Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
10.094
Нема многу да се најадеме леб од Лаутаро Лукаку Дибала ако го продадеме Шкринијар, посебно ако Де Фрај ни достави уште една сезона како оваа. Сме имале и порано атомска навала, без коска одбрана џабе е. И со овој напад што го имавме годинава, таков никаков, пак дадовме убедливо најмногу голови во лигата ама не ја освоивме. А да примевме само неколку гола помалку ќе ја освоевме лесно.
Исто ќе беше и ако дадевме некој гол повеќе, поготово против Џенова и Болоња, каде нападов не постоеше, а знаеме што прави Лукаку против такви куротресини од играчи у одбрана.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Од друга страна, не знам дали имам пишано тука на форумов (ме мрзи да вртам страни наназад) ама мислам дека Лукаку нема да биде ниту близу од тоа што беше во сезоната кога бевме шампиони. Притисокот врз него и очекувањата ќе се многу поголеми, а некако и побрзи сме во напад со Инзаги отколку со Конте па така мислам дека комбинацијата Лаутаро+Дибала+Кореа е одлична за нас а и гледам по социјални мрежи и приватно добро стојат овие играчи па хемијата би била многу поголема. Доаѓањето на Лукаку може само да го растури ова со оглед на тоа дека ќе е тешко да се одлучи Инзаги за кој да игра во случај на 3-5-2 а ниту еден од овие не би му годело да биде вечна замена.
Истотака и мотивацијата кај него и желбата повторно да се докаже во клубов и лигава ќе биде многу поголема. Згреши Лукаку лани лето и сега треба да се оправда, да се извини а најдобар начин за тоа е да трпа голови.

Ако сме побрзи, нема некоја разлика, чим еден Џеко што му требаат 2 минути да се намести да прими и подаде функционираше некои 7-8 месеци, за Лукаку нема гајле. Инзаги е изгорен за него и очигледно знае што ќе праи.

Аргентинското трио е шминкерско трио и таквите нема да функционираат на утакмици како таа со Џенова или слични коа треба некое говедо сам да ги разнесе. Не ме јеби Кореа лингурот е само за фотосесии, што побрзо се отарасиме од него тоа подобро, бар малце да вратиме од парите што ги фрливме за него.

Тројка од Дибала, Лукаку и Лаутаро у состаав во формација со 2 напаѓачи е изводливо само ако се ротираат Дибала и Лаутаро како што овој вториов праеше со Санчез во првата сезона коа дое Алексис. Ама сеа во овој момент Лаутаро има и што да каже со оглед на тоа што ја заврши сезоната како најдобар стрелец на тимов и ваљда нема намера пак да се мења. Од друга страна верувам дека е правено муабет и со него на темава пошто одби да биде продаден летово и ваљда се има согласено на се што му е кажано. Од трета страна па и Дибала не е некој многу константен играч па да речеш ќе биде бетон прва постава и ќе ги игра сите утакмици по 90.

Али све ова што ќе го имаме не ме дразни ич со оглед на тоа што Шкринијар ќе си иде, така да, кур ме боли, што сакаат нека праат.

Промена на формација заборавете и не кур го ставајте тоа како главна тема пошто едноставно нема да се случи, нема никакви индиции за такво нешто, Инзаги никад не играл такво нешто, 4312 формација веќе никој на светов не игра.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
150
Поени од реакции
96
Согласен со Џонтра во врска со тоа дека би можел да смени формација.
Човекот со години фура таков стил на игра.

Спласнаа шпекулациите за продажба на Бастони сега се се врти околу Миланчо, и на крај тоа ке биде Лаутаро. Ако е за верување овој Педула, Тотенхем го бара и дури се расфрла со цифри(90 милиони).

Значи и да дојдат Лукаку и Дибала пак ке треба се бара уште еден напаѓач со оглед на тоа дека ке си оди и Санчез.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Немојте да ги ставате Кореа и Лукаку во иста реченица.
Лукаку е класа, има да ги гази селските екипи во лигава. Лукаку ни гарантира титула.
Комбинација од Лаутаро, Дибала и Лаутаро беше нешто незамисливо, а сега е реалност.
Кореа е ок за ротација, Џеко и Санчез би било идеално да заминат.

Марота малку ги подгреа надежите со последната изјава дека Интер повторно ќе има конкурентен тим.

Ако го продадат Миланчо, ќе има големо разочарување кај нас.
Ако го заменат со Бремер + Миленкович мислам дека нема толку да изгубиме на квалитет ама губиме еден лојален играч кој требаше да биде и идниот капитен.
Наводно одбиваме 90м за Лаутаро што е добар знак дека нема по секоја цена да продаваме макар и за добра понуда.

