После ланското меркато не би да предвидувам што и како со сигурност, али ако дебатираме о она што се пишува, епилогот од тие најави е дека Интер ќе е (многу) посилен од оној ланскиот, односно, ќе има 3 класи подобар напад, и ќе се пополнат дупките бочно и во средина каде имавме огромен недостаток на алтернативни решенија што лани не осакати во клучниот дел од сезоната кога имавме згуснат распоред, со супер куп, куп, ЛШ и серија А.
Одбраната ќе е послаба тоа е неспорно тука нема никаква дебата, пишав колку е лошо кога растураш ваков тандем у одбрана периодот кога се разговараше за продажба на Бастони, ама како тим би биле многу посилни од оној ланскиот што заврши на второ место, само Дибала и Лукаку ти го креваат нивото драстично, останатите се само бонус.
Имајте у предвид дека ова го говорам во ситуација кога сум свесен дека едноставно мора да направат одреден капитал гејн ради ситуацијата у каква што сме поради сопствениците, така да споредбено со минатото лето кога немавме пари ни за квалитетни алтернативи, моменталното губење на Шкринијар за мене конкретно со реализација на најавите за нови играчи е вадење буквално на максимум што тешко дека друт технички директор би го изнудил кај нас. Односно Марота со оглед на ситуацијата у Интер, би завршил маестрална работа така да само се повторувам и од лани кога реков цела среќа што покрај кинезиве мртви барем Марота е сеуште тука.
Сентиментално и имплусивно се реагира ради словакот, разбирливо, ја со ова се соочив одамна дека губиме уште една ѕвезда и тоа во ниту едно сценарио во глава не ми се вртеше и Лукаку. За ланското лето да не се повтарам, убеден бев дека нема да ми достави тимов скудето и не гледав како е тоа можно со такво комбо од удари кое го доживеа клубов, ама АКО се реализираат најавите за нови играчи, цврсто верувам дека клубот повторно може да биде шампион. Точно е дека лани малце фалеше да бидат прваци, ама тоа немање на алтернативни играчи, лимитиран напад полн со неквалитет и играч во години, не кошташе губење на многу битни бодови во периодот од сезоната кога и заморот си игра улога, со најавите за алтернативни решенија во средина и бочно, плус 3 квалитетни опции напред, тој проблем Инзаги нема да го има.
Али отом потом, едно се најави друго е она што се кува позади големата завеса, поучен од ланското меркато не би се летал пред време да не ни додје уште некое непријатно изненадување, секако рамнодушно гледам на ствариве сеа, чим го преживеав некако она од лани плус фактот што изгубивме на крај титула, сеа ова све ми е пичкин дим најискрено. Да не си фантазираме, подобро ќе биде да се соочиме со реалноста дека све додека кинезите се тука ќе трпиме одредени удари бар у блиска иднина и ќе се надеваме на способноста на Марота да ги оправа нештата и да му достави на тренерот повторно тим кадарен ако ништо друго барем за голем успех во Италија, ЛШ секако е нереално сценарио моментално за било што освен пролаз у групи.
п.с. Аслани и Агуме, различен профил на играчи се ова, првиов заедно со ерменецот ќе се тука место Барела и Хакан, кај ќе ти го даде Агуме оној гол на Аслани против Интер на Меаца, вториов е подефанзивно ориентиран и со оглед на незаменливоста на Броз у системов, најдобро ќе биде повторно да се даде некаде на позајмица, можно е Емполи, заедно со Сатријано.
п.п.с.
@Filip Telford Ако Инзаги ги има на располагање Лаутаро, Лукаку и Дибала, ќе мора да менува формација (што не значи дека ќе се ослободува од тројката назад) нема шанса еден од овие да е со статус на ротација, може први неколку кола ама цела сезона тешко. Ако си оди Лаутаро тогаш 100% си останува на 352.