Боље вака отколку да стрепевме до крај најискрено, заслужено Милан се прваци, за мене, а верувам и за секој нормален навивач на Интер, сезона во која Интер не е шампион, а шампион е Милан или Јуве, e неуспешна, не верувам после ова денес дека било кој фан на клубов ќе е задоволен како завршува сезонава, ако некој е среќен после колово, нека се преиспита малкуцка барем.
Ова што се дешава денес беше веќе познато сценарио, нема теоретска шанса Сасуоло да им земе титула, иста утакмица ко онаа Лацио - Интер 2010 година, секој тим си има по некој ваков поданик у првенството јер Италија така да џабе ќе се паламуди како изиграле Сасуоло, титулава на Милан им е кристално чиста и заслужена.
За многу работи имаме да жалиме годинава, прво летото што ни се деси, после менаџирањето на тимот од Јануари нагоре, фактот што се '' засиливме '' со Кореа и Госенс кои имаа 0 импакт сезонава, а беа платени бајаги за наши услови со оглед на ситуацијата и пракитчно требаше да ни се главни засилувања покрај Хакан, па дербито кое го изгубивме на смешен начин и периодот што следеше потоа у првенство каде не застанавме асално на нозе до дербито со Јуве.
Пред сезона второ место може и немаше да е лошо ама откако видовме како се одвиваше сезонава, на крај можевме и многу повеќе од ова сега, така да ова не е максимумот на овој Интер, башка што првак на Италија е Милан, екипа која исто летово изгуби 2ца добри играчи, од кои еден заврши кај нас, и не е дека се засилија осетно нешто. Не смееме со ова да се задоволуваме, прво треба Сунинг да си одат летово што најверојтно и ќе биде случај бидејќи владата во Кина забрани нивни функционери да имаат имот надвор од земјата, а Жанг сениор има, договор на Инзаги ни на крај памет да им е сеа да му продужуваат па да се сјебат ко со Спалети, чекај види го и следна сезона каков ќе е, надежно со многу појак Интер. И секако, да дојдат нови газди кои ќе гарантираат стабилен проект у наредна декада, многу услови треба да се исполнат за нас летово за да сме конкурентни и следна година, све треба да почне од заминувањето на Сунинг кое молам бога да се деси што поскоро, фалам им за се али толку беше, циклусот им завршува тука.