа од тренерот, во некоја фудбалска/спортска утопија играчите под дифолт секогаш мотивирано ќе излагаа на терен без разлика на противник ама во реалноста за жал работите не функционираат баш така.
Еве конкретно Лукаку, Виери пред некој ден вика дека не можеш да го кривиш играчот што е у вакво стање, туку тие што го тренираат, и збореше од негова перспектива ко фудбалер. Ти доаѓа прв пат у тим, пред 3-4 години, го глеаш у какво стање е, од прв ден креираш тренинг програма и начин на исхрана кој ќе му помогне, епилогот сите знаеме каков беше, Лукаку беше едена од подобрите 9ки на светско ниво тој период, ко од шала влагаше во топ 5 напаѓачи во тој момент и 2 години по ред држеше константно високо ниво на фудбал.
Сега ти доаѓа пак у лошо стање, и ментално и физички, ти година дена уште не можеш да издејствуваш да може да издржи 90 мин на терен, а е профил на играч кој според Виери секоја текма скоро треба да ја игра од почеток до крај, и да биде менуван само кога натпреварите веќе ќе се решени. Ако еднаш успеало тоа. ќе успее уште еднаш, ама сеа Интер нема прав пристап со него.
Демек Лукаку не е свесен на што е сеа, а на што бил во истиов овој тим, свесен е дека е тродупло послаб од пред 2 години, ама со фудбалериве така е увек, ги третираш ко мали деца у спротивно се ко куче пуштено од ланец, сами од себе нит ќе се мотивираат како екипа нит па физички ќе бидат супер спремни под дифолт да гризаат цела текма без проблем. У спротивно, тренерската позиција и немаше да има големо значење, вака све тоа ти доаѓа од тренерот и оние кои се негови соработници, дали е мотивација дали е физичка спремност и слично.
Конкретно за мотивација, истиот проблем и со Спалети го имавме, не сите тренери се и добри мотиватори и обично таквите и ретко имаат успеси во фудбалот, односно константност во добрите резултати иако имаат добри фудбалски филозофии и размислувања, инцидентни сезони им се дешаваат еднаш до 2 пати у кариера и тоа е тоа, ко Спалети што конечно прв пат у кариера ќе освои сеа голем трофеј. Реално тоа е една од најбитните карактеристики на еден тренер, 2010 една од причините зашто освоивме све беше и таа, играчите беа спремни да умрат за Мурџо таа година, за да после им дојде Рафа па општо им се умираше и не им се живееше више на истите оние кои го покорија светот неколку месеци претходно.
Ама пак ќе кажам, Инзаги имаше 100 прилики да го крене тимов оваа сезона, ова од вчера му е 100 и прва, се извади и добар резултат со Барса гости, се победи Наполи кои прв пат изгубија оваа сезона, се тепаше Милан и куп и Лига, се елиминираше Порто од ЛШ, и никако тоа да му е ветер у грб, еве му нова прилика не само да ни ја спаси колку толку сезонава ама и да си го спаси тренерското место. Ова ако не го искористиш немаш што поише да бараш у ваков тим, некад една прилика ќе ти се укаже и тоа е тоа, овој 200 има и ова му е последен воз за било што големо у кариера.