Долго е летото, ама многу работи кај нас ќе се знаат до крајот на Јуни.
До тогаш ке си фантазираме кој доаѓа а кој заминува.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.193
Поени од реакции
46.409
После ланското меркато не би да предвидувам што и како со сигурност, али ако дебатираме о она што се пишува, епилогот од тие најави е дека Интер ќе е (многу) посилен од оној ланскиот, односно, ќе има 3 класи подобар напад, и ќе се пополнат дупките бочно и во средина каде имавме огромен недостаток на алтернативни решенија што лани не осакати во клучниот дел од сезоната кога имавме згуснат распоред, со супер куп, куп, ЛШ и серија А.

Одбраната ќе е послаба тоа е неспорно тука нема никаква дебата, пишав колку е лошо кога растураш ваков тандем у одбрана периодот кога се разговараше за продажба на Бастони, ама како тим би биле многу посилни од оној ланскиот што заврши на второ место, само Дибала и Лукаку ти го креваат нивото драстично, останатите се само бонус.

Имајте у предвид дека ова го говорам во ситуација кога сум свесен дека едноставно мора да направат одреден капитал гејн ради ситуацијата у каква што сме поради сопствениците, така да споредбено со минатото лето кога немавме пари ни за квалитетни алтернативи, моменталното губење на Шкринијар за мене конкретно со реализација на најавите за нови играчи е вадење буквално на максимум што тешко дека друт технички директор би го изнудил кај нас. Односно Марота со оглед на ситуацијата у Интер, би завршил маестрална работа така да само се повторувам и од лани кога реков цела среќа што покрај кинезиве мртви барем Марота е сеуште тука.

Сентиментално и имплусивно се реагира ради словакот, разбирливо, ја со ова се соочив одамна дека губиме уште една ѕвезда и тоа во ниту едно сценарио во глава не ми се вртеше и Лукаку. За ланското лето да не се повтарам, убеден бев дека нема да ми достави тимов скудето и не гледав како е тоа можно со такво комбо од удари кое го доживеа клубов, ама АКО се реализираат најавите за нови играчи, цврсто верувам дека клубот повторно може да биде шампион. Точно е дека лани малце фалеше да бидат прваци, ама тоа немање на алтернативни играчи, лимитиран напад полн со неквалитет и играч во години, не кошташе губење на многу битни бодови во периодот од сезоната кога и заморот си игра улога, со најавите за алтернативни решенија во средина и бочно, плус 3 квалитетни опции напред, тој проблем Инзаги нема да го има.

Али отом потом, едно се најави друго е она што се кува позади големата завеса, поучен од ланското меркато не би се летал пред време да не ни додје уште некое непријатно изненадување, секако рамнодушно гледам на ствариве сеа, чим го преживеав некако она од лани плус фактот што изгубивме на крај титула, сеа ова све ми е пичкин дим најискрено. Да не си фантазираме, подобро ќе биде да се соочиме со реалноста дека све додека кинезите се тука ќе трпиме одредени удари бар у блиска иднина и ќе се надеваме на способноста на Марота да ги оправа нештата и да му достави на тренерот повторно тим кадарен ако ништо друго барем за голем успех во Италија, ЛШ секако е нереално сценарио моментално за било што освен пролаз у групи.

п.с. Аслани и Агуме, различен профил на играчи се ова, првиов заедно со ерменецот ќе се тука место Барела и Хакан, кај ќе ти го даде Агуме оној гол на Аслани против Интер на Меаца, вториов е подефанзивно ориентиран и со оглед на незаменливоста на Броз у системов, најдобро ќе биде повторно да се даде некаде на позајмица, можно е Емполи, заедно со Сатријано.

п.п.с. @Filip Telford Ако Инзаги ги има на располагање Лаутаро, Лукаку и Дибала, ќе мора да менува формација (што не значи дека ќе се ослободува од тројката назад) нема шанса еден од овие да е со статус на ротација, може први неколку кола ама цела сезона тешко. Ако си оди Лаутаро тогаш 100% си останува на 352.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
10.094
Па јас колку што пратам се споменува некоја сума од околу 15 милиони за Аслани.
Ако ова е точно, зарем ќе успеат да го продадат Агуме за повеќе од ова без некоја формула со бонуси и десетгодишна позајмица?
Теоретски, Аслани ќе не кошта 4М следниве 2 години и после тоа откуп од 10М.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.936
Поени од реакции
23.744
Ако не го добиеме Дибала, а притоа го изгубиме Шкриниар на сметка на Лукаку, ќе биде полошо меркато од минатата сезона. :)

Очигледно е дека немаат никакви посебни амбиции кинезиве и секој ден одминат како газди на Интер е се полошо за иднината на клубот. На овој начин Интер ќе живурка и веројатно ќе биде топ 4 редовно, ама таков е и Дортмунд а никако не сакам Интер да биде налик Дортмунд.
Шкриниар, Барела, Брозо, Бастони, Думфриз и Лаутаро треба да се основата за билдање на тимот и секое продавање на еден од овие ќе значи чекор назад без разлика која е нивната замена. Тие муабети за полесно е да се замени одбранбен отколку напаѓач нека си ги пикнат во гз. Ќе имаше смисла ако беше тоа ДеФрај. За Шкриниар тешко дека ќе се најде замена, особено знаејќи ја финансиската ситуација во клубот.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Сеа ќе се откажат од Дибала пошто ги изненади потегот на Лукаку а иначе гарантирам дека беше планиран само Дибала да се земе уз некој ко Скамака и слична боранија за кого секако ќе требаше да се продадат Шкринијар и Џанго.
Ако по некоја случајност покрај Лукаку го земат и Дибала ондак глава ставам дека Лаутаро ќе лета. Теорија нема такво трио да остане у напад со оваа политика на плати и цени.

Сеа Урко ќе спинува со Блеки и Бремер како тоа се достојни замени за Шкринијар. Србинот ајде игра десно у 3ка ама Бремер ко што знам е централен, а таму е Де Фрај. А сите тројца се послаби играчи од Миланчо.
Не кур ме замарајте сеа со таа статистика што кружи низ интернетот како Бремер има боље бројки од Миланче. Едно е да играш у тим каде на утакмица јадеш 100 напади од противниците а друго е 10.

Очигледна е веќе политиката на кинезите да се продава све за кое ќе дојде јака понуда.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.343
Поени од реакции
11.765
Бремер може да го замене ДеФрај, не и Шкринијар.
На крајот ќе го стопат Миланчо, ќе донесат некоја Кореа замена на негово место, а во нападот или само Лукаку, или Лукаку + Дибала ама ќе лета Лаутаро.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Што има врска Дибала со Лукаку?

Трансферот на Дибала е на стендбај само заради Кореа/Санчез/Џеко, еден од овие тројцата мора да го напушти Интер за да го потпишеме Дибала.

Се си мислам дека Кореа ќе биде тој што ќе го увалат некаде, Санчез има уште една година можно е да заебава освен ако не добие некоја добра понуда.

пс. И Марота денеска на едно интервју педерски призна дека можно е Скриниар да го шитнеме. имаше изјава од типот дека во денешен фудбал било потешко да се замени добар напаѓач од одбрамбен играч...
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.911
Поени од реакции
17.856
Глуп сум не дека не, ама мене и понатаму не ми е јасно како Интер мора да ги пегла книгите, а ѓубретариве и Милан не?

Одиме понатаму, кажано е сто пати овде, подобро де Фрај и Дамфриз, ако баш мора да си оди. Го обожавам Блеки Миленковиќ, ама и десет пати да го доведе, нема да ми ја скрие разочараноста ако си оди Шкрињар.

За нападот кога е во прашање Дибала, мислам дека не би ме изненадило ако си оди Џеко, секако Арапите и Американците може да го платат, прашање е дали тој ке сака да си оди. Се сложувам и за Кореја дека ке си оди попрво, него оној чилеанскиот фелер.

Како и да е само да не си оди Шкрињар, да им ебам се на транвеститиве жолти.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.630
Поени од реакции
59.546
Ми изгледа дека ќе го вратат Лукаку а од Дибала се имаат откажано.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.193
Поени од реакции
46.409
Ми изгледа дека ќе го вратат Лукаку а од Дибала се имаат откажано.
Ова би било нетипичен блам од Марота, зашто со Дибала ја реди уште пред да заврши сезонава, не верувам така да го извиси агентот до сега не памтам дека така се поставил спрема одреден играч односно агент. Лукаку уште од Јануари сакал да се врати тука и инсистирал тоа да се деси во Јануари, така да не верувам дека ко гром од ведро небо им дојде и приликата да се носи Лукаку.

Не памтам дека до сега еден агент кажал лош збор за Марота така да ова би било прв случај вака да поебе еден играч и тимот кој го застапува, една од причините зашто Марота е име во овој свет е баш таа, има одлична репутација помеѓу оние кои ги застапуваат фудбалерите, а овие на Дибала утре ќе имаат и друго јако име кое би го застапувале пример, дали тогаш би сакале пак нешто со Марота или Интер?

Ќе видиме ајде, мене искрено многу чудна ќе ми е таквата постапка на Интер со Марота, а што се однесува на диловите, никогаш у пакет не сме договориле 2 јаки трансфера, прво се иде на финализирање на еден, па друг, па трет, без разлика дали станува збор за јако име или за Беланова или Аслани. Плус, Дибала до крај на месец е играч на јуве. Једино да речеш, кинезот нешто го поебал aли па у таква ситуација ќе го изгубиме и него ко што си отиде од јуве, али сеа за сеа ништо не налага на такво нешто, во меѓувреме треба и да се ослободиме од пар непотребни играчи плус најавата за заминување на Шкринијар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom